Конвертирање од христијанство кон ислам

Дискусија во 'Религија' започната од Broken♡, 28 јануари 2026.

  1. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.650
    Допаѓања:
    26.177
    Кој знае која возраст е, прочитај ги претходните нејзини коментари.
     
  2. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.085
    Допаѓања:
    17.201
    Пол:
    Женски
    Искрено не ме интересира тоа. Мене пострашно ми е што форумов го читаат ептен млади и тоа повеќе ми е алармантно кога сме на темава.
     
    На sino.o.oka и Panda00 им се допаѓа ова.
  3. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.650
    Допаѓања:
    26.177
    Искрено, нишо посебно не кажа членката, некако као да преувеличувате.
     
  4. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.085
    Допаѓања:
    17.201
    Пол:
    Женски
    За кого како.
     
    На Panda00 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.017
    Допаѓања:
    203.134
    Не знам дали живееме на иста планета.
    Збориме за жена, што своеволно преминува во ислам, и би го нарекла радикален, скоро исто како што е радикално замонашување во христијанство.
    Многу сакам бројки, чисто за илустрација. Со 43 милиони жени во Турција, хиџаб се носи ретко. Од 1 милион муслимански жени во Америка, пола не носат. Тие се помалку муслимани или како?
    20 милиони жени во Авганистан, значи колку цела една бивша Југославија население, или колку цела Австрија и Унгарија денес- знаеш што имаат од права денес?
    Не зборам за срања, исклучоци, ниту за мормоните во Јута, ниту за сите муслимани, зборам за радикален ислам. И не се мормоните од Јута што бараат шеријат во Германија, Англија. Ама ај, пристрасни сме, од друга планета пишувам.
     
    На Gosh, Hoping, Panda00 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.650
    Допаѓања:
    26.177
    Како тоа ако почнала да величи ислам наместо христијанство е еднакво радикално ко замонашување во христијанството? Не може едноставно да живее по учењата на исламот како што било кој христијанин живее по учењето на христијанството?
    Што е муабетот сеа со хиџабот, тоа ли е проблемот? Или самата религија? Ништо не разбирам... Значи ако пола во Америка не се ништо налик на оние во Авганистан е доказ плус дека не е до религијата, само е оправдување.
    Јас лично имам пар муслимани пријатели што се ултра современи луѓе, ниту се натураат религиозно, ниту нешто посебно религиозно праат не па ли радикално. Тоа значи за мене дека самата религија не е проблем.
     
    Последна измена: 30 јануари 2026
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.017
    Допаѓања:
    203.134
    Јас не знам како поинаку да објаснам. Стануваш муслиманка, ставаш хиџаб (униформа), се придржуваш на строги верски правила. Стануваш монахиња, ставаш униформа, се придржуваш до строги верски правила. Евентуално, во вториов случај имаш период од месеци до години искушеништво, пред да се откажеш од стариот начин на живот, евентуално може и да се откажеш.
    И никаде не реков дека религијата е проблем, радикалноста е проблем. Скопје и пред 30 години имаше муслимани, ама не муџахедини со бради и жени со бурки. Со секого можам да најдам заеднички јазик, ама не со некој што одбива да соработува со мене на работа, пошто јас жена, или не со некој што одбива да се ракува на прием на државјанство, пошто жена му го дала. А со такви што бараат шеријат да важи, муслимански верски закон над правниот систем во Европа, со такви што забулуваат девојчиња од 4 години- не ме ни интересира да барам заеднички јазик, кажано е се.
     
    На Gosh, Iva:), LiquidLuna и 6 други им се допаѓа ова.
  8. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.650
    Допаѓања:
    26.177
    Секако дека секој што штети некому не треба да нè интересира, ни мене не ме интересираат, од ниту една религија всушност, како и било што останато наметнато, против моја воља, што и да е.

    Очигледно е дека секакви има, моите пријателки не носат таква униформа, напротив секогаш дотерани се, јас сум ко тинејџер у споредба со нивниот стил и изглед. Истиве не ни постат дури.
    Тоа за мене е доволно да заклучам дека може да се биде муслиман и без радикално однесување. Затоа некако многу е едноставно да се налепат претпоставки, а не ни знаеме ништо за женава.
     
    На pinklipstick му/ѝ се допаѓа ова.
  9. pinklipstick

    pinklipstick Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2025
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    585
    Пол:
    Женски
    Претерано ја нападнавте, нејзин избор е. Иако мое мислење е дека е погрешен, на крајот секој за себе одлучува и треба да се има некој основен левел на почит кон туѓите избори at least да не се навредуваат и омаловажуваат. Доволно сте возрасни после 18та да одлучувате дали вашите одлуки се добри или лоши.
    :mm:
     
    На felisitas му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.430
    Допаѓања:
    9.494
    Пол:
    Женски
    Не е туѓ избор кога ставаш шамија на глава, никогаш. Перење на мозок. Класично.

    Зошто мора да ја стави шамијата и да се потчини дека е помалку вредна од еден маж. Мажот е тој што треба да си го задржи во панталони, а не жената да се крие.

    Зошто во Иран протестираат, затоа што многу сакаат шамии да носат?

    Искрено дури загрижувачки е. Врбуваат лабилни млади жени и им перат мозок со цел ширење на ислам.

    Зошто христијанството и останатите религии не се поврзани со терористички напади, силување на жени од други религии, дозволена педофилија?

    И не треба да те вреѓа гледиштето на другите неисламизирани луѓе, туку да се размислиш дали правиш правилен избор. А гледиштето на тие луѓе, меѓу кои и јас, доаѓа од страв, ништо друго. Од реалноста и приложеното.

    Погледни во Англија што се случува. Доаѓаат од трети земји, со изговор дека е дозволено во нивната религија да имаат секс со малолетни лица, читај деца. Секој ден читам низ западот, за силување и убиства токму од тие лица.

    Што мислење да имам? Како да го сфатам и сварам ова за нормално?

    Нека разговара со жените во Авганистан и Иран, срцето на исламот, што значи таа религија. Сега е заштитена како бела мечка. Кога исламот ќе доминира, пиши пропало на феминизам, дури смешен термин, слобода и избор.
     
    На LiquidLuna, Mazegin, Panda00 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    2.913
    Пол:
    Женски
    Фасцинирана си била бидејќи не си ја познаваш верата во која си родена. Верувам дека искрено сакале да бидеш дел од нив, поради тоа што тие веруваат дека Алах ги сака само оние кои го сакаат него. Муслиманите секојдневно практикуваат џихад ( и мисионарењето е тоа ), просто така се воспитани и живеат во убедување дека е можно да се создаде Царство Божје на земјава. За нив материјалниот свет е многу битен и постојано се во обид да го прилагодат на својата вера.

    Христијанството е нешто сосема друго, се знае каде е Божјето царство , не постои потреба да се наметнува вербата во Господа Бога, кој секако ги сака сите, иако најчесто интервенира во животите на оние кои му се обраќаат со љубов и молба.

    Имам многу добра другарка муслиманка, точно ги препознавам веќе обрасците на муслиманската вера.
    Очигледно е дека мислиш дека ти било предодредено да конвертираш и очекуваш награда сега. Ти треба мала потврда од луѓе кои го имале тоа искуство. Можеби и ќе ти се јават, полека...
     
    На Iva:) му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.126
    Допаѓања:
    8.391
    Пол:
    Женски
    https://kanal5.com.mk/foto-par-beshe-javno-kamshikuvan-vo-indonezija-poradi-vonbrachen-seks/a738201

    Еве како изгледа живеење во шеријатска држава, со јавни камшикувања за вонбрачен секс и пиење алкохол.

    Тоа е исламот а не некои тралалајки што ги кажувате тука и примери на другарки што само се родени во муслимански семејства но не го практикуваат исламот.
     
    На Gosh, felisitas, asdas и 2 други им се допаѓа ова.
  13. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    2.913
    Пол:
    Женски
    Во шеријатските земји живеат според законот, но сите муслимани генерално ( со ретки исклучоци ) мисионарат на овој или оној начин...поради тоа не ми е чудно вистина да е ова што го напишала членката во воведниот пост.
     
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.017
    Допаѓања:
    203.134
    Што значи ,,мисионарат, , на овој или оној начин?
     
    На Panda00 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    2.913
    Пол:
    Женски
    Па сакаат да прејдеш во нивната вера, наметнуваат свои животни ставови, суптилно или агресивно, така се воспитани, често имаат добра намера....
     
    На eliesaab и Biljarkata им се допаѓа ова.
  16. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    5.007
    Допаѓања:
    26.225
    Пол:
    Женски
    Се родив и живеев во мултиетничка средина , и да , многумина ( чест на исклучоци ) не го практикуваат исламот ( како што наведе членката поназад ) туку се само родени во муслимански семејства . Имав колеги и колешки кои , и покрај тоа што се во брак , со деца , си шврљаа јавно со швалерки и швалери . Дури и оние со хиџаб .. Така да , како и во христијанството , така и во исламот има од " овие " и " оние " . Не ги осудувам , бидејќи никогаш не се знае што стои позади нивните одлуки .

    Факт е дека и ние не живееме сите по Божја заповед , факт е дека многу жени влегуваме гологлави во цркви и манастири ( а треба со марама ! ) итн .

    Така да , верувам дека сите сме Божји чеда , Бог сите не сака ( и Исус и Алах ) , само кога ќе станеме свесни за нашите намерни и ненамерни грешки , треба искрено да се покаеме и да бараме прошка од Бога .
     
  17. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    963
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Машки
    Да, ама Исламот учи дека мора така да биде инаку не влегуваш во рај..

    Во Христијанството ништо не мораш, само треба да веруваш, ти и без Библијата знаеш што е добро, што лошо..

    Истото го вели и Библијата, дека во секој од нас е законот и секој знае што треба да прави.

    "Но еве го заветот што ќе го склучам со израеловиот дом по оние денови, вели Господ: ќе го ставам Мојот Закон во нивната внатрешност и ќе го запишам во нивните срца; па Јас ќе бидам нивен Бог, а тие ќе бидат Мој народ."- Еремија 31:33

    "Зашто, кога паганите, кои немаат Закон, по природа го вршат она што е содржано во Законот, тогаш тие, иако немаат Закон, сами на себе се закон; тие покажуваат дека делото на Законот е запишано во нивните срца, за што сведочи и нивната совест, а и нивните мисли, кои меѓусебно се обвинуваат или се оправдуваат."-Римјаните 2:14-15

    Исто Исус многу пати кажувал колку е поважно да бидеш добар човек, да го сакаш и да му веруваш, отколку да ги следиш правилата и препораките од Светото писмо.

    "Ништо што влегува во човекот однадвор не може да го оскверни; но она што излегува од него, тоа го осквернува човекот." Марко 7 : 15

    Исто кога Исус бил распнат на крстот со двајца осудени и едниот му кажал "Сети се на мене, Господи, кога ќе дојдеш во царството Свое! А Исус му рече: Вистина ти велам: денес ќе бидеш со Мене во рајот!".
    Овој човек бил разбојник, не се крстил, не правел добри дела, не го следел законот, единствено што направил признал колку е грешен и дека тој заслужува да биде распнат, а Исус не, се покајал и само му рекол да се сети на него и Исус го спасил. Не ти треба многу да следиш закони, се гледа колку Бог нѐ сака и не сака ниту еден од нас да казни, а наше е само да му веруваме. Не е важно кога ќе му поверуваш и да е последната минута од живото добиваш да одиш во рај.
     
    На CrazyGirl15, eliesaab, pinklipstick и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Mazegin

    Mazegin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    602
    Допаѓања:
    2.424
    Марамата и не е толку грозоморна колку што е брак со малолетни девојчиња и пазарењето “невеста” уште кога ќе се роди. И не е нешто што ние го измислуваме, пример зашто мажи што не можат да се оженат бараат проводаџија да им најде жена албанка? Зашто не е босанка, србинка, гркињка? Тука е и лабилноста на жените и тоа што не сакаат да променат нешто што се накалемило години претходно.

    Друго нешто што ми падна на памет е пропагирањето на раѓање на дете дома, зашто минџелина џоли не смее да ти ја виде маж.

    Колку примери и да даваме, нема едно нешто позитивно за исламот. Срам ми е што жени ова го нормализираат.
     
    На sino.o.oka, eliesaab, ArabellaStarfall и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.650
    Допаѓања:
    26.177
    Никој не нормализира брак со малолетни девојчиња и пазарењето “невеста” уште кога ќе се роди.
     
  20. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.324
    Допаѓања:
    27.630
    Пол:
    Женски
    Исламот вели дека жената е спремна за мажење штом влезе во пубертет, затоа и девојчиња во пубертет веќе се покриваат тоа време што не им се фамилија.

    "Не е до религијата"...
    Апсолутно е. Зашто има грди и искривени учења и правила
    И ако си против такви работи, нема да почитуваш таква религија.
     
    На Miss666, Gosh и Hoping им се допаѓа ова.