Само избегнувај духовни теми, се друго си е ок....на исто поднебје исти сме, со слични маки и радости.
Као исто ти е и со христијанство, проповеда ствари као: „Жени, бидете покорни на своите мажи, како на Господа.“, „А на жената не ѝ допуштам да поучува, ниту да има власт над мажот, туку да биде тивка.“, „Ако се најде дека девојката не била девица, тогаш нека ја изведат девојката пред вратата на домот на татка ѝ, и луѓето од градот нека ја каменуваат до смрт…“, „Ако некој најде девојка, девица која не е свршена, ја фати и легне со неа… тогаш тој што легнал со неа нека му даде на татка ѝ педесет сребреници, и таа нека му биде жена.“, „Од жената започна гревот, и поради неа сите умираме.“, „Зашто мажот не е создаден за жената, туку жената за мажот.“, итн. Сè тоа треба да се искорени, ако сме целосно реални, а не селективни.
Не знам зошто упорно споредбата со христијанството ко да сакаш да кажеш "Овие поарни да не се". Не сум христијанка, не следам верски правила, не го бранам христијанството, ми е гајле некој ако збори против него. А да, и христијани кои се радикални се ужасни луѓе, мислам дека сите знаеме по неколку такви.
Мое лично мислење - жени за ислам = chickens for KFC. Не е ситуацијата само live and let live, има премногу штета од следење на ислам комплетно како што е пишано. Другарка да го направи ова сериозно ќе се загрижам за нејзината состојба и што ја повредило за до таму да замини. Да, има и паметни и едуцирани муслимани, но тие се оние кои и не се придржуваат баш на верски правила туку живеат модерно. Немам ништо против нив. Девојката што пиша ја начекале во ранлив период на животот, не ме чуди дека има такви што проповедаат и што се обидуваат да конвертираат луѓе во нивната религија за големи пари. Гледаме што се случува и по западна Европа, не е толку наивна ситуацијата. И не знам зошто се меша христијанство тука, кога разликата е огромна. Лично не сакам да сум дел од организирани религии, сакам само да верувам дека има "нешто". Но ако морам апсолутно да одберам религија, тоа ќе е христијанство по новиот завет без сомнеж. Не за џабе палат хиџаби во Иран, не си ставајте трн во здрава нога.
Прочитај го новиот завет, доволни ти се евангелијата, едно од нив, да видиш како се однесувал Исус со жените. Најдолгиот монолог даден во Библијата со кој го водел Исус е жена, на време кога жените не се сметале за соодветен соговорник и било забрането маж да разговара со жена Исус разговара со неа за теолошки теми и сите апостоли се зачудиле. И првиот човек на кој што соопштува дека е месија е токму таа жена. Кога почнале луѓето да го гледаат гревот за неверство само кај жените и сакале да каменуваат жена, Исус им кажал "Ако има некој без грев нека фрли прв", тој бил единствениот без грев и не ја каменувал сите се повлекле и и кажал "Каде се сите што ти судат, јас не ти судам оди и не греши". Исто кажал "Секој што погледнал во жена со намера да ја поседува веќе направил прељуба", јасно кажува дека е крив тој што гледа, а не дека жената го провоцира.. Кога одел кај Марта, сестра и Марија седела до Исус и го слушала како ученик, тогаш на жените им било забрането да бидат ученици, а Исус ја сметал за свој ученик. Исто Марта многу се трудела да го угости, готвела, принесувала и му се жали дека Марија не и помага во спремањето на што Исус кажал "Марто, ти се грижиш и се трудиш за многу нешта. Но само едно е потребно. Марија го избра добриот дел, кој нема да и се одземе". Секој има право да бира дали и што ќе работи и дека Марија прави добро што сака да учи. Покрај Апостолите се нагласува дека и жени го следеле Исус, кои што постојано оделе со нив.. Кога го распнале на крстот од апостолите само еден дошол, а скоро сите од жените.. Прв кој го видел по воскреснувањето и требало да разгласи на сите е жена.
Така други го затераа муабетот, вмешаа христијанство, јас барам логика, еве не ти конкретно иако се зацитиравме една со друга, ама не може некој да се праи супериорен и да исмеава друг, ако и во твојата вера што сам си ја избрал има гнасотии, што исто така поради разум и еволуирање се игнорираат, т.е. се праи cherry-picking.
Луѓе што ги проучувале религиите, за духовен мир најмногу го препорачуваат Будизмот. Инаку, пред некој ден го гледав филмов и на сите ви го препорачувам: https://www.imdb.com/title/tt7826276/?ref_=ttgf_ov_bk An undercover British journalist infiltrates the online propaganda channels of the so-called Islamic State, only to be sucked in by her recruiter. Филмот се базира на вистински настан.
Се напна со денови да го израмниш радикалниот ислам со христијанството. Колку и да повторуваш не е исто и нема да биде. Жената во ниту една христијанска земја не е потчинета и газена како што е во мнозинството муслимански земји. Мажот во ниту една христијанска земја не зима жена од 9 години, нема по 9 жени и не ги сведува жените на присилни робинки, забулени, без никакви права. Откорни се со дениви пишувајќи тука нема да ги смениш реалностите во разликите помеѓу примената на христијанството и исламот.
Според мене, исламот не е воопшто привлечен за да некој од друга вера премине во ислам. Сепак, секој си знае за себе. Сличен е со учењата на Стариот завет, кој што не ми се допаѓа бидејќи е многу радикален, да се засноваше христијанството на него, немаше да го следам. Новиот завет е нешто сосема друго. Не сакам радикални религии, екстремизам. Религијата треба да учи на мир, љубов, вистински морал. Исламот ми е некако ладна религија, а Куранот како книга без душа со дадени правила (имам почнато да го читам, немам довршено). Сепак, тоа сум само јас, ова кажувам јас како го доживувам, без лутење.
Мисли на делот Павле што го кажал на Коронтјаните и во Ефес.. Тоа биле заповеди за тие два града, за да се решат проблеми кои биле во тие градови. Јасно си кажува на почетокот "Писмо од Павле за Коринт". Инаку баш истиот Павле во Римјаните кажува дека му е Прискила соработник. И таа подучувала мажи.
Има една голема суштинска разлика. Христијанството може да го напуштиш, но не и исламот. Така што поистоветување на исламот со христијанството, во најмала рака е бизарно.
На тролот што ја отвори темата му здосади тој профил, играјте си овде сега бранители на христијанството, крстоносци. Инаку, жени од генерација на мајка ми омажени со муслимани, немаат примено ислам. Ама тие се од друго време. Народот претпочита капитализам, е така оди тоа во капитализмот, кој има пари, шири пропаганди и влијание каде ќе му ќефне, ко богатите исламисти.
Не ми се верува што прочитав. Не дека го мразам исламот, но само едно знам, Во исламот се поддржува насилството над жените, силување, педофилија и убиство. Додека Мухамед сечел глави, Исус се борел за мирот. Така да никогаш нема да прифатам да ме убеди некој дека исламот не е насилна вера. По чиста вера од христијанството нема! А за членката и нејзината одлука не би да коментирам, секој си е одговорен за своите постапки, лично јас ни под било која цена не би сменила вера, ниту пак би се омажила за некој што е од спротивна вера, не сум за мешани бракови, лично јас. Пак ќе напоменам, немам против муслиманите ништо, они си се своја вера, јас ги почитувам, имам доста пријатели муслимани, се почитуваме за нивни и наши празници, ама за овие 'тешки' одлуки, не поддржувам.
Вртите сучите како сакате вие правите cherry-picking на тоа што ви одговара, а тоа што не ви се допаѓа го отфрлате. Истото можат да го направат и муслиманите по дифолт. Не го рамнам јас, прочитај го моето прво мислење во темава (на стр. 3 се наоѓа), други го вмешаа христијанството, јас само пробувам логика да најдам у некои муабети. Дека има држави у светов кај шо поради ислам девојчиња продаваат и злоставуваат има. Знаеш во кои држави најмногу се случува тоа: Авганистан, Сомалиа, Јемен, Либија, Иран, Мороко, Тунисија, итн. Знаеш што е заедничко со овие држави? Необразование и сиромаштија. Чоек муабет не може да праи, одма испаѓа дека бранам страна ако прашувам (логички) прашања, искрено курац ме заболе и за ислам и за христијанство, не ми значат ништо ни едното ни другото. ¯\_(ツ)_/¯ Да, у Авганистан. Сакаш да кажеш дека една афроамериканка од Њурјорк не може да излезе од исламот? Тоа последното ако е наменето за моите мислења, у старт да ти кажам дека не ги поистоветувам ама ич, сè што кажувам е дека ако некој стане или одамна е муслиман не значи дека по дифолт е лош човек (или дека е добар). Читни како византиските цареви сечеле глави. Како и да е, веќе ми е банален разговоров, така да само уште едно ќе кажам, наменето до членката (ако сè уште чита, јбг): Жено, сестро, ти посакувам среќа, спокој и мирен живот, се надевам дека ќе бидеш заштитена од лоши, негативни и агресивни личности и случувања, сè најдобро.