Ова е textbook парализа во сон. Затоа здрав пристап (во било која ситуација) е човек прво да се информира, да прочита, да прогугла, па и да се консултира со лекар, па потоа да носи заклучоци, а последно радикални одлуки. Не велам дека верата некому не му помага психолошки, ама здраво е човек прво да се едуцира
Се согласувам, скроз. Но ако од 5мина, 4ца ти речат демони, ѓаволи те напаѓаат, а ти си малку лит/а како што кажав, после натаму е лесно и нов Биг да ти наметнат..
Религиите ќе биде подобро да не постојат бидејќи шират лаги и го уназадуваат човештвото. Денешниот човек е неспособен да ги издвои и одбере нивните добри страни (кои се засенети и неекспонирани), туку и тоа го сфаќа погрешно, а се придржува кон лошите делови и ги следи како свој пример.
Споредба на мормони од Јута и муслимани во Авганистан е сосема коректна споредба. 80% од работите што сте ги пишале за Исламот не е како што е навистина, размислете малце за својот bias. Поголемиот дел од муслиманското население во Босна, Турција, Албанија, Косово, Индија живеат нормално, мислам, со регуларната доза на мизогинија и конзервативност како општо на Балканот или во тие предели. Многу беше точно тоа што го напиша @MissChievous, дека заедничкото нешто за радикалните муслимански држави е сиромаштија и нобразование. Колку и да звучи бејсик, тоа што властите таму го зеле Исламот и преку него направиле диктатура, не е до религијата. И воопшто не ми е целта да го бранам Исламот, но смешно ми е колку време проаѓате во докажување дека христијанството е подобро, кога не треба тоа да е тема на разговор. Ајде да збориме за тоа колку и како се манипулирани млади луѓе кои се во тежок период и им се продава идејата дека некоја религија ќе ги спаси.
Што, ако отидеш во Јута и шеташ на улица некој те знае дали си мормонка или не си и ќе те нападне? Во Јута не живеат само мормони, има и католици и протестанти и останати и нормален им е животот зашто законите се секуларни. Toa не е случај во Авганистан кој е теокрaтија. Нека оди некоја да го посeти Авганистан отскриена ако има храброст. Мормонството влијае во рамки на мормонската заедница главно, а на немормоните никој не им наложува како да живеат. Плус можеш да престанеш да посетуваш црква. Во Авганистан тешко дека жива ќе излезеш од ислам. Utah is widely considered one of the safest states in the U.S., consistently ranking in the top 10 for overall safety and low crime rates. The state boasts violent crime rates significantly below the national average. While major urban areas like Salt Lake City can experience higher crime, most of the state is safe. Afghanistan is extremely dangerous with a volatile security situation, posing a very high risk of terrorism, kidnapping, and wrongful detention, according to SafeTravel. International governments strongly advise against all travel, as borders can close without notice, and consular services are nonexistent.
Not without my daughter. Препорака за филм на темава. И не, не вреѓам ни една вера, ни еден верник, ама се што е екстремно, или нападно, не чини.
На тема конвертирање од христијанство у ислам, каде членката очигледно е врбована ( најверојатно од новиот маж ), пола од мислењата се врбовање за христијанството, кои од платеници кое од слободни слепци, али атеистите не требало да коментираат. Оки доки. И да, идете бидете христијанки кај мор(м)онине у Јута, што да не... Да немаше слобода у уставот, сите така ќе живееа у Америка. Ма да ќе видиме до кога...
Добро де, не на атеизам, туку на секуларизам, кој си има свои корени во атеизмот. Атеистите се од антиката казнувани, маргинализирани , но не се бунат зашто и онака нема кој да ги брани. П.С. Сталин студирал богословија, имал многу побожна мајка.
А, оти не можи? Сум немала тежок период? Нели то беше предуслов да се падни на пропаганда? Мислам дека има простор да се збора за емоционална лабилност и одбирање религија, ама тогаш (пак) ќе бидам поинаку сфатена. Ќе образложам надолу. И? Знам и јас де, и такви кои дошле во (православно) Христијанство. Ама верниците тогаш многу поинаква приказна пееле и го воспевале тој "вистински" избор. Истите тие се однесувале како тука во случаевите кога некои пристапиле кон Ислам или Јудеизам, па дури и кон деноминации од Христијанството како шо се мормоните, протестантите и евангелистите. Од принцип не се мешам во вервањето на друг, ама би рекла подобро од то да си роден во религија (немаш избор), е сам да си одбериш дали и во шо ќе верваш (имаш избор). Нормално имам мои набљудувања и заклучоци (и предрасуди), како то дека неверник од нигде никаде да стани ултра мега религиозен (во било која вера) - има underlying проблем. Ама то не е моја грижа и проблем најголем % од времето. Е сега шо реков ќе образложам -> Исто не гледам разлика во то некој да верва во наметната религија, или да верва во одбрана религија. На исто ниво ми се зошто одбираш да верваш, и верваш. Дури и да си роден во та религија, постои момент каде почнуваш да си свесен и да верваш, или да си свесен и да не верваш. Само шо не конвертираш де. Така да ко шо на верници на темава сум честитала празници, така ги гледам и другите верници. Јас сум чоек шо верва (лол) дека ако си фер кон другите и почитуваш нивни верувања - дека и тие треба да почитуваат твоите верувања како некој rule of thumb. Ако ти плукаш по нечии верувања, наеднаш е фер да плукаат и по твоите. Ако сметаш дека смејш критички да се поставиш кон туѓ избор за верување, фер е да очекуваш некој исто да се постави и кон тебе. Реалноста, објективното, е дека нема една точна вистина. Ама ако јас вервам дека моето е вистина и се поставам така - се е џабе. Како неверник (секогаш велам неверник, јас сум поќе накај агносгик/ незасегната, ако постои нешто - постои, ама не е за мене и неќам да клавам подлабока лепенка) сум била распнувана за моето неверување од верници од религијата во која сум била родена првично, па после и од други верници. И зошто многу рано во животот се борев со сознанието дека не припаѓам во религија, и луѓе ме напаѓале - сум напаѓала назад. И искрено не осеќам ни трошка вина. Зошто некој се меша во мојот избор и го лајнари и од таму, јас го валкам неговиот избор. Накратко, не ме гибаш, не те гибам. До толку шо, јас сум фасцинирана шо прај некој чоек да верва. Не знам во колку верски објекти имам влезено, ама не само како турист, туку да зборнам со верниците и да сфатам шо наоѓаат во овој храм, шо е то шо најмногу го сакаат за својата религија, какви традиции и обреди имаат, шо ги учеле и шо ги учат тие другите верници. Фасцинантно е ко ќе видиш 100 луѓе и карактери, шо ги мотивира и во шо верват. Барем за мене е. Од таму, стварно не ми е гајле за членкава пример. Јас ја прашав шо беше то шо ја фасцинира, зошто то ми ја задоволва љубопитноста. Кон се друго сум н е з а и н т е р е с и р а н а. Е, не ми одговори. Тое. Не сум муслиманка де, не е болка за умирање ако некој одбери свиња да не јади. Има и други деноминации (кои верници од поголеми деноминации многу слатко ги викаат "секти") кои истото ова го практикуваат ради религиски причини. Иако тука мислам дека пробваш да кажиш зошто брат е башка религија па демек не смеј? Или мислиш генерално не слават? Зошто тие шо го познавам кои се муслимани родени, па особено мешаните каде едниот партнер е конверт - баш се шо можи слават. И за крај. Јас се согласувам со многу (ако не е повеќето/сите) од ставовите кажани за Ислам и позицијата на жената. Ама ко шо кажав, нема религија шо не е про-мажи и која нема сериозни последици кон жената, само некои се "помали" последици па ете се фокусираме кон другите/"непријателот", место секој да си го среди својот двор. Малку ми е хипокритично е се. Love this.
Не зборам за лошите моменти, туку како човекот како индивидуа се справува со истиот. Можеби мотивот им е различен, начинот на верување им е различен, но верата во основа е тоа. За тоа и не ја сваќам поентата на конвертирање, вреѓање една или друга.. Генерално не слават. Не зборам од рекла казала, директен пример од многу блиско опкружување, кажувам. Да, не дојде на свадбата на брат и, и не не само во црква туку и на самата прослава. И на внуката на родендени не доаѓа. Пошто во Книгата нема спомнато прослави. Живели, стварно не знам зашто не прави.. А за свинско (тука веќе конверт во ислам, зборам), до некна шунка не оставаше во фрижидер да преноќи, сега иде и суди нечисти души. Скроз атеист сум демонке, ништо не ми смета, нек веруваат во Один, Зевс, Па и во Гринч ако сакаат. Се додека е тоа тивко во себе,без наметнување. Не идам ја со учебник во физика да тепам народ
Судејќи по коментарите атеистите се најгласни во наметнување атеизам. И тоа на неаргументиран, вербално насилен начин.
Лабилни, врбовани, слепци, уназадени, книгата по физика, попаметни сме од вас, многу сте глупи што веровате у демони
Не можам да не поддржам некој кој одбира да јади помалку месо, извини. Зато и сум толкав фан на постење во православие, скоро пола година иди без животински продукти се на се (сите пости + Среда и Петок) и зато пробвам да се најдам со листи од корисни продукти и рецепти. Проблемот во ова шо пиша е дека суди, а не дека не јади одредено месо. Па и јас пробав да се сетам на неколку примери. Ајде комшиите не ми се блиски, ама зборам за куќни пријатели, зборам за другарка која е верник и зборам за еден мешан брак. Сите слават и родендени, и свадби, и одат на родендени и свадби. Дел од нив се "површно" религиозни, дел од нив се поќе религиозни и се спремаат за пости, ако не се лажам на крај на месецов идеше. Ама во тој дел не сум видела разлика. Не знам. Ќе прашам во секој случај. Ако нешто прам е то дека си прашвам се. Ама пак, дали ќе јади свинско, дали ќе оди на веселба или не - избор е, и то ептен тривијален. Шо ми е гајле шо некој јади и слави? Зошто мора да е ко мене? Би рекла ова е најнезначајниот момент од се шо се кажа на темава.
Од мое искуство, атеистите се поокеј, помалку се замараат. Најлошите атеисти се поранешни големи верници. Не треба да антагонизираме групи и луѓе. Секогаш кога има дискриминација, одмаздата потоа е жестока. Затоа постојат други методи.
Не ни може да е ко мене. Шкорпијата во мене, рече. Не, jokes aside. Што сакат нека прават, скроз те подржувам, ама нека не ми превртуваат очи кога еве нека не е јадење свинско, нека е друго неш што не е по нивната вера. Другар муслиман запали свеќа кога почина татко ми, мајка му вапцаше јајца за да не ги двои дека во христијанско маало живееја. Тоа е толеранција меѓу религиите. Без осуда, без превртување очи, без врбување.. И да мешаните бракови Ако се и двајцата неконзервативни, се слават. Но што кога едниот од после свати дека верата сепак му е битна, и ја негира другата?
Не сум дел од таков пар за да одлучам како би постапила. Како некој друг ќе постапи ... не ми е гајле.