Сакав да прашам дали кај нас во Македонија има такви... Имам слушано муабети ама ништо конкретно, и ме интересира, нека пише некој ако има искуство со нив позз
А во Скопје? Има ли некој сретнато, по кафичиве или на друго место? Јас лично не сум видела нигдека по Скопјево...
Имаше пред некоја година во тој кафичот булевард после млечен,ама сега го затворија кафичот некое фитнес студио има мислам
Има и во Скопје по кафичиве. Има во T-Club на ул.Македонија што е, имам видено и по други кафичи ама сега не ми текнува. Се ставаат две 5 денарки, се втри и уште две 5 денарки, се врти и излага кондом. Така пишува на него, а за користење не сум пробала, ниту сум земала.
Треба да има во секоја дискотека или кафиќ. Ама додека да дојде тоа кај нас... Не е доволно да ги има само во неколку кафиќи низ цела Македонија. Туку овде ако земаш, одма леле цел град ќе те види и муабети. Ко демек тие не се ебат, абе ајде. Еднаш видов Охрид пред некоја година во некој кафиќ, ама сега да сум намерно кога ќе е полно вецето е тогаш пред сите ќе си земам, само за да видам реакција!
Другар мој беше дистрибутер за кондомати низ државава, му пропадна бизнисот зашто на криво ги гледаа автоматите и најверојатно фатија на зарек. Требаше гаќите наопаку да му се облечат, односно кондомите наопаку да се свртат. Е сега: да купиш кондом од автомат за кондоми или да подигнеш пари од автомат за пари за да купиш кондоми е... не баш исто. Потрудете се нагонот да се одржи и задоволи навреме.
Ima vo edno kafule gore na sprat u Biser u Wc-to ama ne znam dali voopsto raboti, malku komunistichki deluva kondomatot) inaku u 69 u musko wc ima
Сигурна сум дека има и во Скопје, сум видела неколку пати по кафулиња и ноќни барови, меѓутоа да ме утепаш сега не ми текнува каде. Мислам дека има и во "Џубокс" ама не сум сигурна. Прв пат кога видов такво нешто, мојата реакција беше толку WTF, што дури и се сликав покрај тоа. Но според мене тоа е непотребно. Кој си има намера, нека си купи. Прашање е и каков е воопшто квалитетот на тие кондоми.
Еднаш порано видов имаше и во кафичот Ало-ало на кеј. И во машкото и во женското веце хахаха и по некоја мотивирачка реклама.