Па мене не ми прават некоја голема разлика - единствено не ми се допаѓаат Дурекс шарените затоа што премногу мирисаат на пластика. Другите се супер - Jeans, класичните, па и Sensitive црвените. Иако, црвените имаат (најверојатно) повеќе лубрикант, тоа сум приметила. Тие три видови најчесто се вртат, ама мене навистина не ми прават некоја разлика.
Имаше во веро видов нови дурекс со повеќе лубрикант, во големо пакување ама ич не ми текнува како беа именувани. Штета што само неколку видови од дурекс ги прават во мало пакување, наместо сите, па така ако не ни се свиѓаше одреден вид немаше да фрламе пари за големо пакување
На почеток секогаш купуваше дечко ми, се сеќавам само дека беа Durex точно не ми текнува какви. Едно време престанавме да користиме, ама сега по препорака на гинеколог ги враќаме повторно во употреба Последно користевме Durex Pleasuremax лилави, искрено мене не ми е важно какви се. Оставам на дечко ми да одлучи - сепак него му е поразличен сексот со или без презерватив. Најчесто ги зема од маркет. Досега не сум купувала ама зошто да не? Интересно би било некогаш да го изненадам.
Најдобри кондоми досега што ги имаме користено дефинитвно се Мондос ги има во Лидл овошни се 12 во едно паковање има и не беа многу скапи мислам. Има со вкус на банана, лимон,јагода и не ми текнува уште еден имаше. Еве ги
купивме од овие и имав пецкање и болка во текот на односот и неможев да дојдам до оргазам хммм некој подобри да ми кажите? следен пат јас ќе земам овие ми се катастрофа и немав никакво задоволство.
јас ги користев и двајцата бевме презадоволни...само малку се поскапи... инаку ми се случи во пакувањето од 12 да има 2-3 кратки (до пола што едвај се навлечуваа)....
Поздрав девојки, прв пат сум на сајтов и би сакала да ми дадете упатства, насоки, препораки или каква било помош во врска со кондоми, со дечко ми почнавме да имаме безбеден секс но никако да погодиме кондом што му одговара на димензиите. Димензиите му се супер и ме тотално ме задоволува во споредба со тоа што и двајцата имаме 18 години а тој е некаде малце надпросекот според некои интернет информации... Пробавме дурекс, спортекс, налет тоа дурексот го измеривме 22 сантима беше во должина, спортексот беше подобар но се собираат и стуткуваат сите што ги имаме пробано. Стигнато е до левел очајно да фрламе пари кога кој и да го пробаме сите се ненормално долги, и според тоа што он ми кажува не се чувствува воопшто удобно и убаво, има чувство како да се секса со кондомот наместо со мене, вика треба да е позатегнат, до долу да е повлечен и да не се стуткува. Јас како што ќе видам тој плива во кондомот, стуткан е и дел од него виси напред над главата што не треба да е така... Не разбирам зашто не се прават кондоми со помали димензии, што ќе ни се кондоми што се долги 22 сантима па тоа порно актери го имаат и ретко кој друг... Ве молам дајте некои насоки каде да земеме помали кондоми со димензии 17-18 сантима и да не се широки, вика не му смета да го стега малце ама да плива во него му е одвратно, нормално не може и безбедност и задоволство све топ да е ама колку толку бар да му е удобно пошто вака стварно не штима. Лајфстал слушнав има помали но тие дали ги има во Скопје не знам, што други брендови можеме да најдеме околу аптеки, маркети, што не се по 20 и кусур сантима?
Па намерно се направени подолги, да одговара на разни величини. Затоа нема потреба да го ролате до крај, ќе си остане во мала ролна долу кај коренот на пенисот. Потесни кондоми од Дурексот се Спортекс, а пробајте ги и Лајфстајл, тие бар според мене имаат поубав латекс. Значи не го развлекувајте кондомот до крај! Всушност не ми е ни јасно како го ставате а ви се развлекува
@Kitten И јас цело утро пробам да си замислам како го ставаат и развлекуваат. Се си мислам дека го одмотуваат прво па го навлекуваат како ќеса. Друго објаснување за прашањево немам
Потесни се оние новите, Durex invisible. Можете да ги пробате нив. Ги има во пакување од 12 и мислам дека се малку поскапи од другите типови. Ама прво не ќе да е лошо да погледнете некое видео на yt за тоа како се става кондом. Не е можно да се пафта и да се развлекува ако е наместен како што треба.
Таа како што кажува дека пливал во него, не ме чуди да го развлекуваат до крај и од после да го ''облекува''