1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Конечно нов закон за партиципациите!

Дискусија во 'Образование' започната од yummy, 17 април 2010.

  1. yummy

    yummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    319
    Допаѓања:
    49
    После толку глупости што излегоа од нашава влада, конечно нешто што навистина е во полза на граѓаните! Намалени партиципациите за на факултет!!! Па мислам тоа што беше до сега беше грабеж! На државен факултет по општа медицина државната квота изнесуваше 200 евра семестар (400 евра год), а во приватна квота, неверојатни 600 евра, па тоа се 1200 годишно!!! А што е најтрагично, во таа држ квота влегуваат САМО 80 студенти!А до пред 8 гоини, како и секаде, државната квота беже бесплатна. Но очигледно на нашите професори се им е малку, па ајде удри на студентите!
    И сега според новиов закон што слушам на ТВ * Ќе се намали квалитетот на предавањата, по 500 студенти ќе се трпаат во амфитеатар, ќе нема средства за лабараториски вежби...* ЛАЖГИ! Па кога бре нашиве професори држеле норманли предавања? Таму на асистентот му се клањаш, а камо ли на професорот. Малку им е плата од државата и хонорарите од проектите, кои ги прават студентите, а тие си земаат по 50.000 евра (и мн повеќе) од невладини орг. А за вежбите, да се користеле парите од партиципација за обновување на услови, кај би ни бил крајот! А остај тоа, пак уште бараат пари, дај за пријава, дај за книга, дај за тетратки....и што уште не, и ние што добавиме, само понижување, те газат ко ѓубре, и нормално тортура од искомплелсираните господа!
    А иначе за сите трошоци од типот на плати, парно, струја, вода, државните факул добиваат пари од државата!
    Како и да е, секоја чест на министеров за обазование, конечно нешто паметно направи. И убаво прашање им постави на професорите, за какви тоа лични надоместоци потрошиле сума од 45 милиони евра минатата година??!!!
     
  2. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    На филолошки како стојат цените? Ко на пазар да сме... ц ц ц :?:
     
  3. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    нафилолошки беше 500 приватна а за државна мислам околу 300 не сум сигурна...ама не е само тоа..секоја година си плакаш уште плус 100 евра, трошкови за факсот, физичко(ние немавме), книги, испити. ова се плака на 4 уплатници плус.
    А башка сто секој испит е 100денари за таксена марка и пријава, па зависи колку пати ке паднеш, па после во казнена тие е 10 евра од кретит, значи ако предметот носи 10 кредити тогаш ке платиш 100 евра плус.
     
  4. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    200 во државна
    Него јас ево да си прашам, а мислам и Брајт на тоа мислеше: дали и на филолошки е намалена цената?
     
  5. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    :!: абе луѓе рекоа дека за сите државни факултети цената е намалена
    државна квота ќе биде секаде 200 евра
    приватна квота секаде 400 евра

    ама колку тоа ќе се спроведе во пракса незнам.... :^) се жалеа деканите дека немало да има доволно финансии за да опстојат факултетите, како и да е ако намислат да земат пари ќе измислат Х други причини и давачки кои ќе ги воведат како задолжителни да се платат освен партиципацијата :tmi:
     
  6. bluberry

    bluberry Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    341
    Овоа партиципациоте се катастрофа,мора да се намалат.Некои не можат да ги платат ,а имаат желба да студираат :?:
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски
    Малку ми е глупаво тоа со плаќањето партиципација, и јас кога студирав, морав да плаќам 1200 евра годишно :o
    Ама успеав да се ослободам од плаќањето со просекот и навремено ликвидирање на година, па моите платија само првите две години, а после ништо.
    Едно нешто не ми е јасно: зошто ништо не добиваме со тоа што ги плаќаме тие пари? Барем да добивавме литература, барем пријавувањето на испитите да беше бесплатно, барем да ни обезбедуваа бесплатни материјали (за вежбите за кои требаше сами да купуваме материјали) и слично - а не само да им ги давам парите. Мислам дека мора барем некои олеснувања да се добијат со тоа што плаќаш одредена партиципација. Мислам дека надвор од Македонија секаде плаќаш за студирањето, ама добиваш доста - обезбедена литература, слободен пристап до библиотека, компјутери и слично - се со цел да се олесни студирањето, па затоа и се плаќа. Не знам како е на приватниве универзитети, ама на државниве е катастрофа.
     
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Јас студирав во држ. квота запишана со 200 евра, ама задоцнив една година и си пишав апсолвентски квадрат.

    Прво ми кажаа дека треба да се плати 25% казна за апсол. квадрат, односно 3 000 ден. Потоа беше, не, не, грешка, треба половина од вкупната сума, значи 100 евра, иако тоа го треснаа како од ракав, и самите на студенстки прашања несигурни, ама мене ме притискаше времето и не можев да се расправам, па нејсе, ставив на уплатница 6000 ден,
    Одам да платам и ми вика - Девојко а каде ти се другите уплатници? За ИКСА за УКИМ, за студ. весник, за студ. сојуз...???? :^) :^) :^) Ама викам не се запишувам јас прв пат во година, плаќам казна за апсолвентски квадрат!
    Аха, ако, па такви се правилата!
    Ете такви се правилата кај нас. Сите можни уплатници како кога впишувате нова учебна година, па и + ме натераа да земам бел и розев лист за пријава и таксена марка. Мислам ужас, катастрофа, од тој дел сум разочарана максимално од факултетот. Ни книга видовме, ни студентски весник, ама сите им плаќавме 4 години по ред да се богатат, (во мојот случај 5). :devil:
     
  9. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    A sto e so postarite generacii? dali i za niv vazi namaluvanjeto ili samo za studentite sega sto ke se zapisat? :^)
     
  10. ma4ence-d

    ma4ence-d Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2010
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    8
    А дали некој знае колку е партиципацијата на Штуловиот Универзитет??? Сакам на него да се запишам а никој не знае да ми каже нешто околу партиципацијата .... :*
     
  11. Summer.Love

    Summer.Love Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2013
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    40
    Знае ли некој од каде ни есе доделени тие пари на е-индекс.Сите студенти од УГД имаат 200 евра расположливи сретства некои велет дека можат да се искористат само за партиципација наредниот семестар. Парите биле како гратис од дрзавата една година мене некако не ми се верува...
    Ако некој знае нешто повеќе би му била благодарна за информацијата :)
    (можеби темата не е адекватна за моето прашање ама ке пројде ;) )
     
  12. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    За партиципација не е сигурно и :!: не части државата еден семестар. Да не е ваучер за компјутерска опрема, имаше таква акција ама би требало да знаеш ако си аплицирала.
    Сигурно тетките згрешиле од студентска при внесување на податоци, затоа што сега сите имаат унифициран софтвер со кој дирекно се повржани со УКИМ-Ректорат, па додека да го научат софтверот...