Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Конзервативни родители

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од sweat2, 25 јуни 2012.

  1. oneday

    oneday Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    луге помогнете ми
    значи вака беше .....
    се возев со ролери со другар ми, околу 8 часот дојдов дома земав пари и отидов на рингишпилот што е во нашето маало, се возевме , седевме со другарите и другарките ... и во 11 часот си отидов дома ... еден другар ме испрати , а мајка ми со брат ми лути ме чекаат на една од уличките, мајка ми бесна.. ајде отидовме дома и татко ми му рече на брат ми да се качи горе на 2 спрат (во дневна) , а мене ми рече да почекам ... леле кога почна да вика цело време те барам , ти кога праша да седиш до 11 , и на крај ми рече дека под казна нема да излегува до нова година (ова највеке ме исплаши ) , па јас неможам да издржам толку многу , а и плус мајка ми ми рече дека никаде нема да одам на родендени :( а сега се ближи роденденот на мојата најдобра другарка :( заборавив да кажам имам 13 години ....
    ај ве молам помогнете ми ве молам како да ги омекнам сега е септември ,а до нова година има уште многу ,стварно ве молам помогнете ми :(
    мислам дека е преголема казната па , а брат ми исто така задвчера се врати дома во 15 до 11 ..... а тој е 9 години .... ве молам за помош
     
  2. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481

    Имаш 13 години,до колку сакаш да бидеш пуштена?
    Неограничено време?
    Разговарај со твоите и замоли ги да ти ја намалат казната,и во иднина гледај да не излегуваш мн често за да не доаѓа до ситуација да имаш конфликт со нив.
     
  3. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Морав да се вратам на темава.
    Преку глава ми е веќе од ова. И од родителски глупави ограничувања и од пријателски патетики. Но, не зборувам за онаа првото.
    Добро, и јас сум конзервативна до некаде. Но ова на мајка ми е друга работа.Добро, еве разбирам, го сака најдоброто за мене. Сепак, ова е претерано.
    Можеби Фејсбук е глупа работа. Свесна сум дека во најголем дел се користи за глупости, но сепак е потребен.
    Се' се врши веќе преку Фејсбук. Еве, и за кошаркарскиот клуб ми треба.
    Но мајка до мои девет години не дозволуваше да имаме интернет дома. А кога веќе се согласи на интернет, не ми дозволи за отворам Фејсбук. Тогаш можеби и имала право.
    Но ете, сепак ми треба.
    Секогаш темата Фејсбук завршува со „Не ти треба тебе тоа. И онака не е ништо важно. За кошаркарскиот клуб јас и татко ти ќе прашуваме“..
    Кога реков дека немам Фејсбук во клубот сите почнаа да се вртат на другата страна и да се смеат.
    Всушност, мајка ми беше и против форумов, па и се' уште е. Но толерира некако бидејќи не се откривале лични податоци.
    Мајка ми не сака ништо преку интернет. Секогаш мисли дека нешто лошо ќе се случи.

    Не ми дозволуваше да носам бебидол па јас се срамев бидејќи се' ми се гледаше преку блузата. А и плус рапавиот материјал на блузите страшно ме иритираше.
    Другарките секогаш ми зборуваа да си облечам некоја тренерка бидејќи се' ми се познавало преку блузата.
    Беше во состојба да ме тера да носам само прости еднобојни широки блузи.
    Неколку пати плачев за тоа.
    На крај се осмелив да и кажам, иако според тоа што го зборуваше, никогаш не би се согласила.
    Се согласи, но секогаш ме мачеше за тоа. Дури и кога летото заврши ми рече да престанам да носам бебидол, туку да носам само маици.
    Во нозете сум како човеколик мајмун, секогаш на тренинг кога ќе облечам шорцеви сите ме гледаат во нозете.
    Но мајка ми одбива да ми дозволи да направам нешто во врска со тие влакна. Наводно кога ќе ми пораснеле нови, ќе ми биле остри и крути.
    Бидејќи нели вака подобро е. Може и да си става шнолички на нозете. Да си ги навиткам влакната, можеби. Секое утро може да се чешлам и мазнам на нозете. |(

    Пред секоја екскурзија морам да поминам низ тешки маки за мајка ми да ме пушти да одам.
    Секогаш зборува како екскурзиите се глупа работа, како подобро тие ќе ме однеселе. Како во Струга имало албанци. Не разбрав што е толку страшно во врска со албанците. Па тоа е уште една група на луѓе. Нормални луѓе претпоставувам. Навистина не ја разбирам мајка ми.
    Последен пат кога бев на екскурзија, плачев пола ноќ пред крајниот рок за пријавување, за тоа како да и кажам на мајка ми. Па после останатата половина плачев бидејќи не ми изгледаше дека ќе ме пушти.
    А многу сакав. И прекрасно си поминав.

    До скоро не смеев сама ниту до продавница да одам.
    А сега смеам да изгегувам до осум, или додека не се стемни. Сите девојчиња на моја генерација смеат барем до десер. Јас ќе сум благодарна и на девет.
    Само еднаш закаснев 10-20 минути и мајка ми веднаш полуде.
    Дури таа ме носи на музичко училиште и на тренинг. Ми се плаче навистина.
    Еднаш кога требаше да одиме на систематски преглед, мајка ми не ме пушти да одам со децата. Подоцна таа ме однесе.

    Ова ми пречи.
    Мајка ми ме изолира од другите луѓе и од надворешниот свет.Уште полошо, човек не смее ниту да и каже.
    Па после ме нарекува повлечена. Не сум повлечена, туку таа не ми дозволува да контактирам со луѓе.
    Не ми се верува. Жена со високо образование, ветеринар. Начитана. А се однесува како некоја од 18-ти век.
    Што да направам?
    Многу е тешка за разговор. Се плашам дури да и кажам нешто.
    Ми се плаче.
    Свесна сум дека морам да разговарам ако сакам нешто да добијам, но како?
    Мајка ми ништо не прифаќа. Веднаш почнува да зборува како ќе сум одела таму и ваму со неа и татко ми. Како сум била мала за она. Како нешто било глупо.
    Се чувствувам како црна овца меѓу децата.
    А на мајка ми е тешко дури и да и кажеш дека сакаш балетанки. И за тоа има шанси да каже дека е глупо и дека подобро би било да купам сандали, на пример. :(
     
  4. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    Искрено по начинот на твоето изразување јас мислам дека имаш минимум 18 години,браво за тоа морам навистина да те пофалам :)

    Незнам колку години имаш?

    Мајка ти сеуште мисли дека ти си мало девојче.Сакајќи да те заштити она огрона против услуга ти прави,огромна.

    Како прво,сите имаат Фб, па и баби дедовци зашто да немаш ти? Не мора да ставаш фотографии од тебе,не мора да бидеш потпишана со целосното твое име и презиме (нели за да ги заштитиш личните податоци за кои мајкати е толку исплашена) На крај краева објасни и го ова,и дај и го твојот пасворд од фејсот.Да има и она пристап за да се увери дека не правиш ништо лошо.


    За беби долот-објасни и дека веќе не си бебе,дека почнале да ти растат градите и дека сите те зезаат дека ти се скрозираат градите.Објасни и дека не изгледа убаво,дека изгледа лошо па дури и невкусно.Нема ништо лошо во носење на беби дол.

    За влакната,прашај ја она не се депилира?Оди таква на плажа?Оди со влакна на нозете кога носи суќни или слично? Објасни и дека (незнам навистина колку години имаш) се срамиш од влакната на нозете и сакаш да ги отстраниш,и дека сите те зезаат во врска со нив.


    Седни и направи убав муабет со неа,прашај ја зашто е толку исплашена за тебе?Објасни и дека неможе да те чува во стаклено звоно.Не е здраво,ти мора да се социјализираш,мора да стекнеш другарки па и другари.Вака ти прави само против услуга,треба да ти даде шанса да се снаоѓаш сама да созрееш.
     
    На QueenElena му/ѝ се допаѓа ова.
  5. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Имам 13 и пол години. Фала за советите.
    Ќе се обидам уште еднаш, па што биде нека биде. :)
    Очекувам да почне да ми објаснува како ова и она не е во ред, но сепак...
     
  6. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    Оо, јас мислев мама била многу лоша, али гледам сум била грешка. :D
    Интернет имам од мала, сопствен лаптоп од одамна, фб од 8-9 години не знам точно, а за форумов не знае никој, нели лично мој лаптоп, никој не ми чепка, ни па ги интересира тоа.
    Мама само ми вика немој дечко до 18 години, ама и она имала на 15 години, па и да имам ништо нема да рече, само што не сакам секако мала сум, средно има време.
    Е сега за влакната на рацете, јас среќа немам потреба од чупање и на нозете немам влакна, бели се, али не се познаваат, понатаму може ќе ги депилирам, ама на рацете ми вика мала си, а и преку лето побелуваат од сонцето, па не се некој проблем, иако ме нервира тоа што ми вика не може, ама имам свој депилатор ако сакам можам да ги издепилирам, ама ја слушам сепак, засега доволен ми е за влакната под пазувите. :lol:
    Излез имам до полноќ, а и повеќе, ама ете јас не седам толку, 9-10 си доаѓам дома и надвор од населба не одам, во град ми вика оди ако сакаш, ама нема да се снајдеш, во право е. :rofl:
    На ексурзии одам, ми вика мама, парите не се проблем, ако сакаш оди, но во петто не отидов едноставно не ми се одеше, а на еднодневни речиси стално одам, а другата година во 9то ќе одам, дека последна екскурзија. :)
    Јас беби дол немам потреба да носам, мама ме тераше ми викаше ајде девојче си облечи таму. :rofl:
    Ништо не и кажувам, само за оценките и сака да ми се сите 5ки и се лути ако не ми се, но добро ништо страшно ми дава поддршка демек ќе ги поправам.
    Да напоменам за 4 месеци 13 ќе полнам. :)

    Е сега не беше ова да се фалам, туку Елена да ти кажам дека сето тоа мајка ти за твое добро го вика, се грижи за тебе, не си ти препуштена на ветерот, ама со ФБ претерува малку, што дека ќе имаш фб објасни и убаво, гледај без карање убаво и слушај ја, ако има доверба во тебе полесно ќе биде, еве моиве имаат доверба во мене и ништо не ми викаат, иако мама на постари години ме има родено, добро де на 31, не сакала да се мажи, современа ха-ха, се труди со мене да е како сестра, само постара сестра. Не знам каков однос имате со мајка ти, но гледај биди со нејзе како другарка, поминувај повеќе време со неа и ако сфати дека си мирна(така те сметам) ќе ти дозволи се надевам. :)
    Ајде се ќе биде во ред уште 4.5 години полнолетна ќе си, ќе истрпиш. :|
    Се е тоа за твое добро, подобро така него да си пуштена се и сешто да правиш ќе сфатиш понатаму, само сметам дека за некои работи претерала стварно, но добро што е тоа е. :)
     
    На QueenElena му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    QueenElena јас кога со мајка ми нешто не можев да се разберам секогаш на татко ми му објаснував и ме сфаќаше. Тој како машко малку од по друг агол ги гледал работите па ме сфаќал повеќе и ја оправал работата.

    Да не се повторувам со BeautyAndTheBeast и јас го мислам истото, само мој совет е доколку не можеш со мајка ти да се разбереш тогаш седни со татко ти направи муабет. Нема ништо тука срамота. Се' кажи му. Кажи му и како се чувствуваш, верувај дека и тој може да те сфати, ако е машко, татко ти е. Дури и ќе се израдува што сакаш со него да разговараш, доколку немаш некоја блискост. И ќе гледа најмногу да те сфати, верувај.

    Види, многу е битен твојот пристап. Дали имаш некогаш седнато со мајка ти да разговараш директно како возрасна или твоите барања секогаш биле како револт и карање? Можеби и затоа не си можела да бидеш сфатена. Значи, седни смирено, со смирен тон, објасни што се случува, објасни дека сите се депилираат, дека сите носат беби дол, објасни што ти зборат другарките, кажи дека не сакаш да се издвојуваш со неубави работи од сите. Ако смирено и' го кажеш ова, сигурна сум дека ќе те сфати. А и не го прави ова со лоша намера. Мисли дека може да те заштити од се'. Мисли дека којзнае што може да се случи доколку она не е известена или ако не прати се' што правиш.

    Татко ми еднаш ми рече дека многу од родителите од што сакаат да направат добро, не сфаќаат дека му прават лошо на своето дете. И моите имале некои такви испади кога сум била тинејџер, ама јас по природа сум многу борбена личност па секогаш сум се борела да бидам малку од малку самостојна и да не се грижат толку, да ме пуштат сама малку во животот и сум успевала.

    Сигурна сум дека ќе успееш, само смирен разговор, ништо друго. :)
     
    На QueenElena му/ѝ се допаѓа ова.
  8. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Со татко ми секогаш се согласувам, тој ми дозволува многу работи.
    Секогаш велел дека можам да излегувам до подоцна, често ми кажува да си направам Фејсбук и јас. Но, мајка ми го има главниот збор.
    Татко ми секогаш ме пуштал на екскурзии. Но мајка ми веднаш штом слушне, вели не доаѓа во предвив. Не е убаво, само ќе се мачиш по автобуси. А и страв ми е сама да те пуштам. Не ни е до парите, ако сакаш ние ќе те однесеме таму некогаш.
    Мене не ми е до спомениците, туку до дружењето.

    Може да се каже дека мајка ми е диктатор во нашата куќа. Апсолутна власт. И никој нема право на глас. :D |(

    Дрим, и мене мајка ми ме има родено на 31.
    Можеби толку се грижи за мене бидејќи сум единствено дете. Мајка ми е дијабетичар, па не можела да си дозволи повеќе од едно дете.
    Но сепак, ова е претерано. Не можам јас цел живот да го поминам во собата со мајка ми.
    Претпоставувам дека некои од децата ме сметаат за ретардирана.
    И плус, каква врска си има мојата безбедност со влакната на нозете и бебидолот? Не сфаќам.
     
  9. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804

    Лимитот за тоа до колку часот најдоцна треба да останеш надвор е одлука на твоите родители, и тоа е индивидуално. Некои сметаат дека 10 часот е премногу доцна, некои пак толерираат и останување подоцна, летен период во маалото.

    Но, да се навратам на темата, ти си виновна за таквата реакција на родителите. Им кажа каде ќе одиш, со кого, праша до колку да останеш?

    Не можеш да кажеш дека твоите реагирале премногу бурно, па ти имаш 13 години.
    За пример ќе го земам брат ми, кој има 13 и пол години. Тој секогаш кажува кога ќе излезе од дома, со кого ќе оди, каде и до колку ќе останат и неговите другари. Сепак тоа е некое разумно време, кое не го преминува прагот на толеранција на нашите родители.

    А не е дека тие не се конзервативни, по тоа прашање. И јас сум имала лимит на останување. Па дури и сега, им кажувам до кога планирам да останам, да не ги мавне шок кога ке видат дека е доцна, јас сеуште не сум дома, а не сум кажала дека планирам да останам подоцна.


    Да не должам, разбери дека тие се родители и се грижат за тебе. Според мене, нивното однесување е сосема оправдано. Пробај со разговор да ја разубедиш мајка ти, да ја ублажи казната. :)
     
    На oneday му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Епа штом имаш големо разбирање од страната на татко ти тогаш мој предлог е да ги седнеш двајцата. И убаво да им кажеш и на двајцата што ти мислиш. Разговарајте сите тројца заедно. Без срам, значи кажи си се' што ти лежи на душата. Без напаѓање, да не се почувствува мајка ти како вие двајца да сте против неа. И дај и' до знаење дека она пак ќе знае се' за тебе, ако треба и пасворд од фб дај и' ама да не се делиш од другите деца. Објасни и' дека на екскурзија сакаш да одиш заради дружбата, а не заради спомениците.

    Можеби и ти погрешно ги сфаќаш работите. Не дека не си во право, во право си, не треба да оди во екстремности. Ама јас кога бев на твоја возраст понекогаш кога ќе дојдев до конфликт со моите мислев дека се против мене, дека не ми мислат добро, дека само моите родители се лоши, дека сите имаат подобри родители. Ама сега после скоро десет години сфаќам дека нема родители како моите. Да, претерувале во некои работи ама тоа е и всушност работата на родителот премногу да се грижи и премногу да го сака своето дете. И јас некогаш сум се чувствувала како тебе дека се' како да сум под стаклено ѕвоно ама тој период брзо поминува, верувај. Знам дека со тешко срце секаде му пуштале, не дека не сакале да си поминам убаво туку се грижеле премногу. Плус па кога ќе ми текне колку јас излегував и каде се не шетав, си мислам којзнае како им било, којзнае дали спиеле ноќе, сигурно око не склопувале, само мислеле.

    Ајде некако за фб да сфатам, за екскурзија исто некако да сфатам, се плаши ете, ама за депилација и беби дол не можам да сфатам зошто е против. Ама затоа за се' постои разговор. Мораш да и' покажеш дека си веќе голема и да види дека навистина убаво размислуваш, да има доверба во тебе дека знаеш веќе да процениш што е добро, а што лошо. Можеби не може да сфати дека нејзиното мало девојче веќе влегува во светот на девојките. Татко ми имаше малку ваков проблем. Не можеше да се помири дека јас излегувам, се дотерувам, станувам девојка, иако не сум имала проблем со него сепак гледав дека не му е сеедно и по разговорите сфаќав дека јас за него сум уште мало девојче. Мислам дека и ден денеска е така, ама сега го прикрива тоа. :lol: Всушност ние за нив секогаш ќе бидеме деца.

    И уште нешто, (Dream-Girl и за тебе важи ова :) ), 31 година воопшто не е касно за деца. Сега дека сте помали па мислите и ви изгледа како којзнае колку касно да ве родиле вашите мајки. 31 година е таман и вашите мајки не се воопшто стари.
     
    На QueenElena му/ѝ се допаѓа ова.
  11. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.090
    Пол:
    Женски
    Еленче, јас ќе си земам за право да те советувам се надевам нема да сум погрешно сфатена.
    Дел од градењето на личноста е изнесување цврсти ставови и одлуки. Колку и да е страшно, разговарај со мајка ти, мислам дека искрено ќе биде да и го прочиташ постов кој го напиша тука. Искрено кажи и колку те повредува нејзиното вакво однесување.
    Жал ми е, ама ова е тортура, јас лично не би можела да ја поднесам. Ти скратува значителен дел од тинејџерскиот живот и те наведува да пораснеш во повлечена и исфрустртрана, настроена кон предрасуди нетолерантна личност. За восхит е како под притисокот од неа и контрадикторните ставови на општеството си присебна, уште под дејство на хормоните во пубертет. За секоја пофалба e.
     
    На Mishela и QueenElena им се допаѓа ова.
  12. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Малку повеќе дрскост од твоја страна треба. Познавам такви мајки кои ги загушуваат своите деца затоа што сакаат да го измоделираат детето по свои желби, но тоа со сила не се прави. За некој кој влегува во пубертет и му треба одредена слобода за сам да се развива, ова е чиста тортура. Да, ќе пораснеме сите и ќе сфатиме дека мајките најмногу не сакаат и ни мислат добро и ќе ги заборавиме тинејџерските години, но во моментот тешко се издржуваат вакви притисоци, ниту пак се здрави за развојот на една особа на подолг рок. Да не помислиш дека ти советуваме да одиш во друга крајност и да не почитуваш никакви одлуки на родителите, но гледам дека си паметна и свесна и знаеш точно каде греши мајка ти, па гледај таму да реагираш.
     
    На hristinnnna и QueenElena им се допаѓа ова.
  13. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Операција - успешна. :D
    Им реков дека премногу ме ораничуваат.
    Прифатија да отворам Фејсбук. И отворив. Рекоа дека нема толку да ме ограничуваат, дека и тие сакајќи да ме заштитат претерале.
    Всушност мајка ми малку се налути. Рече дека сум зборувала како да сум била во затвор.
    Сите се се согласивме дека сама ќе одам во музичко училиште, на екскурзии исто така ќе одам, бебидолот и нозете исто. :D

    Уф...некако убаво се чувствувам. :)
    Фала за советите, девојки.
     
    На Umbrella22, 1209, Golden и 6 други им се допаѓа ова.
  14. girl.in.pink.dress

    girl.in.pink.dress Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    40
    Не мислам дека моите родители се конзервативни. Мајка ми работи со деца отприлика на моја возраст така да е во тек. А татко ми повеќе се интересира и сака да знае никогаш не е бил конзервативен. Веке моите баби и дедовци се друга приказна ее кај нас деца како беше.. Јас кога бев на твоја возраст ехее.. :D :D
     
  15. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.781
    Допаѓања:
    61.363
    На темава Конзервативни родители - мислење од родител!!!
    Што е конзервативен родител??? Зар родител кој што му посакува се најубаво на своето дете и се грижи за него е конзервативен родител (или народски кажано родител со застарени сваќања!!!). Јас сум мајка на двајца дечковци кои што ме сметаат за нивна другарка. Постариот син од мал за се разговарал со мене и со сопругот, а помалиот беше позатворен и сите настани и дешавки моравме да му ги извлекуваме со прашања. Со тек на време и со негово созревање и тој почна за се да разговара со нас родителите и со постариот брат. Во нашиот дом од мали нозе на децата не им се правеле забрани и не се изрекувале казни (како нема излегување, нема седење на компјутер и сл.). А ако нешто било лошо за децата, а го посакувале се разговарало се до моментот кога детето не сватело дека родителите се во право!!! За сите дискусии биле потребни часови , часови...
    Јас и сопругот како родители се трудиме за секоја ситуација - училиште, друштво, девојки да ги сватиме размислувањата на нашите деца и секоко да ги поддржиме!!! Немаме табу теми!!!
    Па, зошто се родителите?!? За да ги усреќат и охрабрат своите деца!!! :) :) :)
     
    На SuperGirl24 и Daydream им се допаѓа ова.
  16. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    уФФ фала му на бога што не ми се такви родителите :tmi:
    секогаш имаат добри сваќања , културни однесувања, секогаш во све ме сваќаат ме подржуваат , никогаш не се постапиле неисправно , секогаш знаат кко да реагираат се гордеам со такви родители
     
  17. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.361
    Пол:
    Женски
    моментално јас сум во таква ситуација:
    сите мои другарки безразлика помали поголеми во лето излегуваат до 1-1.30 а мене во 10 ме прибираат..навистинаствајно не сваќам што ќе ми се деси пред зграда со 15 души?? :^)
    друго најмалата меѓу нас е 10 год и нејзините родители ја пуштаат во град,џанбо,гтц, сити мол со овие останативе а мене уште ми викаат мала си мала си :^)
    исто и за спиење кај некоја другарка фујј
    две другарки живеат во иста зграда и многу често спијаат една кај друга:
    во лето ако еднава појде кај другата и се задржи таму ќе преспие а родителите знаат дека е таму и ја оставаат, а јас и да прашам цело лето само 1-2 ќе ме пуштат :@ :@ :@
    па и да ме пуштат небаре ние ќе спиеме се разбира ќе дрдориме цела ноќ :lol:
     
  18. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    srhsejbsk, според тоа ти имаш 14 години и сакаш до 1-1.30 да излегуваш :^) ?
     
    На sadgirl21 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.361
    Пол:
    Женски
    fighter секако дека и јас знам до каде се границите но во 10 да доаѓам дома???
    плус збрувам колку ми е непријатно бидејќи девојче од 10 години го оставаат така надвор а мене ме прибираат па и 15 мин да задоцнам веднаш следуваат прашања:каде беше,со кого,ти реков во 10 да си дојдеш итн.
    сакам само малку слобода но ај кажи ми како тоа да им го објаснам на моиве родители??? :^)
     
  20. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    ај, и ти ќе бидеш родител па ќе дискутираме тогаш.
    Сепак, треба да знаеш, дека прашањата од родителите не преставуваат конзервативност, туку тоа се родители кои ги интересира што се случува со детето кога е надвор.
    Тоа е многу подобро од колку да имаш родители кои нема да ги интересира ништо.
    Здравје, ќе потпораснеш и се ќе си дојде на свое место.
    И јас со моите родители ја имав истата мака за излегувањето.Па ќе пукнев.
    И еден ден, кога веќе навршив полни 18 години и се запишав на факултет, им реков...ЈАС ИЗЛЕГУВАМ И ОСТАЈТЕ МИ КЛУЧ, НЕ ЗНАМ КОГА ЌЕ СЕ ВРАТАМ.
    Така мајка ми не рече ништо.Се разбира јас не се вратив во 5 саат сабајле ама сепак ставив до знаење.
    А ти ич да немаш гајле, ќе шеташ, младоста е пред тебе. И до џамбо и до сити мол и кај се не.Стрпи се!