Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Конзервативни родители

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од sweat2, 25 јуни 2012.

  1. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    Добро де ако она се фрли од Вардар и ти мора? |(
    И мене не ме пуштаат надвор од населба, не дека не ме пуштаат ако ги замолам ќе ме пуштат, ама јас и така ќе се изгубам, а и за моите 12 години (за 3 мес. 13) доволно ми е.
    А за спиење кај другарки леле големото чудо ако спиете кај другарки, не сум спиела кај другарки освен кај братучедка ми, ама тоа е друго и не ни сакам да спијам по туѓи домови најискрено.
    (Извини ако бев дрска, али морав. Да си ги почитуваш родителите другото остај го не е се во друштвото и никогаш не се споредувај со други, ако нејзе ја пуштаат нека ја пуштаат, нејзин проблем).
     
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Вака јас имам голем проблем со мајками и веќе не можам да искочам на крај.
    Имам 25 години скоро и секогаш кога ќе сакам да отидам некаде ми брани ме ограничува.
    Фатив дечко од друг град и таа ми вели нема да одиш кај него, со него ли ќе спиеш почна да вика и да се понаша жестоко више не ја препознавам.
    Сум била курва, ороспија со секого сум одела. Со другарките сум разговарала на оваа тема но и тие незнаат што да ми кажат.
    Згора на тоа ми нашла богат дечко од Србија. Цело лето ми го испланирала. Јас повеќе не можам вака. Се си има зацртано и ако не биде по нејзино ме навредува што ме боли душата кога ќе ми рече така.
    Среќа дечкото ме разбира и му го кажав мојот проблем. Но јас навистина не можам повеќе немам право на ништо поготово. Некогаш знае и да ме удри. Ја разбирам дека ме сака и дека се најдобро за мене но више претерано е имам право на свој живот. Никогаш не ми рекла убаво да си поминеш или да седнеме убаво да си разговараме за дечкото да и кажам. Неможам луѓе, за се сум и ја крива. И доста ми е. Секој си има проблеми и маки. Не прифаќа дека сум пораснала или што?
    Срамота е веќе. Совет?
     
  3. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.361
    Пол:
    Женски
    fighter
    јас никаде не спомнав дека моите родители се конзервативни но бидејќи видов дека тука се жалат па реков и јас (ако не тука нема на кога да се пожалам) и мајками многу пати ми има кажано дека и јас ќе бидам мајка но времето се менува пр.кога мајками била на мои години она живеела во Крушево и бабами и дедоми и дозволувале до 9 часот да биде излезена но тогаш сите родители мислеле така, денес е друго јас највеќе би сакала да бидам надвор до кај 11-11.30 часот барем до тогаш има врева на улиците (се шетаат луѓе) после 12 нема никој и затоа јас и не сакам да останам покасно :!:

    Dream-Girl
    како прво ти имаш 12год (за 3мес 13) тебе можеби пубертетот не те фатил доволно, незнам какв друштво имаш но стави се на мое место кога сите твои другарки од маалото излегуваат во град,џамбо итн. а ти седиш како мисирка дома...
    второ ако ти несакаш да спиеш кај другарки тоа во нашето маало не е така, во лето сите одат една кај друга кога родителите се 3смена и ние не спиеме туку така иде зборот уствари ние цела ноќ сме будни и збориме на најразлични теми!Сега да беше лето јас во моментов ''спијам'' кај некоја другарка ќе ја читавме оваа тема и ќе ти се чудевме на одговорот!Еве сега сум со 3 другарки кои се поголеми и гледаат и се прекрстуваат!!!
    Како што напоменав ти скоро ќе наполниш 13 и можеби уште твоите другарки не излегуваат надвор од населбата, па ако твоите другарки некогаш одат во град а тебе не те пуштаат тогаш ќе видиме како ќе се чувствуваш... :^)
     
  4. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Еј, ако успеам да ја убедам мајка ми за кампот во Струга, ќе организирам куќна слава! :lol:
    А има шанси како што тргнало. Татко ми веќе ме пушти. Според неговите пресметки, кои најчесто се точни, има 60% шанси мама да ме пушти. :geek:
     
  5. hristinnnna

    hristinnnna Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    171
    Од вакви мислења главата ме фаќа.
    Дрим грл, баба ми би пишала подобро мислење од ова.Не си сакала да мрднеш подалеку од маалото ако твоите те пуштале, серизно? :tmi: Океј може ти така си сакаш, али да тврдиш дека то е нешто добро, не знам.За она со спиењето кај другарки не ни коментирам. :x

    srhsejbsk-Седни ги родителите кога се малку порасположени и разговарај со нив во врска со ова на најсмирен начин.Не им барај до 1, 1 и пол, тоа е многу.За почеток до 11 и 30 доста е.На лето ќе попуштат до 12 ќе дозволат и мислам доволно е.За спиењето кај другарки, и за ова објасни им дека се е во ред, дека нема ништо лошо во тоа.Секако да не претеруваш, али ен гледам причина зошто не би те пуштиле.
    -Со среќа. :D
     
  6. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    Ме има фатено пубертетот, ама имам една другарка и искрено и двете сме мирни, ни по шетање по град, ни за спиење така да може до тоа ќе да ми е мислењето.
    Не ни излегувам јас често, дремам по дома и добро ми е, брат ми е домашно милениче и си го чувам. :rofl:
    Ете со застаерени мислења сум била тоа е што да правам. :(
     
  7. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.361
    Пол:
    Женски
    еден кој ме поддржа...
    инаку фала за советот ќе пробам да им објаснам :rofl:
     
  8. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.361
    Пол:
    Женски
    ако веќе те пуштаат во град оди и види како е да се биде во друштво да шеташ по продавници и да земаш купиша облека и право во соблекувална да пробуваш а да не купиш (да имам дозвола за во гтц идам во првата продавница земам 10 блузи со другарками и во соблекувална) интересно е но треба да се види (не дека сум искусила али така како што ми кажале) :D
     
  9. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.361
    Пол:
    Женски
    сепак секој родител со свите ставиви пример кога читав што пишувала QueenElena неможев да си поверувам на очиве не би сакала да бидам на нејзино место навистина лудо (без навреди) :)
     
    На QueenElena му/ѝ се допаѓа ова.
  10. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.007
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    Имаш ли разговарано со неа, да ја прашаш зошто така прави ? Можеби и се има случено нешто поодамна има некој проблем, па е исплашена и загрижена за тебе до таа мера. Има ли таа пријатели, комуницира ли со нив, каква е, дали само према тебе е така. Ако има мајка ти некоја друга поблиска личност, разговарај со неа, кажи и што се случува, нека проба некако да разговара со мајка ти да и даде до знаење дека тоа однесување не е во ред дека треба да те поддржува, да биде покрај тебе. Навистина е премногу на 25 години да ти поставува ограничувања и да ти наредува што да правиш. Не со викање и тепање да се истура на тебе, па и да ти наоѓа богат дечко :x
     
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Нема никој и секогаш гледа други какви момчиња имаат сака и јас. А јас што бирам не е доволно. Ненајдена промена на однесувањето и е од кога умре мајка и, пред 2 години. Многу беа поврзани и јас бев покрај неа. Ама више претерано е. За секоја ситница со мене се кара, зедовме кредит мене секој ден ми вели јас цел кредит сум го потрошила другиот ден ми купува партали се имам и пак ми купува и пак јас сум го потрошила кредитот. Не ја сфаќам. Сакав да одам во Америка да работам со татко ми се договоривме таа скокна одма со кавги и караници. Неможам луѓе. Ќе бидам излезена некад до 6 саат наутро да кажам ми се јавува на телефон немаш памет како не ти е срам многу убаво вака така. Во 3 саат ми звони ја во дискотека ако не и се јавам имам 60 пропуштени позиви од неа во секунда. Ако и се јавам се дере ме навредува. Е доста ми е веќе, ништо нема да среди. А татко ми душа не седи дома и тој бега незнае кој крај го фати. Па уште и ми вели тебе ти треба маж со кој секој ден ќе те легнува. Ниедна мајка ова не го кажува, никад во ништо не ме подржала. Сум имала дечковци од други градови сум одела да и таа мора тоа да го пребаци секогаш. Не ме разбира. Јас што сакам нема, а таа што сака се има. Ми се смачи незнам кој крај да го фатам. Прави да ја мразам што не сакам. Кога ги гледам другарките какви мајки имаат ме боли душата, со разбирање и се. А вака со забрани мојата не бива ништо.
     
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.902
    Допаѓања:
    132.707
    Елена, јака ти душа. Како бе тоа на систематски не смееш да одиш со школските? Како тоа не ексурзина не може? Како тоа ФБ не може?
    Мојата тетка вака и правеше на братучетка ми. И она трпеше до 18, за секое каснење имаше викање, тепање, не и даваа кафе да пие, не и даваа тв да гледа, само со книга мораше да биде.
    И на 18 знаеш што направи? Скиташе ко куче пуштено од ортома. Отиде во друг град да студира, и мислам дека цела Битола плачеше од неа. Одма почна да работи промотерка, бидејќи преубава и си заработи кеш за да не бара од дома. ПОсле отиде во казино, и на крај, нејзините со месеци ја немаа видено. Она работеше и си учеше, а за дома не помислуваше. Поубаво и беше со цимерки кои не ги знае отколку со споствените родители. Они ја изгубија. Кога одеше кај нив, и викаа до 10 да си дома!? па така немаше потреба да се враќа.
    Ја изгубија, а единствено дете. Само оти и забрануваа се.
    Па кажи и на мајка ти дека подобро е да имаш ФБ и да носиш прслук (јас носев на 14, а другарките мои оти имаа бааги гради носеа и на 12), да одиш на ексурзија, оти после ке бесна чавка ке бидеш. Се треба во свое време. Живеј сега и објасни им што треба. Оти бегајќи од нив можеш и само да се омажиш со првата будала за да избегаш. И после маките почнуваат.
    Јас отсекогаш имав дозвола за скоро се, имаше ограничувања, ама твоево е крајност. Мене мајка ми ми беше другарка, имамве другарски однос, исто и денес, а не однос на овца и овчар.
     
    На QueenElena му/ѝ се допаѓа ова.
  13. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.007
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    Пробај некако смирено да разговараш со неа, објасни и дека не си веќе мала, имаш и ти свој живот, свои потреби, дека го сакаш дечкото кој е со тебе нема потреба да ти бара таа или ако си блиска со татко ти кажи му нека поразговара и тој, доколку нема некое подобрување, да ја посоветувате да разговара барем со психолог, би требало да и помогне да ја надмине болката по смртта на баба ти и секако да се грижи во права смисла на зборот за семејството.
     
  14. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Све сум и кажала и дека не сум мала и дека имам свој живот. Таа на тоа одговара додека живееш тука ќе правиш како јас ќе кажам ако не парталите и надвор да те нема.
    Со дечкото зборевме на скајп таа ми се дере кажиму да дојде да те земе и да те носи одма од тука. Ми вели ти немаш мозок , во мозокот си плитка, глупа.
    Болат тие зборови поготово да ги слушнеш од таа што те родила 9 месеци. И велам да одам на психолог да разговарам си имам маки со не сакам да си ги кажам на неа баш и таа јас сум психилог мене се ќе ми кажуваш.
    После, тој маж што ќе те земе ќе те тепа, ќе просиш за парче леб. Никој нема да те сака. Нити мажот ќе те трпи.
    И незнам кај кој психолог да одам. Јас ќе одам не мора таа за да ја разберам. Дури и тато и вели да се свести и се. Сакам да го завршам факс и после да шетам да си бидам слободна. Таа не, ќе се запишеш на магистер па на докторат и кога ќе шетам? На 39 години ли ќе раѓам. Нема крај веќе на овие маки.
     
  15. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Имаш 14 години и тоа што твоите родители го прават е сосема на место. Денес се лутиш, ама еден ден ќе им бидеш благодарна. Мислиш којзнае колку си голема и си пораснала. И не споредувај никогаш со други деца и други родители. И јас имав другарки и познанички што секаде ги пуштаа па еве ги денес сите ги знаат како распуштеници, зашто за нив ни тогаш, а ни денес нема граници. Имав другарки кои секаде ги пуштаа да спијат, де кај другарки, де кај братучедки, па после почнаа да лажат, па почнаа да спијат кај стигнат. Затоа, не се споредувај со други луѓе. Ја пуштиле, ок, нивни проблем. Таа ако сега на 10 години ја пуштаат секаде и прави што сака, ајде размисли што ќе биде на 25? Тоа е тоа.

    Ете ако сакаш можеш да ги замолиш твоите барем до кај 11 да те пуштат, зашто си во населба и не одиш далеку. И тоа е дури многу за твои години ама ајде можеби ќе пуштат срце. Јас не знам бре деца што сакате, па 14 години имаш, има време кога да шеташ и се' што ќе посакаш да правиш, ама тогаш ќе размислуваш со своја глава.

    Инаку колку за споредба, јас сум скоро 10 години постара од тебе, па досега само еднаш кај најдобрата другарка имам преспиено, која патем живее преку една куќа од мене. Бевме повеќе девојчиња и ете отидовме сите заедно. И тоа имав 17 години. Пред тоа не сум спиела на ни едно друго место, освен кај баба ми. Нит па од тогаш сум преспала некаде. Не дека немало да ме пуштат, ми забранувале на 15, 16 години после знаеле како размислувам и да сум посакала ќе ме пуштеле ама не сум сакала. Моите секогаш биле строги за тоа. Оди кај другарка, на роденден, излези, не ми правеле проблем, ама за спиење дома и крај. И не сум се лутела никогаш, за тоа биле во право и така треба да биде. Тоа преспивање по куќи секогаш ми било како без контрола од родителите. Поготово па другарки сум имала од средно што преспивале кај другарки кои нивните нит ги знаат, нит ги познаваат, нит па знаат точно каде живеат. На што личи тоа, да не знаат моите каде сум и каде спијам. Не викам дека ти така би направила ама твоите вака размислуваат и затоа не те пуштаат. А и самата велиш дека еднаш, два пати во цело лето ќе те пуштат и тоа е сосема доволно за твои години.

    А и ти Христинче немаш нешто многу право да збориш за ова зашто и ти имаш само 17 години и се' уште спаѓаш во тинејџери и пубертет. И немаш потреба од иронични коментари. Мислам дека си свесна со ваквите постови каков револт можеш да предизвикаш кај еден тинејџер.

    Dream-Girl одлично размислува за своите години и воопшто нема потреба да се менува. Се' во свое време. Сум се нервирала кога ќе ми го кажеле тоа ама денес сфаќам дека поголема вистина нема. Нема потреба да ги прескокнувате некои периоди. Ниту пак ќе задоцните со некои работи.
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.007
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    А со дечко ти да си живеете заедно, незнам колку време сте во врска и дали имате поозбилни намери и планови за во иднина и пошто рече дека сте од различни градови ем ќе си бидете заедно ем ти ќе си бидеш на раат. Сигурна сум дека татко ти нема да те остави, дека ќе биде покрај тебе, доколку се одлучиш за тоа, ќе ти помага. Па можеби тогаш ќе се свести мајка ти за нејзиното однесување, кога веќе нема да бидеш покрај неа, кога нема на кој да наредува и ќе остане сама...
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  17. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.361
    Пол:
    Женски
    донекаде си во право но сите вие возрасните викате:
    -И ние сме биле на ваши години!! -смачено ми е од таа реченица Зошто??
    затоа што тоа било пред 10-20 години а сега е сосем друго
    Како прво на моја возраст одат по кавичи и одат во темни улици и се кријат да не ги фатат како пушат или како се дрогираат!!
    Второ стави се во моја кожа како гледаш дека другите надвор без гајле се кезат и понекат ми се потсмеваат дека се враќам рано дома па после кажувај ми.Знам дека нетреба да се споредувам со никого но во нашиов свет барем во 1 нешто мораш да се споредиш.
    Трето моите другарки не се преку земја па ти како што викаш си спијела еднаш кај другракати која ти е преку улица.
    Мојата другарка е под мене па пак не ме пуштаат додека останатите се веднаш во другата зграда.
     
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Многу малце сме заедно тек на почеток сме. Јас реков да го донесам да се запознаат зошто нејќам да го кријам. Таа не сака да слушне зошто бил од друг град. Е ни ја сум цвеќе за мирисање и никој не е. Не сме совршени, што гледа тоа јас незнам. Не разбира дека е подобро некој да ме чува и почитува од тоа да има пари и да ме малтретира и вара. Требало да ми биде срам што бил од помал град. Мене треба од нејзе да ми е срам што морам на него да му ја објаснувам ситуацијата што морам да го ограничам а не е крив ништо.
    Пред него лани летото имав дечко од Скопје пак не и одговараше, зошто бил со средно,зошто бил од Ченто или Ѓорѓе не е битно. Зошто бил муле. Она се знае она е клеопатра. Ама више ќе ја ограничам ќе ја блокирам на телефон и да ја видам после. Доста ми е искрено, јас не можам сакам свој живот да имам сама да си одлучам што ќе облечам јадам купам искачам итн.
     
  19. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Поголемиот проблем кај вас помалите е што мислите дека ние постарите сме живееле во камено доба. :D Мислите дека којзнае кога сме излегувале ние или сме играле на улици... Ви изгледа премногу далечно тоа време и си мислите "Еее овие заостанати, ова сега е друго време, поразлично од нивното". И јас сум мислела така. :)

    Мислиш јас кога бев на твои години немаше кафичи, мислиш тогаш не се криеја за цигари, марихуана, дрога, алкохол и слично? Имав соученици во основно што пиеја и пушеа цигари. Односно повеќето пушеа и пиеја алкохол, сите на полуматура беа дрва пијани. На секој голем одмор дворот во школото беше димници. И ние кога сме биле мали се случувале тие работи, не било којзнае кога. Секогаш го имало тоа и ќе го има, само твој е изборот дали ќе тргнеш по тој пат или нема да тргнеш.

    Како и да е, тоа е друг муабет, туку да, знам како се чувствуваш кога си одиш порано дома и ги гледаш реакциите на другите, знам како е, зашто и јас сум го искусила тоа, верувај. Aма затоа ете ти реков ќе седнеш со твоите и смирено, на мирен начин, полека ќе ги замолиш и ќе им објасниш дека сакаш ако може да остануваш навечер барем уште еден саат, ќе им кажеш каде си, ќе им објасниш дека не идеш никаде далеку, кажи дека сите остануваат, па не сакаш да си одиш толку рано. Сигурно и телефон имаш па кажи им дека можат и да ти се јават во секое време, да те прашаат каде си. Ако смирено, трпеливо и убаво им објасниш, сигурна сум дека ако не во моментот барем за два, три дена ќе те пуштат до покасно. И немој веднаш да реагираш бурно ако во моментот ти речат не, кажи добро, ок, ама размислете уште еднаш. Ете, пробај, ништо не губиш. :)

    А за преспивањето ти реков, и самата си кажуваш дека те пуштале еднаш, два пати, ете летово може ќе те пуштат и три пати, прашај ги ама не претерувај. И мој совет, најбитно е никогаш да не ги лажеш, како е, така е, кажи, подобро, отколку да те фатат, (а ќе те фатат, тоа биди сигурна, и тоа одма) па после да изгубат секаква доверба кај тебе, па од дома да не излезеш. Или пак ти рекле до 10, а ти за инат до 10 ипол останеш. Со тоа ништо нема да постигнеш, само ќе докажеш дека си дете и уште повеќе нема да те пуштаат. Покажи им дека си паметна и дека нема да ги разочараш. А тоа само со смирен разговор ќе го постигнеш.

    Мала си уште, колку и да те нервира ова, мала си. Твоите убаво постапуваат со тебе, треба да ги слушаш. Ете можеш за уште нешто плус да се избориш ама колку и повеќе да те пуштат, доволно ќе биде, дури и многу. Ќе сфатиш еден ден, верувај. Кога ќе ги видиш понатака оние на кои секогаш се' им било дозволено, ќе си речеш фала богу што ме држеле од дома. Ама рано ти е сега да сфатиш. Не ни очекувам сега да сфатиш.
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.007
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски

    Тогаш ти останува да не се замараш, прави си како мислиш дека е правилно, не обрнувај многу внимание на нејзините викотници, иако е тешко, мајка ти е сепак. Жално е што има такви размислувања и подценувања. Се надевам дека еден ден ќе ги сфати се, а до тогаш, уживај си, прави си како тебе ти одговара и тоа е тоа... :(
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.