Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Конзервативни родители

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од sweat2, 25 јуни 2012.

  1. aki1998

    aki1998 Нов член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    значи вака јас и srhsejbsk сме разлика 2 год и ја сваќам до негде , поради тоа што до пред некое времеи мене не ми даваа да одам подалеку :( , па затоа јас би ти советувала да почекаш уште некое време додека твоите не сватат дека можеш да остануваш повеќе и дека знаес да се грижиш за сама себе
    p.s и според мене мислам дека до некаде треба да ги слушаш другит а до негде не :) :) :$
     
  2. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.361
    Пол:
    Женски
    Ќе се обидам да разговарам :?: но сепак си останувам на моето сепак ова е поново време па колку и да си била во слична ситуација со мојата ама не си во мојата кожа :)

    Што се однесува до тебе aki1998 ти изгледа си имала проблем само со излегувањето така да не коментирај многу и онака си само 2 год. постара можам да кажам дека ја да бев на твое место би била среќна бидејки на прв поглед тебе ти е дозволено да излегуваш секаде, да остануваш подоцна и ред други работи (извини вака ама мора построго ;) )
     
  3. aki1998

    aki1998 Нов член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    srhsejbsk значи секој има право на свое мислење јас те посоветував според мене не ме фаќај баш за збор .... :angel: како и другите и јас би ти рекла да збориш со твоите родители и да видиш што они ке ти кажат :) со среќа ;) ;) :$
     
  4. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    @buba4e89:

    Знам од искуство дека со ваква жена муабет не се прави, едноставно се нема што да се додаде, секој муабет колку и добронамерно да го почнеш ќе се изнервираш и ќе кажеш нешто што не треба, и пак си крив и ненормален. Се додека зависиш од твоето семејство финансиски ќе те кочи фактот дека ти даваат пари да се школуваш, или да јадеш, или кров над глава ти плаќаат ако студираш на друго место, и немаш простор многу да си свој човек, без разлика на годините. Иако во твојов случај, јас би ги ставила студиите, магисратура, докторат, каков и степен на школување одвиваш во моментов, и би си нашла работиче некое колку за да си плаќам кириичка и да си се издржавам себеси, и ќе си учам. За се` има решение, само покажи малку заби. Веќе си возрасна и го имаш секое право на светот да и покажеш заби и да и се спротиставиш. На 25 години да ти дава психоанализи каква си и која си, и со кој треба да бидеш а со кој не, да ти се*е над глава кој е главен, можда она тебе добро те познава, и твоите слабости и твоите предности, ама што кога не го почитува тоа? Џабе ти е.
    Се додека зависиш од нив некое трајно решение на проблемов ќе немаш...стално на тој заб ќе те клукаат, луѓето не се менуваат преку ноќ, и не се сите мајки другарки, тоа го знам. Ама секогаш има подобар начин, и решение на секој проблем, а веќе ти е време да го побараш својот начин, според мене од некаде треба да почнеш. Со муабет знам дека не бива, тука бар те разбирам...
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. nikongirl

    nikongirl Активен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    4
    Јас немам такви родители, моите се современи. Секако не ме пуштаат секаде и со секако и не ми дозволуваат секакви нешта, но не ме "стегаат", но ве разбирам сите вас.. Знам како е..Разговарајте смирено и кажете им отворено за вашите ставови.. :|
     
    На Oscar Lady, sweet-star и LittlePinky им се допаѓа ова.
  6. hristinnnna

    hristinnnna Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    171
    А и ти Христинче немаш нешто многу право да збориш за ова зашто и ти имаш само 17 години и се' уште спаѓаш во тинејџери и пубертет. И немаш потреба од иронични коментари. Мислам дека си свесна со ваквите постови каков револт можеш да предизвикаш кај еден тинејџер.

    Dream-Girl одлично размислува за своите години и воопшто нема потреба да се менува. Се' во свое време. Сум се нервирала кога ќе ми го кажеле тоа ама денес сфаќам дека поголема вистина нема. Нема потреба да ги прескокнувате некои периоди. Ниту пак ќе задоцните со некои работи.[/quote]


    -Немам сеште 17, сега брзо 15 наполнив.
    И да, знам изреагирав лошо, али нерва ме фаќа кога читам дека девојчиња на моја возраст го одобруваат таквото конзервативно сфаќање на родителите.Знам и јас колку е лошо чусвтвото да си одиш порано од другите.Јас сум бегала најрано од сите, во 12.Само еднаш закаснав,дојдов во 12 и 30 и само јас си знам како поминав. :x Неврмајнд.А таа на мои години си доаѓа во 10, и сега некој ќе речи во ред е тоа.Е не е.И тоа пред зграда, во маала.За спиење кај другарки тато бил малку поконзервативен,али сеа многу ретко идам на спиење кај некој, па затоа не ми ствара некој проблем тоа. :)
     
  7. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.361
    Пол:
    Женски
    мило ми е бидејќи знам дека можеш да ме сватиш повеќе од другите
    пр.Daydream ми даде совет но ти можеш највеќе да ме сватиш :)
     
  8. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.361
    Пол:
    Женски
    блазеси ти, да можев јас така ее :D
     
  9. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Да ти кажам искрено, стварно е така, ние постарите е исто ко да сме живееле во камено доба во споредба со децата денес. Ние сме имале наши времиња со наши принципи, стандарди и уживања, а денешните деца имаат поинакви, исто како што нашите родители имале поинакви од нас.

    Две работи се битни за муабетот.

    1. Претераната опсесија на родителите и грижа за своите деца која се претвора во лудило. Сите деца мора да искусат да бидат повредени физички и психички, да се соочат со алкохол, дрога и пороци и секој родител што мисли дека ќе го заштити своето дете со тоа што ќе му забрани се лаже.

    Проблемот е во родителите што сакаат вештачки да го воспитуваат детето на 13 години, кога пубертетот веќе гази. Тогаш можат само да му бидат советник и токму искуството треба да им укаже на тоа дека дете во пубертет никогаш не било возрасен, ама возрасниот бил во пубертет и знае дека детето не разбира што возрасниот му збори и пак ќе направи по свое. Затоа родителот треба да го спреми за пубертетот, а не да оди у кладилница или да гледа турски серии, па коа ќе дојде јајцето по гзот, имаш излез до 10. Шо, од 8 до 10 не може да се издрогира? Мора после 10? Глупости.

    2. Времињата дефакто се менуваат и само конзервативни, а би рекол и прости родители, тоа не го гледаат. Ако во времето на моите родители било нормално игранка и дома до 11, за мене беше нормално дискач и дома до 3. За денешните деца, не знам, сами нека кажат, нормално е секси четување на Фејсбук дење-ноќе, соблакање на снепчет, фелацио по школски тоалети, појма немам... и изговор од типот, ја сум бил тинејџер, тоа не е нормално, може да го каже само глуп родител кој не сака да го разбере своето дете, туку да го гради ликот на детето по тоа што самиот го искусил како тинејџер, заборавајќи дека ги имал истите проблеми со неговите родители.

    И за крај, ниеден родител не смее да му забрани ништо на своето дете, зашто тоа дете е своја личност. Родителот има должност да го советува, да му укаже на негативните и позитивните страни на нештата, а дали детето ќе порасне во наркоман или научник, ниедна забрана нема да одлучи.
     
    На angelche16, glosipgirl, Anabelle.Amorette и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Ти се наоѓаш во бурни години и не можеш да разбереш зошто така се однесуваат твоите родители.
    Всушност треба да им си благодарна што ти поставуваат граници,бидејќи тоа го прават чисто за да те заштитат,иако не можат.
    Се може да се реши со смирен и искрен одговор,ама они ако ти дадат прст,немој да им ја земеш цела рака.
    Не заборавај дека ти мислат само добро.
    И жити се,не се огледувај на другите.Сите се со испомешани вредности и делуваат како да немаат родители.Немој да мислиш дека е пригодно скитање по цели вечери,пушење и пиење до несвест,и облекување најпровокативно што може.
    После неколку години кога ќе пораснеш и ќе бидеш зрела и рационална личност ќе се сеќаваш на тинејџерските години и ќе речеш дека си била паметна и воздржана личност и не паѓала под влијание на другите.
    Има време за се.
     
    На Oscar Lady, MiloMalo, Lovely93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Linnea

    Linnea Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2014
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    112
    Пол:
    Женски
    Па не сум доаѓала во судир со многу од старите сваќања, бидејќи моите некако ептен ме разбираат. Си знаат дека времето е сменето и се во тек со него а ме разбираат и мене и моите сваќања пошто нели сега во пубертет јас малку се шекнувам :D Се надевам и во иднина ќе е така, најмногу мразам да им објаснувам за нешто зошто така а не вака ..
     
  12. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Ќе може ли на некој да му пратам ЛП, ми треба совет на оваа тема, не знам дали да напишам на темата :)
     
  13. Loly77

    Loly77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2013
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    113
    Ги прочитав скоро сите мислења и секогаш кога некоја феминка ќе се пожали се сочувствувам со неа и во мене се јавува револт.
    И јас се соочувам со нешто слично, претерани ограничувања од родителите, повеќе од мајка ми. И многу другарки се чудат кога им кажувам, никогаш не се соочиле со слични работи...
    Само едно нешто би кажала, колку повеќе се трудат да ме ограничуваат, да ми даваат казни, забрани, дома да има караници и што уште не, толку повеќе ме оддалечуваат од нив.
    Имам 18 год и не сум проблематичен тинејџер. Напротив, не пијам, цигара не сум ни запалила, скоро и да не одам по дискотеки (не затоа што ми рекле така, туку некако не ми е пријатно). Одиме само по кафичи и останувам до 12.30, понекогаш до 01. За учењето секогаш најдобра, први награди на натпревари, првенец на генерација... (не ми е целта да се фалам, туку да ви се претставам каква сум). Секогаш сум се трудела да ги исполнам нивните очекуваања, а тие никогаш задоволни. И уште кога ќе се обидат да ме притиснат со некои нивни сфаќања, е веќе неможам, избувнувам. Скоро цела година се карам со нив да ме пуштат на одмор со друштво, но не можело, и дечкото ќе бил таму... би рекле разбирливо е да не ме пуштаат, но јас нема да одам сама со него, туку со друштво од 10 деца :| Тие сеуште би ме влечкале секаде со нив за рака и да не ми дозволат да дишам.

    Џабе би било да ме советувате да разговарам со нив, бидејќи имам пробано и не помага ништо.
    Што постигнуваат со ова што ме гушат? Само побрзо да избегам од нив, ништо друго.
    Се тешам и си велам уште малку, само уште малку. И верувајте штом ќе станам еконосмки независна, се селам и веќе нема да ме видат, вајда ќе сфатат кај грешеле.

    Подготвена сум да студирам и да работам, да се изборам да имам живот каков што сакам без никој да ми кажува што да правам. Ќе заминам да студирам во странство и се надевам дека ќе успеам да останам таму и после студирањето. Никогаш повеќе да не се вратам |(
    Додека го пишувам ова сфаќам каква лутина се натрупала во мене но само тие си се криви за тоа. И никогаш не постигнале ништо со тоа што ми поставувале најстроги забрани. Секаде каде што не ме пуштиле да одам, сум била без да знаат, се што не ми дозволиле да направам, сум направила, за се што ми забраниле, јас повторно сум си истерала по свое. Секако, при секоја одлука размислувам зрело и еве не сум направила никаква глупост.

    Ова го напишав со надеж дека некој родител ќе сфати дека ако се однесува премногу заштитнички кон детето, притоа уништувајќи му го животот, нема од него да направи подобра личност, доктор, научник. Ние повторно ќе си најдеме начин, а тоа колку ќе успееме во животот зависи од нашиот карактер.
     
    На eloves и srhsejbsk им се допаѓа ова.
  14. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.090
    Пол:
    Женски
    Ваква сурова казна на родител од банални причини може да посака само дете кое не е зрело да се соочи со предизвиците на животот. А трпението кај ти исчезна ? Зошто сметаш дека имаш проблем ? Тие посветиле време и внимание на твоето воспитување, вложиле финансиски и психички напор. Вреди ли да се занемари фактот дека нема идеален родител само заради едно летување ? Си истерала по свое - голема работа, од една страна велиш сакаш да ги исполниш сите нивни очекувања од друга изјава тврдиш дека ги исполнуваш нивните не очекувања. Не гледам причина за толкава омраза, многу тинејџери се соочуваат со поконзервативни родители и строгите забрани им се секојдневие, не се рамни ова со семејно насилство па да имаш толку гнев.

    Тие лично немаат некоја значајна придобивка од ваквиот принцип, ( не значајна во смисла колку значајна би ти била тебе понатаму во животот, како што процениле тие секако ) и често нивната заштитничка природа ги носи границите до нетолерантно ниво за тинејџер ( разбирам been there done that ), ама во твојов случај не гледам поголема причина за вакви тешки зборови.

    Стани независна, помини некој километар во животот, имај дете, направи грешка и нека те напушти засекогаш па да ја почуствуваш болката на покајанието од ненамерна грешка во родителството.
     
  15. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Или, може обратно да го поставиме муабетот. Помини некој километар во животот, имај дете и не ја прави истата грешка за да не ја почувствуваш болката која тие ќе ја почувствуваат. :!:

    Ја сум на страната на Лоли. Overprotective родители докажано не му носат ништо добро на детето. Ако стварно успеат да го заштитат од лошите нешта кои младоста може да ги донесе, дефакто ќе го сјебат ментално да не може да биде своја личност и да има карактер кога од тоа вистински ќе има потреба.

    Родителот не треба да го држи детето со конци одозгора како да е марионета, туку да му биде Џепето на Пинкоио кога е жив, што додека го пишувам ова уствари ми вади сосема нова поента. Дрвената кукла ја мрдаат родителите со своите прсти, а живите деца се пуштаат сами да откријат која е тежината на лагата и сите други проблеми во животот. :emo:

    Пуштете ги децата сами да бидат одговорни за своите постапки. Сите мора да си ги изгребат колениците кога-тогаш.
     
    На tessie, glosipgirl, nevermet18 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Loly77

    Loly77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2013
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    113
    XstrongerX те сфаќам што сакаш да ми кажеш. Верувај уште од мала имав огромно трпение и разбирање за нивните проблеми. Често имаше семејни проблеми, караници по дома и јас се обидував да бидам што е можно помирна, незабележителна, повлечена само за да не им создавам дополнителни проблеми, да не им бидам додатен товар. И така растев исполнувајќи се' што очекуваат од мене, трпејќи притисок за многу работи, несакајќи да им преречам затоа што ете тие ми се родители, ме одгледуваат, како што рече, вложиле финансиски и психички напор. Но некако ми се чини дека ми наметнаа само обврски и притисок да ги извршам а никогаш не добив пофалби. Мислам дека ова е типично за родители што трчаат само по кариерата, наметнувајќи му ги на детето сопствените желби без да имаат обзир за неговите интереси.

    Притоа не смеам да излегувам на одредени места, не смеам да се дружам со одредени луѓе (кои воопшто не се лоши, или пак да имаат лошо влијание врз мене, да имаат некои пороци или нешто слично, па да ми бранат да се гледам со нив), туку ете така, затоа што нив не им се допаѓаат. Не е само летувањето, тоа го дадов само како пример меѓу повеќе нешта што ми сметаат но не би сакала да ги пишувам сите. Ако им преречам за некоја работа (еве пример, им реков дека несакам да студирам тоа што ме тераат тие, едноставно не ме интересира тоа во животот, сепак се работи за моја кариера, за мојот живот) веднаш почнуваат со навреди, не сум амбициозна, незнам што сакам во животот, од мене ништо не бидува, никаде нема да стасам...(и тоа ове се некои од подобрите работи што ги имаат кажано). Како ова да не предизвика револт. А моите амбиции не се мали, едноставно не се согласуваат со нивните.

    Можеби тоа што до сега сама се буткав да исполнам се, да се снаоѓам во секоја ситуација (освен финансиски, бидејќи сеуште ме фифнансираат родителите) созреав побрзо. Тоа што брзам да станам независна не е за да се однесувам како збеснато куче испуштено од ланец, туку за конечно да можам сама да одлучувам за мојот живот.

    А за тоа кога јас ќе имам деца, секако дека и јас ќе се плашам за нив, но ќе верувам во нив. Ќе верувам дека се цврсти личности, ќе ги почитувам нивните одлуки и нивниот карактер, затоа што тие ќе бидат свои личности, неможе да бидат копија на мене. (Исто како што сакав мојата мајка да верува во мене).

    ^Сега од после го забележав и мислењето на Captain-Omni, до некаде кажа што сакав да кажам :)
     
  17. zeka

    zeka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    9.957
    Пол:
    Женски
    Проблемите се како мозолчиња, една грда рана. Причина за таа рана е инфекција. Не сум навикната да ги одстранувам мозолчињата со стискање. Така само ги напаѓаш симптомите и ризикуваш да ти остане лузна или да ја влошиш инфекцијата. Сакам самата инфекција да ја лечам и да спречам да ми излегуваат нови мозолчиња. Да се концентрираме на коренот на проблемот, зошто на симптомите? не не..

    Но за сегашниов проблем треба и двете страни да разговараат не само едната. Почнувам да мислам дека никогаш нема да го решам проблемот и дека едноставно не е битно што ќе кажат комшиите, роднините.
    Битно е ние што сакаме, битно е јас што сакам и како се чуствувам. Многупати сум се обидела, не е еднаш. Ама веќе ми е доста, секој еден да ми се меша во приватни работи. |(

    Јас не барам да ги прифатат моите мислења, ставови и сл. Доволно е да ги почитуваат.
    Иако Ми се родители небо- земја сме различни карактери. Едино во работа може да се сложиме заедно.
    Ама останатите ставови им ги почитувам, но не значи дека и прифатам и применам.
    Истото го барам и од нив.

    Имено, минатиот викенд, дојде роднина кај нас, како сте-што правите/одлично, благодарам.
    Седна жената, и отворе тема за мажачка и да донесе некој да го видам.
    Попиздев, начисто! ама моите не ми дадоа збор да речам. Тоа најмногу ме повреди, не толку што жената дојде и се осмелува да се меша во друг живот. Едноставно, за неа доволна е една фина, скоцкана-културна реченица и адиос. Ама односнот од моите ме боли, и крај.
    Имав утисак дека кога сакав да и реплицирам и сметав дека имам право на тоа, ќе ме удареа за малку. што во овие 20 и кусур години не паметам да се случило.

    И дома се обидов да разговараме, ама велат дека нема за што да разговараме. Со такво понашање -едноставно не може.

    Кај мене гневот само расте, од ден на ден. Колку и да се обидувам да не мислам на тоа, неможам,, ме боли. Оти знам дека не било еднаш до сега , се повторува и допрва ќе се повторува ако ги стискаме само мозолчињата.

    Една недела, еве втората фати не живееме заедно. Ама, не се ни сеќавам да ми зазвонил телефонот ида прашаат како сум. Сметам дека не ги засрамив, нити има од што да се срамам. Па да одам да се извинувам, нема шанси. Не сум нити инаетчика, нити тврдоглава. Кој како сака нека мисли.

    А како да допрам до нив, стварно незнам веќе, се обидов на повеќе начини. :(

    едит:
    Па, ја, не се чуствувам спремна за тој чекор, неможам да се замислам во таа улога. Сите имаме различни приоритети во животот. А ако е проблемот собата што ја *зафаќам* им кажав дека не е проблем, ќе ја ослободам. Оти, нели, брат ми не можел да се жени јас немажена. |( И нема потреба да ме чуваат утре во шифоњер, стара мома.

    Размишлење на нивоо.. :envy:
     
  18. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Зека! А ако е проблемот собата што ја *зафаќам* им кажав дека не е проблем, ќе ја ослободам. Оти, нели, брат ми не можел да се жени јас немажена.
    А да не се замараш, еј во кој век сме со стројници да те мажат , абе ова твоиве ептен за никаде биле. Пример со моја снаа (затоа го копирав твоево напишано) Брат и не можел да се ожени оти таа била стара мома немажена и што сега , ами тој на 50 и кусур уште е ерѓен.Ај не се замарај со простотлук.Живеј како што мислиш ти.
     
  19. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Едно е родителите да се конзервативни друго е да се строги. Иако ако мене ме прашувате на демешните герерации и треба строгост, многу строгост. Сум видела конзервативни родители, строги ама сум видела и родители кои на своето дете му дозволуваат да си прави се што сака. Жени од 40 години кои се бетер од деца од 14 години седнале пред компјутер/телевизор и цел ден зјапаат. Или му дозволуваат на 14 годишно девојче да носи кратко и штикли само затоа што сите носеле и било во мода, ете такви "модерни жени " сум видела. Подобро родителот да е строг и да го изведе на вистинскиот пат детето додека е време, отколку по 10 години да си ја чука главата од ѕид. На децата од 14/15 зборовите: учете, имате излез до 11/преку сила 12, облекувајте се пристојно, внимавајте што правите ... бла бла бла еден куп совети им се чинат како шега и заостанати мислења ама по 25/30 години кога ќе имаат свои деца ќе осетат на своја кожа. Сум за строгост но не претерана. Не сум за тоа на детето да му забрануваш: не прави вака, не оди таму, не со тој, не со овој, не вака, не така .. и нормално дека ќе оди против твоја воља. Ако му се објасни зошто да прави нешто или зошто д ане го прави мислам дека самото ќе биде свесно. И мене не ми се допаѓаат родители кои ќе го врзат своето дете како куче на ланец и не му дозволуваат буквално ништо. Без навредувања ама едно животно ако го држеш подолго време на ланец на крај еднаш ќе мора да го пуштиш а ко ќе го пуштиш тоа нема да знае на кој крај да фати. Сум за да се излезе да се прошета да се види и да се сфати што се се случува надвор и да се сфатат родителите пред се зошто се строги оти тие биле на нашите години и го поминале ова, ама ние не сме биле на нивните. И пред се за интертетот колку е корисен толку е и штетен. Родителите не би биле толкју строги, децата не би биле такви какви што се сега да се живееше како пред 10 години. Да се знаеше до 10 часот надвор се играале најразлични игри и после секој по дома.
     
    На angelche16 и Joi им се допаѓа ова.
  20. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.361
    Пол:
    Женски
    Прво незнам баш дали мислењево е за конзервативни родители, па за да не ме тепате одма ова не е конзервативност да си кажам дека незнаев каде на друго место да побарам совет.


    Значи вака јас сум на Т-мобиле и имам договор месечно 499ден. 100 мин кон другите мережи, бесплатно кон т-мобиле и 3гб интернет.Е сега за јуни ми дое сметка 1500ден. па тоа се 1000 ден повеќе.Кога виде таткоми почна да се дере вака така.А јас не сум знаела дека 5-10-20 сек. разговор го сметаат како цела минута.И јас така ке излезеш да-не и толку од зборување на тел.А како да докажам мене не ми веруваат мислат јас сум спиела на тел.Плус на сметката пишува дека имам 3 саат кон другите мрежи разговор а кога проверував на тел (телефонот сам ми кажува) за јуни имав:
    Излезни повици: 40мин
    Влезни повици: 2часа
    Вкупно: 2часа 40мин

    Од каде 3 саати кон другите мрежи бе??Јас повеќе дремев на интернет отколку што се јавував на телефон.

    Е сеа проблемот е што мене ми е страв да се јавам на некој одма каде вртиш сакаш сметката пак да дојде толкава ајде исклучувај.Во последно време користам вибер ама немаат сите мои другарки вибер бе :^) па како сакаат моиве.Ми викаат од кај нив да се јавувам ама неможам зошто само викаат ај доста ти е зборење.Јас не сум крива што 30 сек. разговор го сметаат како една минута :^)

    Јас максимум зборувам 3 минути а најмалку 10сек. А другарками се јавувам мн. почесто а + е на кредит или ќе се јави од кај бабаи.
    Баш пред малку зборев со неа ми се јави од кај бабаи и ме задржа 10 мин. (дека она е во друг град и ми кажуваше бла бла) ама секогаш она ми се јавува од кај бабаи а јас нејзе ич и се немам јавено а со другите не збориме на тел зс се тука блиску.А иначе сега со другаркиве од другиот град се слушаме на вибер али оваа што ми е најверна нема телл што може да се инсталира вибер и мора да се собираат сите па да збориме а јас сакам само со неа да зборам што се вика :|

    Кажете што да правам мн ме притискаат за сметката страв ми е телефонот во раце да го фатам само да не ми трубат нешто.Итоа ова се случи по 2 год откако го имам договоров и одма дерење.

    А братми кога правеше секој месец по 1000 а требаше по 500 да прави него ништо не му викаа а srhsejbsk кога еднаш ќе згреши и по нејзе мора да се дерат само.