Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Конзервативни родители

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од sweat2, 25 јуни 2012.

  1. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Јас многу добро те разбирам и да ти кажам дека овие операторите се страшна работа не само ти мобаел туку и другите. Јас пред 2 години имав телефон со број на претплата ама од Вип. Претплатата ми беше 295 денари. Имав 1000 минути кон вип за цел месец и на пола цена кон другите оператори. Првите неколку месеци не зборував толку и ми доаѓаше нормална сметка ама ко појдов 8 одделение тој месец септември изгледа сум претерала малку ама малку. Инаку да и 1 секунда да е се смета како минута. Зборував јас со некои другарки, зборуваше татко ми со сестра ми по половина час, мајка ми со сестра и и со баба ми. Брат ми често се јавуваше на некои другари ама 5 минути зборуваше. Мислам убаво се сеќавам не зборувавме многу и не е можно да сме надминале 1000 минути за еден месец. А јас не ја проверив сметката и на почетокот на октомври ми дојде околу 2000 и нешто скоро 3000 денари сметка. И секако јас бев виновната. Барав од моите да извадат лист од Вип да видиме каде е ѕвонето и колку е зборувано вујна ми работи со кејбелтел и ни рече дека е можно такво нешто и кога отидовме во Вип жената рече треба да си платите незнам таму колку пари и дека баш тогаш не било можно. Отидовме по 2 дена нешто рече таа опција не е можна и така остана го плативме на крај ама јас телефонот го дадов на мајка ми таа да го користи и си купив број на кредит. Секој сега може да рече дете се занело и зборувало повеќе ама ајде да речеме дека сум зборувала малку повеќе ама сметката ќе ми беше 500 па и 1000 денари ама што е многу многу е. Истото ти го препорачувам и тебе бројот на претплата дај го на некој друг за себе земи си на кредит илјада пати подобро кога имаш ќе се јавиш кога не не. За д ане те боли главата на крајот од месецот.
     
    На srhsejbsk му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.196
    Пол:
    Женски
    Татко ми е некако вклопен во новово време, но мајка ми сеуште како да живее во минатиот век.
     
  3. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    54.972
    Пол:
    Женски
    Моите не се конзервативни во никој случај, само понекогаш знаат да бидат малку построги,односно тоа повеќе кога растев и созревав,имаа доверба во мене да,ама сепак не ме оставаа да правам што сакам и на некој начин им сум благодарна за тоа,зошто покрај нивната строгост не скршнав од вистинскиот пат...инаку знам логички колку е грдо да растеш со затуцани родители со сваќања од 18 век,стварно е тешко ,имам гледано милион примери:D значи едно е да се построги ама сепак да те пуштат и да поуживаш во животот притоа со ум,а друго е да се конзервативни и да не те пуштаат никаде ,да ти дишат во врат,да ти одберат тие маж,да живееш живот по нивни правила,не фала8-|
     
    На 2212 и LittlePinky им се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.951
    Допаѓања:
    12.626
    Какви се децата денеска треба малку строгост, затоа што ако ги допуштаат никогаш нема да изградат карактер. Не му правиш услуга ако фаќаш врски да му поправиш оценки, ако на 15 години му купуваш парфеми од 2000 денари. Роднина од што ја разгалуваа еве ја сега возрасна цело време се шета без денар да тргне настрана. Беше на море и 3 пати на езеро во Македонија и на планина ќе оди. Често до следна плата нема пари и бара од родителите.
     
    На cresa-jagoda и Rama им се допаѓа ова.
  5. HoneyAxl

    HoneyAxl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    151
    Е што им фали на децата,мислам различни има,јас конкретно мислам дека спаѓам во тие што ги зборите,но јас на пример не купувам парфеми од 1000 ден,а камо ли па од 2000,за мене тоа е глупост,а за фаќањето врски нема везе,има различни ученици и нема ништо лошо да се ургира за 5,детето колку може ке учи,ама штом вие сакате нема проблем,тоа е желба на родителот и не е разгалување.А инаку јас сум до 11 часот(највеќе),што мислам дека не е одговара на мојата возраст и страшно ме нервира,ама више нема така,наредниот пат кога ке излезам ке си седам повеќе и не ме интересира.И не мислам за седење во чаршија,туку и вака обично..
     
  6. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Која е таа возраст ако не е тајна?
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  7. HoneyAxl

    HoneyAxl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    151
    Во октомври ке полнам 16,за 1 ипол месец некаде,поточно.
     
  8. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Ова ме потсети на нешто. Татко ми сакаше да ме убеди да не одам на екскурзија (таа у шесто) и да си седам со него, ќе сме си шетале заедно, зошто би одела на екскурзија, кога можам со него да си седам..(facepalm)(facepalm)
    Неќеше да троши пари на мене. Ме третираше и уште ме третира како да имам 5 години, не разбира дека пораснав и дека само ме брука у јавност кога пробува да ме насмее..:tmi: Затоа избегнувам да поминувам време со него бидејќи не ме сфаќа озбилно. :)
    Majка ми не е конзервативна и понекогаш ме разгалува, ама ништо страшно. :lol: За неа е нормално и сега кога ќе појдам у средно дечко да си фатам, па понекогаш ме подбуцнува. :lol:
    Толку, немам некое посебно мислење на темава, само Елена ме потсети на случката па реков да пишам. :) :*
     
    На QueenElena му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.951
    Допаѓања:
    12.626
    Ама на детето му се удоволува за се, секакви луксузи, му се плаќаат приватни часови и родителот мора пак да фаќа врски за слаба оценка од 2 да биде 3. Во денешно време ништо не е џабе. За таа ургенција родителот друг пат должи услуга. Родителот да не биде престрог ама не и преблаг. Од мало да го научи на одговорност.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  10. HoneyAxl

    HoneyAxl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    151
    Епа затоа ја реков има секакви видови на ученици,и тие не ги оправдувам,но еве јас сум одлична ученичка,никогаш немам земано приватни часови и сл. бидејќи не сум од толку богато семејство и уште од мала сум научена да се задоволувам со тоа што го имам(пр. не сум плачела по некоја играчка како другите деца,сум знаела да си заќутам кога мама ке ми рече немаме за тоа пари,без да се лутам)..
    Но,ете ни успехот во училиштето,ни поврзаноста со родителот некогаш не е доволна ..
    Се чувствувам како да им давам се,а за возврат не добивам ништо. :)
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Моите па беа тотално спротивни. Додека растев буквално се ми беше дозволено.
    Не памтам за нешто не да ми имаат речено.
    За казна немав слушнато, уште во 7мо одделение излегував до 12, на 15 години си ставив два пирса на уста, татко ми освен со здравје да си ги носиш, ништо друго не ми рече. :D
    Прва цигара кога запалив, прво на него му кажав.
    Прв дечко кога фатив, отидов прво на него да му се пофалам.
    Прво пиво ми беше со него во 7мо одделение.

    Татко ми се водеше по тоа „куче што растело врзано, откако ќе го пуштиш ќе збесне“, па реши да ме советува само што е добро, што не ама да ме остави сама да решавам за својот живот.
    Буквално се знаел за мене, кај сум, со кој сум, за ништо не сум се криела па имал апсолутна доверба во мене.

    Уствари памтам и еден муабет од него кога бев прва средно.
    Одеше вака: „Јас да сакам можам се да ти забранам ама тоа не значи дека ти ќе го почитуваш. Ти ако сакаш нешто да направиш, ќе го направиш и можеби јас воопшто нема да дознаам. Ако ти забранам да излегуваш, ти можеш навечер низ прозор да побегнеш. Ако ти речам дека рака ќе ти скинам ако те видам со цигара, ти на секое излегување ќе палиш, ќе се гребеш од другарите другарките. Ако ти речам да не пиеш, ќе се правиш дека спиеш кај другарка за да не те приметам. Така да подобро да знам и дека пиеш и дека пушиш па ако треба јас ќе дојдам да те соберам од искачање кога си пијана отколку сама да се враќаш и да глумиш трезна.“



    Муабетот ми е, повеќето другарки мои имаа многу строги родители, ама тоа не ги спречи да ги прават истите работи што ги правев и јас, само заради тоа што нивните им се закануваа дека ќе ги избркаат од дома ако направат тоа и тоа.
    Разликата беше у тоа што татко ми секогаш знаеше кај сум и што правам без да се секира, а нивните родители појма немаа у кое дувло седиме и пиеме. :)
     
    На glosipgirl, theowndemon, eloves и 2 други им се допаѓа ова.
  12. starstar

    starstar Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2015
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    69
    Пол:
    Женски
    Родителите ми се малку конзервативни и дооста строги (да не почнувам да зборам колку ретко јас сум излегувала од дома )и искрено не би сакала да се поинакви.
    Благодарна сум многу што биле такви,додека јас сум седела дома моите другарки правеле глупости и се враќале дома во 6 сабајле а нивните родители не ни знаеле каде се а денес тие девојчиња се качуваат по коли кај стигнат сите ги зборат правеле што сакале уште од мали и затоа се такви се им било дозволено..
    Кога ќе ми текне колку сум се карала за тоа излегување,кога сум во училиште од понеделник до петок излегување никако а за викен или само сабота или само недела после школо мора одма дома и тоа и во средно само трета година и четврта се провлекував некако дека дечко имав :lol:
    Иако имам 19 години не ме пуштиле а и не ме пуштаат сеуште да спијам кај другарка,излез имам максимум до 2 итн.
    И кога би имала дете( знам дека сеуште е рано за тоа :D ) би постапувала скоро исто,не сакам да биде премногу разгалено да не знам каде е и да не се прибира дома така да вие што сте помали не се лутете многу ќе сфатите еден ден дека е за ваше добро сето тоа :)
     
    На Tanjamm, cresa-jagoda и Rama им се допаѓа ова.
  13. awayfromyou

    awayfromyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2012
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    299
    Пол:
    Женски
    Моите не се конзервативни но се малку строги,за што сум им многу благодарна.Секогаш се грижеле за мене,ме воспитувале на најдобар можен начин.Не сум можела да правам што сакам.Ме научија дека секогаш мора да постојат граници за се.Памтам кога бев малечка , па около 12,13 години кај нас во близина имаше рингишпил и се собиравме така малечки се игравме ова она, ни беше интересно.Моето време беше до 9 часот.Додека сите други остануваа до 12,1 јас до 9.Тогаш плачев и се лутев на нив,но денеска сум горда и среќна што биле толку внимателни и се грижеле за мене.Израснав во добро воспитана личност, веќе 19 годишна,која не ги разочарала никогаш. А да,имам другарка на која родителите се многу конзервативни.Не смее другар да и дојде дома, веднаш дечко и е.Еве 19 години има таа не смее уште за дечко да слушне.Доколку фати дечко готово со него мора да остане.И во никој случај не смее да биде со него доколку не го запознаат нејзините.Не смее да се разголува,што ќе мислат луѓето,не смее ова не смее тоа.Душичка,има многу проблеми , но не знам сето ова како ќе заврши.Би сакала да и помогнам но ете неможам.Како од кој знае кој век да се излезени.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  14. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Прво и основно, со инает ништо не правиш само самата на себе можеш нешто лошо да си направиш. Останувањето до доцна никогаш не сум го гледала како нешто срамно или незнам ти што, зошто ако ти сакаш да направиш некоја беља и сред бел ден ќе ја направиш, ама ете родителска грижа да те знае дека си дома. До некаде и родителите ги разбирам, секој сака се најдобро за своето дете.

    Не си мала ама место инает покажи зрелост пред нив.

    Да има секакви видови ученици ама ти тоа што учиш си учиш за самата себе, не за твоите родители. Ако учиш и завршиш повисоко образование тоа ќе биде добро за тебе, за твојата иднина. И пак ќе се вратам на првите две, не дозволувај од инает кон родителите да попуштиш со учењето или нешто. И годините ти ги разбирам бунтовна си ама немој да брзаш да пораснеш за се има време уште многу ќе излегуваш.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  15. maca cvet

    maca cvet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2014
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    voopsto ne se sram od svoite roditeli iako se malku zaostanati tie sepak mi mislat dobro
     
  16. Red Flower

    Red Flower Активен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    И јас имав таков проблем со конзервативни и строги родители.
     
  17. Daniel1997

    Daniel1997 Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2018
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Машки
    Јaс oбрaтнo... Дедo и Бaбa кoнзервaтивци... Мoи рoдители пo либерaлни... Јaс кoнзервaтивец дури и крaјнo... Јaс пo мoе личнo искуствo мислaм декa сите пoчнувaaт дa ги гледaaт грешките вo рaзмислувaњетo нa рoдителите и пoсле стaнувaaт се oбрaтнo oд нив и сo тoa се грaди кaрaктер... Или пaк пoтсвеснo сите ние мaлку ги мрaзиме и не сaкaме дa сме кo нив...:rofl:
     
  18. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    Зависи за што.Пример излез имам до 12ипол, на журка ако одам до 3-3ипол максимум.
    Вака се океј, порано се љутеа и ме казнуваа за се и сешто.Како што проаѓа времето сфаќаат дека не можат во целост да ме држат под конец и стаклено ѕвоно.За дечковци не праaт проблем.
    Гледаат да искачам со океј деца, да не се понашам како уличарка, да сум здрава и разумна личност.
    Некогаш се замараат со ситниви од типот на ,,не пуши пред комшиите” ,,не се дери ќе чујат комшиите”.
    Искрено порано им се љутев на моите зашто се толку строги бидејќи беа уби Боже.Сега сум искрено среќна шти биле такви бидејќи кога гледам што сè се дешава во мојата околина сфаќам дека и јас сум можела да тргнам по таков некој пат, или нешто да ми се случи да не бил ставот на моите.И ми се сфиѓа што некогаш наоѓам компромис.Пример мајка ми летоска и до 3-3ипол ме пушташе надвор, ама татко ми на пример не попушта.И веќе не им се љутам, не ми е ни срам да кажам до колку имам излез.Бар знам дека нема да правам глупости ако седам со сабајле надвор како куче пуштено од ланец бидејќи искрено тогаш се правст најголемите грешки во животот.
    Ќе ни попуштат 2-3 пати и отиде се во вражју м...
     
    На worrieddd му/ѝ се допаѓа ова.
  19. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Зарем самата не си свесна, твоите треба да те потсетуваат да не направиш некоја белја?
     
    На candy.cane, Snowflake97, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    Свесна сум.