Беа малку конзервативни на тема секс . За СПБ и останати последици учев од интернет . За друго биле ок . Ме оставале да излегувам до кога сакам ама - со памет во глава . А и онака најчесто бев во селскиот кафиќ , во град само со сестра ми , која како постара од мене ми беше надгледувач во случај да " забегам " , ама и јас не бев некоја што прифаќа пијачка од рандом ликови , никогаш не сум побарала цигара од некој , и не сум дозволила секој да ме мотка како сака . Гледав да се забавувам со друштвото . Така да , немаше потреба да ме држат затворена дома или пак под конец . Еднаш се сеќавам , дали бев 7-мо или 8-мо , се осмелив да му кажам на татко ми дека ми се пие вино . Ај тоа , па и он ми вели : " оди земи од горе " . Имаме едни малечки вина дома , вкупно 3 чаши има во шишенцето , па по такво ме прати . Една јас , една тој , една сестра ми .. и отиде виното . Мада , ич не ме бендиса , веројатно и татко ми сакаше да ми се згади црвено вино за цел живот ама види , зезнато , ден денес бело вино не поднесувам , а црвено , црно и розе обожавам . Сеа ќе ме мислите алкохоличарка , ама во животов се имам испијането само еднаш . Секогаш си ја знам границата ( а тогаш еднаш , поминував низ стресен период , затоа и се случи пијанството ) .
Моите родители се конзервативни но не многу, онака минимално. Никогаш не сум имала никакви забрани ниту казни за нешто, на 15 год имав излез до 12, после тоа воопшто немав никаква граница за време кога сакав тогаш се прибирав, но имаат премногу доверба во мене кога испаѓам им кажувам и каде одам и со кого одам, ако испаѓам да пијам им кажувам одам да пијам или без разлика што да е, кога прв пат запалив цигара уште истиот момент кога дојдов дома им кажав јас од денеска почнувам да пушам, секогаш кога и да сум испаѓала ми викале оди ама со памет у глава. Нормално сум советувана како и секое дете и ме научиле што е добро а што е лошо и јас без разлика и помала кога бев и кога сум била испадната по цели ноќи сум знаела сама да се чувам и пазам од лоши работи и да одлучам што е добро и дали да го направам, и не сум скршнала од правилниот пат, кога би имала деца би била иста како моите родители бидејќи добро воспитано дете колку и слобода да има ќе се води според тоа како го воспитувале, нема потреба од тие стегања и врзувања дома, но тоа е произвот на тоа што родителите сами се сомневаат во тоа како и дали ги воспитале своите деца и имаат потреба да ги држат врзани на ланец. Мене мајка ми постојано ми викаше "не ја ставај ногата во огинот и нема да се изгориш" сакаше да ми каже ако свесно направиш нешто лошо последиците после сам ќе си ги сносиш, ти ќе бидеш изгорениот. Единствено нешто за кое не ми дозволуваа и имаат такво застарено размислување е за тетоважи, но веќе се помирија со тоа и тоа ми дозволуваат.
Здраво, најпрво да кажам дека имам 16 години, за 4 месеца 17. Можеби повеќето од вас ќе ме критикуваат затоа што имам дечко, мала сум или слично... До сега дечко не сум имала, овој ми е прв, а веќе една година. Моите родители се разведени, јас живеам со мајка ми. До пред некое време, татко ми го сметав за совршен човек, се додека не размислив убаво и не си ги отворив очите. Тој има угледна работа, почитувана личност е (според неговите кажувања), има „свои“ луѓе, може да заврши многу работи, додека мајка ми е со средно, работи за една минимална плата. Одсекогаш тие двајца се „плукале“ меѓусебе, кој каков е, се навредувале пред мене, се пцуеле, повеќе татко ми, одколку мајка ми. Таа има некои здравстевни проблеми. Тој одсекогаш се трудел да се претстави демек во најдобро светло пред мене, но во последно време само ме разочарува, навредува, повредува... Со оглед на тоа што сум 16 години, најлуди години, јас сум свесна за многу работи, размислувам зрело... Свесна сум дека животот воопшто не е лесен, со оглед на тоа низ што се имам поминато. Не сум како многу од мојата генерација што се. Цигара во уста немам ставено, а да не зборувам за трева и сл. Алкохол, онака од дедо ми, татко ми само ако пробам. Дечковци, до сега не сум имала. Не сум како многу девојки на моја возраст, знаете на што мислам. (Ова се многу мои врсници) Одличен ученик сум со сите 5. До сега секогаш сум се трудела за моите родители да бидат горди, а повеќе за мене го сакам тоа одколку за нив. Одсекогаш сум сакала да бидам личност за пример, за гордеење, паметна, а утре и моите деца да се гордеат со мене. А и сакам да бидам девојка која машките ќе ја ценат и почитуваат. Не сакам никогаш во ничии очи да бидам лесна девојка. Но, колку јас и да се трудам да му докажам на татко ми дека нема да го засрамам никогаш во животот, секогаш ќе се трудам да се гордее со мене, толку тој не ми верува и не сака да ме разбере. Точно, направив грешка со која ја изгубив довербата во него (ми беше забрането да се возам на мотор, а јас се возев) со мои врсници, кои беа неискусни возачи, без заштитен шлем, тогаш бев помала и свесна сум дека не размислив убаво, би можела секаква несреќа да се случи, но тоа го повторив неколку пати и татко ми ме фати и добив казна за тоа, свесна сум дека тој се грижеше за мене, затоа така постапи и беше во право, за тоа не се лутам. Освен за тоа, тој ме казнува кога ќе добијам 4 на тест, нема излегување два месеца во град, ме казнува ако закаснам 5 мин, до 12 сум пуштена, нема излегување еден месец, ме казнува ако потрошам повеќе пари, ме казни затоа што ми се расипа телефонот, демек намерно сум го расипала не сака нов да ми купи, не ме пушта на базен со другарките и ред други казни за банални работи... Освен тоа ме следи... На брат му син, мој братучед работи во Скопје, а кога се врќа овде за викенд, ме следи. Ми го прислушкуваше и телефонот некое време. Не напоменав и татко ми работи во Скопје, се гледаме само за викенд. И веќе ми скисна и почнав да си терам по свое, си одам дома покасно, кријам од него дека имам дечко. Дечко ми е неполни две години постар од мене. Но овде мене не ми е проблемот дечкото, туку повеќе татко ми. Јас сепак сум 16 години и нормално е на моја возраст да се има прв бакнеж, прв дечко, колку и да сме незрели, во тие години сме. Утре ќе ни помине лудилото, а можеби и ќе останеме долго заедно. Многу среќни парови се заедно од 15, 16 години. Сепак не сум мала да ме казнува за такви работи. Јас сакам да му кажам се, да му кажам дека имам дечко, но тој ќе полуди. Нормално е да се дружам, свесна сум и за тоа, дека многу од пријателите се лажни, затоа имам само една најдобра другарка, останатите подалечни, но тој повторно ме „замара“ како не треба да се дружам, како да не комуницирам со луѓето. Најголемиот проблем ми е тоа што тој никогаш не сака да ме сослуша, мисли дека секогаш само тој е во право, со било кој кога разговара, кога и да сакам нешто да кажам, ако не му одговара, ми вели трај, ме казнува, немам право на свое мислење и своја приватност. Прееска ми го зеде телефонот и ми читаше разговор со сестрата на дечко ми, готова бев, се преплашив, не знам дали некој му кажал, што му стана наеднаш, ми вели, што имаш ти со братот на ..., ме малтретираше психички, јас тоа така го сметам, јас сум доволно возрасна да имам своја приватност. За дечко ми не дозна. Е сега проблемот е во тоа што, татко му е во затвор, за фалсификуван документ и неогивте се разведени, поради неверство и вонбрачно дете, но јас сметам дека не треба тоа да влијае на татко ми, не се битни родителите битни сме ние. Тој е дете како мене, но ние за наша возраст сме ок, излегуваме, шетаме, се дружиме, што не е ништо погрешно. Не е како татко му, мирен е, добар, паметен, добра душа. Мајка ми и сите останати го прифатија. Но татко ми по се изгледа нема да сака да слушне за него, а ја прокоментира и сестра му „домаќинка“ била, како што и за сестрите на мајка ми коментира и за многу други жени. Негоавта мајка ме прифати, си правиме муабет, одам на гости и се е во ред од нивна страна. Јас се плашам од него, поради такви забрани и закани. А со оглед на тоа дека е моќен, може многу да ми помогне во животот, не сакам да го изгубам, родител ми е и не сакам да имам некоректен однос со него, го сакам, но не сакам да се разделам ни со дечко ми, ниту да ми чепка во приватноста и тој да ми го контролира животот. Јас сама сакам да донесувам одлуки, крај краева, за мене е, не за него, Тој кога не успеал да го среди неговиот, мојот ќе го средува... Некогаш мислам дека толку ме напнува за да не му го извалкам образот, а не сфаќа дека психата ми е нарушена. Разговарав со сестра на мајка ми, многу сум билска со неа, ми рече, мораш да завземеш свој став, да се поставиш, инаку ништо не правиш во животот, но јас се плашам едноставно, сакам да се изборам со ова, но немам сила, ќе ме казни, ќе ми го уништи животот со таа претерана строгост и контрола, така повеќе ме тера на глупости, почнувам да го одбегнувам, да ми смета, почнувам да мислам дека е психопат, но се плашам да му се спториставам. Мајка ми и да му зборува нема да ја слуша, а на мене ќе ми се јави и ќе ми рече, одлучи кој ќе слушаш не ми играј двојни игри, ќе се откажам од тебе. Многу родители би сакале да имаат деца како мене, а тој не знае ништо да цени. Што мислите за случајот, како би ме посоветувале?
Знам дека ќе ме осудите за ова што го пишувам но преку глава ми е од сфаќањата на моите родители.Сакам да се решат сите проблеми дома во семејството.Што е најлошо не можам рает да си мастурбирам во соба,на секој пет минути ме проверуваат што правам.Не можам рает ни да се пресоблечам.Кога ќе излезам ми ѕвонат по сто пати на телефон.А имам 20 години скоро не сум веќе дете.Па следат осудувањата од нив како сум имала долги нокти и не сум смеела да готвам дома.Да не сум ја фарбала косата,а од маки имам седи влакна.Не дека ја повторвам една членка но истото ми го прат со излегвањето.Се излегвало само еден ден за викенд а не секој ден.Не можам јас само еден ден да одам на вежбање неделно не е ефикасно.А кога ќе му побарам на мајка ми сто денари за на кафе не ми дава.
душо ти колку ќе трпиш?полнолетна си барај си работа одели се ако можеш.не наседнувај на глупости со ноктите тие сакаат токму тоа ти да зависиш од нив ,а тоа најмалку ти треба верувај ми живеам со строги родители и тешко е не е нормално .ти треба простор за себе самата и секако кога сакаш да излегуваш не си стока за чување човек си
Zdrrr uste malku 19 godini ke pravaaam, sekogas mi branat, duri odenje kaj drugarka..sto ke sum barala imala brakja ne znam kakvi bla bla, sekogas mi go zabranuva detstvoto nekako inace ziveam samo so majka..Sakam i jas kako site ostanati da se druzam, izleguvam.ne da bidam kako vo kafez...Osamena, pagjam vo depresiii od nervozi, nemam mnogu iskustva so lugje, u smisla, ponekogas izbrzuvam, i pravam greski, so mislamm ako imav malku sloboden zivot, bi gi naucila od moi vrsnicki...Sekogas sum so pamet, nisto loso ne pravam, ako e pogresno, ako sum.sakala do sega sum mozela sho se vika se i sesto da napravam...Nemam ni nekoja drugarka veke bliska, site se so decko edno drugoo..I koga rekov decko, imam eden so se pisuvame onakaa po celi denovi, a deckoto e od Skopje, koga ke spomnam doma za Skopje, kako Amerika da slusaat.Stvarno mi 3 tesko nema razbiranje, za mene plus detevo e mnogu fino, mi posvetue vreme i se nejkam da go izgubam zaradi so nemam sloboda mnogu mi e sram vakaa...Dragi lugje 19godini ke imam skoro kako so rekovv.Mozda na nekoi smesno ke mu e, od 15god izleguvaat duri i pomali..Letovoo kolku tolku mozev, ali sega zimovo deka zivewm so baba, nejzini brakja u kukjavaaa, i mnogu e teshko i dedo isto taka si zastareni razmisluvanja...
Здр значи букавлно сум нервозна.... Праат проблемите за факсот, немало да учам не знам шо... 4000 и повеќе евра се плаќало у 4 години ет така ми рекоа... И дека им е многу не знам штоо.. Јас секако би сакала да работам, и да речеме 200 евра да земам месечено, плус стипендија...Мислам дека би успеала колку толку...Може ли некој совет нештоо.. Моите мислат за шетање ми е, а мене ми битна кариерата у животот...Да не се мачам ко нив али ете не разбирааат очигледно, и многу ми е тешко кога вака други ми се мешаат...