Не осеќам некоја голема потреба да трошам секој ден на нешто пари, генерално разумно ги трошам парите освен на чевли Поддржувам идеја за помалку трошење, сите треба да сме свесни повеќе, ама напорни се луѓе што се убедени дека се светци и постојано напињаат за една идеја која ја прочитале на интернет мислејќи дека се далеку посвесни од останатите смртници. Вакви имам среќавано за конзумеризам, за возење точак, за користење пластика, за вежбање јога, си тераат луѓето секој свој филм Ко на пример, пандора што ги спомнавте погоре дека секоја втора купувала, а зошто да не купува? Ако сака, ќе купува, тоа што некоја купила пандора не значи дека некако поинаку не придонесува. Можеби придонесува ама вие не го гледате тој придонес. Не се трча одма со заклучоци. Можеме да си дискутираме, ама на крај пак треба секој да си прави тоа што смета дека треба да го прави и да биде пример со своето делување, а помалку зборување
Моментот со пандората го спомнав како тренд со експанзија, жал ми е што му додаде насока дека некој го осудува. Моментално не ми текнува некој друг тренд од тој размер, за да ти ја посочам поентата, ако на некој му текне нека дополни... Секој може да си го проектира своето гледиште на работите врз муабетов. Што и да пишеме овде може да биде доживеано како “доста гњавите со прочитани работи од интернет” јер тоа е призма низ која гледаш. Да од интернет се информирам и интересирам, примери гледам од реалноста. За жал некои работи не се учат у школо. Не мислам дека треба да се наметнува, мора да има и потрошувачка маса која ќе зема непотребни работи и билда милионери како кајли со сјајчињата, така функционира светот. [ете ми текна трендинг пример]. Ок е тоа, нивен избор. Индивидуално е, ме чуди само што викаш дека гњават, јас мислам тие ликови не се ни забележуваат затоа што нема со што да се истакнат... или еве до мене ќе да е. Крај краева што има лошо во точакот и јогата или здравиот начин на живот, среќа што си налетала на такви со позитивна пасија во животот
Па може затоа гњават, затоа што всушност криво им е дека нема со што друго да се истакнат и пробуваат да се истакнат со филозофирање. Тој што е стварно свесен за околината си го тера филмот и не им се качува на глава на другите.
Можам да кажам дека трошам многу разумно. И многу подобро се чувствувам кога не сум затрупана со предмети. Носам едноставна облека што изгледа класично и не излегува од мода (парчиња во црна боја, обични фармерки итн.) и што може да се комбинира на многу начини. Поважно ми е облеката да е уредна, чиста и да е од квалитетен материјал. Понекогаш сакам да седнам во ресторан и да си дозволам некое поскапо задоволство, но најчесто готвам и јадам дома. Единствено сакам да дадам повеќе пари за функционална техника. Не мора да е најскапиот или најновиот модел, но не можам да поднесам на пример, бавен копмјутер или телефон. Освен тоа, тие ми се неопходни за да ги извршувам работните обврски.
Не сте конзумеристи, затоа што немате пари или, пак, затоа што имате? Тоа се две многу различни паралели. Тој што има троши. Тој што нема глуми скромен.
А може да е и обратно, колку помалку може да си дозволи човек навистина, толку повеќе мечтае да има некои нешта. Ако еднаш ги добие, сфаќа дека не е целата среќа во нив. Едноставно се губи интересот.
Баш напротив, тој што има е скромен, а тој што нема за да се истакне по било која цена дури и последниот денар ќе го даде само за да има нешто ново, а тој што има знае дека кога и да посака нешто може да си го дозволи па од таа причина нема потреба од секоја плата да купува непотребни ствари и да трупа глупости.
Секогаш се стремам кон минимализам. Не сум зависник од купување облека, колку од нешто сосем друго (повеќе би рекла дека од хоби ми прерасна во нешто поголемо што мене лично ми прави задоволство) кое не го гледам како нешто лошо. Поддржувам рачни изработки од релативно нови продавници кои се трудат да се пробијат. Но не и кога ќе се внесат во облаци со цените.
Не одам да "разгледам" кога има попусти, купувам само кога нешто ми треба, или ако ептен, ептен ми се допадне и е специфично. Последнава година сфатив дека скоро ништо веќе не си купувам, т.е ретко не затоа што активно се трудам, туку затоа што не размислувам што следно да купам. Навика е, а далеку од тоа дека секогаш бев ваква. Од сувенири, собирам камчиња, цветови, гранки, шишарки. Кога можам, купувам на втора рака. Многу ги сменив навиките во последниве години, а со тоа и ми се смени стилот. Донирав едно 60% oд облеката што jа имав, и се чувствувам многу растеретено. Сега секое парче ми е или многу функционално, или многу посебно и посреќна не сум била кога ќе отворам плакар. Од козметика, престанав да се шминкам пред некоја година, идејата да имам 20 пудри, 50 кармини, 30 маскари, 10 моливи за веѓи, ми нема баш никаква смисла. Лично имам едно коректорче, маскара и два три кармина. Од нега и козметика, најмногу купувам за мајка ми зашто ми е мерак. Знам нит некогаш си купувала сама за себе убави работи, нит па ќе си купи, па и спремам "пакетчиња". За себе, тоа што ми треба, и тоа по едно (освен ако не е на добар попуст и се троши, тука стипсата во мене обавезно сјае). Ако нешто ми се погоди, не го менувам и не пробувам друго, т.е се трудам да има оптимална рутина. Свесна сум дека посебно ние жените сме најголема мета на маркетинг, посебно за мали работи, што кога ќе ги собереш, чинат многу. Сакам функционалност. Тоа што се селев безброј пати минативе години исто придонесе да ја засакам едноставноста. Единствена слабост ми се парфеми, и за тоа давам пари, ама пак не сум залетана да купам многу, туку само тие неколку што многу ги сакам. Електроника користам до последен ден, ич не ми смета. Се' што може да се поправи, поправам. Дефинитивно сметам дека е конзумеризмот е жив ѓавол, попоплнување празнини и шот на допамин кога не доаѓа од други места. Далеку сум од совршен конзумер, нит па сакам нечие браво, важно ми е да се трудам и да сум мирна пред себеси. И ич не ми смета кога други пишуваат за свои пракси и гледишта, посебно ако има некаква цел. Сакам да учам. Од мене неколку препораки ако на некој му се чита околу ова и го интересира, One-Dimensional Man oд Маrcuse e бар според мене, една од најдобрите книги напишани некогаш. Или Society of the Spectacle oд Debord, каде што точно е опишан развојот на конзумеристичкото општество, т.е развојот на капитализмот и сите негови аплатки за контрола. Исто и документарецов во повеќе делови, опфаќа многу повеќе од само козумеризмот, и е брилијантен: Или, па само краткиов цртан, зошто е и сладок:
Не го сакам конзумеризмот затоа што поттикнува задоволство од материјални работи, и уште повеќе, затоа што загадува. Не сакам да купувам непотребни работи, главно купувам кога ми треба нешто и долго време ги употребувам предметите. Ама имам и „моменти”, на пример ташни и обетки имам многу повеќе од што ми се неопходни. Сакам да купувам локално, и храна и облека и сѐ што можам. Сепак, за многу производи сѐ уште не сум нашла македонски брендови што ми одговараат.
Во секојдневниот живот сме изложени на секакви трошоци - мали или големи, потребни или непотребни. Мене конкретно ме интересира за овие непотребните. Не знам дали денес времето така налага ама во последно на сите страни гледам како луѓето фрлаат пари на непотребни работи, а притоа се жалат дека не заработуваат доволно. Еве според мене неколку примери за непотребни трошоци: пред некој ден гледав на Фемина во темата за детски родендени како во денешно време родители ги прославуваат родендените на децата. Се прават слатки маси со одредена тематика за мали дечиња за кои се фрлаат еден куп пари за непотребни работи, украси кои уште еднаш никогаш не ќе бидат употребени, а детето нема ни да се сеќава на сето тоа. Друг пример за непотребен трошок ми е торта за половина година на бебето, торта за првото запче, торта за прваче итн. Исто така, славењето полуматура, купувањето фустани за полуматура, одењето на фризер и шминкер за полуматура, сето тоа е непотребно. Не знам, има вакви милијарда примери, можам да набројувам до утре. Па затоа ме интересира кое е вашето мислење за оваа тема. Дали имате некој конкретен пример за непотребен трошок? Дали сметате дека во денешно време претеруваме со непотребни трошоци за разни работи или мислите дека сето тоа е неопходно за нормално функционирање во секојдневниот живот? * Модератор: Споена дупла тема
Модата вртоглаво се менува секоја година и веќе срамота е да те видат во некои лански парчиња иако се ко нови. Од тоа поизлишен трошок ми нема. Исто кафе и дремење по кафичи редовно, ама тоа не го правам, затоа не го коментирам додатно.
Според мене без сѐ се живее. И без кафиња и журки, и без нови партали секој месец, и без претерано организирани свадби/крштевки/родендени, и без најскапи колички/креветче/не знам какви играчки за деца, и без скап автомобил. Пред сѐ целаата бебешка/детска индустрија мислам дека е претерана. Од друга страна, доста работа наместо да ги купувате може да ги добиете од пријателка/роднини чии деца се малку поголеми од вашето, нема ништо срамно во тоа. И обратно, ако вие веќе сте ги искористиле, ќе ги фрлите ли? Наместо да се фрлаат парталчиња облечени вкупно двапати или подлоги за играње и сл, зошто да не ги искористи уште едно дете? Еве конкретно на син ми пола од работите му се од други дечиња, и голем број од нив сметам дека се непотребни, како даската за пресоблекување и перницата за доење. Кога ќе е малку поголем, сѐ што имам ќе спакувам на страна за друго бебе, дали ќе е на другарка или роднина небитно. Еден куп од тие непотребни трошкови може барем да се намалат (на пр да се купи кола на старо наместо од салон), ако не да се елиминираат целосно. Океј, некој може ужива во луксуз, некој може сака да го има најдоброто, некој може сака пред другите да изгледа богато, може да има милион причини зошто луѓето го прават тоа. Јас лично никогаш нема да го поддржам ова трошење, не гледам поента во фрлање пари за работи кои за мене се небитни, а и те како се минливи (освен можеби квалитетен автомобил, поскап мебел или некој уред што би траеле подолг период)'
Не се согласувам. Со купување на кола од салон добиваш невозена, чисто нова кола со гаранција. Од друга страна колата што ќе ја купеш на старо не знаш колку е возена, километражата може да се намале, не знаеш дали е ударана, не знаш каков квар има. Во врска со автомобил, ел. уреди во домот, бела техника, секогаш преферирам ново отколку веќе користено да купам.
Навистина луѓето трошат многу пари за непотребни работи. Јас сум прилично рационална со парите. Порано почесто, а сега поретко одам на кафиња, пред се поради короната. Облека купувам колку што ми е потребно, не вишок, а она што ми е старо, тоест веќе со избледена боја, но сочувано го донирам во Црвен Крст. Обувки исто колку што ми требаат си купувам, вишок не. Некои жени буквално секој втор ден се фенираат на фризер, а мене тоа ми е прво непотребно горење на косата, па и фрлање на пари. Уживам да пешачам, и кога ќе видам некој се вози со такси, или пали кола, а до работа има само 10 минути одење пеш, епа и тоа е фрлање пари. Дисциплината е најбитна. Да не си ја пушташ чергата повеќе од нозете. Инаку, знам многу луѓе кои буквално цела плата ја даваат за шминки, козметика, парфеми, облека, и се жалат дека немаат пари до 1-ви. Без правилно распоредување на пари и планирање што со нив, нема никаков ефект, па макар да заработува некој и над 1.000 евра.
А на што да ги трошам парите ако не на нешто што ми причинува задоволство. Ако нешто за вас е “глупости” може за мене не е.
Во врска со уредите веќе кажав дека се согласувам. А за автомобилот, кога се нема и царот не јаде. Попрво би купила неколку години возен автомобил отколку да земам 10-20 илјади евра кредит и да го исплаќам цел живот. Додуша со тие пари учество за стан ќе си платам или ќе магистрирам/докторирам.
Ако ви кажам дека имам неколку парчиња кои буквално преку 20 години ги носам . Ммм, да и точни ми се. И никој не знае дека се стари. И носам облека од мајка ми што ја носела како помлада. Истите модели и се и денес актуелни, а овие се со врвен квалитет. Туку речи, долга мода. Купувам и ново, но гледам да е вклопливо во тоа што го имам и често комбинирам постари со понови работи. За прваче немав торта, не правев ни забава,не збирам луѓе овој период, а и да немаше корона, немаше да правам вакво нешто. Си доби мини пакетче од школо, си се послужи со него и ај на здравје. Постапалки, колачиња во форма на заб, нога, прв пат од социјални мрежи дознав дека прават и не ми фати око. Непотребен трошок ми е и на време и на пари. Непотребен и немал трошок ми се подароци за учителки и наставници кои и онака си ја вршат работата за која се платени. Но, ако кажеш против крив си и одма по детето.Инаку сметам дека премногу се троши на храна, посебно на она што е апсолутно штетно, а се зема во преголеми количини, а не онака за гушт, купување на разни тракатанци, облека која не сме сигурни дека ќе ја облечеме, разни гаџети од никаква корист, како селфи стик и слично,по сто верзии од едно те иста работа, трупање украси во домот, уреди кои ќе ги употребиме еднаш до два пати оти ги даваат на Топ Шоп и сл. Мегаломански прослави според мене се исто така непотребен трошок. Солиден автомобил и квалитетна техника, мебел се разумни трошоци и корисен влог со оглед на очекувањето дека подолго ќе не служат.
Па да ама да имаш 50 пара патики на пример не е задоволство, тоа е веќе опсесија. Сите купуваме работи за наше задоволство, но работата е дали знаеме да процениме колку ни е доволно, без да претеруваме.