Тоа не е проблем.Доколку сопственикот на колата е чесен човек ќе му ги каже овие информации на потенцијалниот купувач.Ако потенцијалниот купувач не се разбира во автомобили треба да поведе со себе човек кој се разбира во автомобили или најдобро автомеханичар. Тие што ги спомна ги сметам за непотребни трошоци. Ако некој толку сака прослави,може да ги одржува и дома. Не мора да има торта секогаш,може и колачи.Човек може и сам да си направи фризура. Ако девојката знае да шие и има машина за шиење може сама да си сошие фустан.Или ако има некој/а во фамилијата што знае да шие,да ѝ сошие. Парите што ќе останат може да се зачуваат и подоцно да се најдат за нешто многу поважно и попотребно.
Се согласувам дека имаме многу непотребни трошоци. Сите ние кои имаме доволно пари за да си дозволиме повеќе од основното, дефинитивно можеме да го сведеме тоа на строг минимум, има луѓе кои се приморани на тоа, па се живи и здрави. Ама, луѓе сме, не сме роботи. Сметам дека е во ред да си дозволуваме задоволства кои се рачунаат како “непотребни трошоци“. Дали сметам дека треба да се слави пола година на бебе? Не. Дали ми е слатко тоа што родителите толку се радуваат што имаат свое дете што ќе ја земат секоја прилика да го прославуваат тоа? Да. Ако им се може, не можам да најдам ништо против. Знам дека сме дискутирале повеќе пати на форумов на тоа зошто семејство кое има финансиски проблеми, купува играчки или скапи телефони за дете наместо да сочуваат повеќе. Истата причина, не сме роботи. Понекогаш таквите задоволства го прават животот. Единствено нешто што ми смета се трошоците околу школо. Знам кога јас бев во школо основно и средно, многу ми беше глупо да и барам на мама пари за секакви глупости. На пример, професионалната шминка за табло - барем јас каде што учев сите се шминкаа за табло, голема глупост. Само за една слика. Ама ете и јас се нашминкав. Нон стоп некои глупости изглегуваа за плаќање. А инаку, за посекојдневните трошоци, јас како почнав да живеам сама, немам осет за тоа колку пати неделно јадам во ресторан или нарачувам, него ли да готвам, а и знам да готвам... И ми треба промена наместо секој ден куповно кафе, да си направам дома. Ужасен трошач сум и не знам да чувам, треба да сменам навики.
Најбитното прашање кое треба да си го поставиме пред да купиме нешто е: “Ми треба, или го сакам?“ Така сум откривала колку глупости купувам.
Во денешно време сите гледат да ти продадат, особено нешто големо, па какво и да е. Чесните луѓе се ретки денеска, попрво ќе те лажат за да ти продадат, отколку да кажат дека колата е удрена и сл. Во аптека оди па ќе те пролажат, а не па за нешто вакво. Како розево ги гледате работите Кој има пари и може да си дозволе тоји ќе си купе од салон и тоа не е луксус туку потреба. Не знам зошто мислите дека нова кола е луксуз и непотребен трошок.
ДЕФИНИТИВНО! како беше оноа : за меракот нема цена ако толку многу го посакувам нештото и знам дека ќе ме напави среќна,тогаш ќе дадам Порано лично за мене купував многу непотребни работи,трошоци од типот облека,шминки,за дома дрангулии,престанав со тоа откако имам две деца,( знам за мене колку ми е доволно и не претерувам ) сега сите пари мислам на нив ги давам до крај и да дефинитивно и за нив купувам работи што може и баш тогаш не се потребни или се плус,ама пак ќе кажам мерак ми е сега не велам да купам 100 играчки и да немаме сметки да платиме нормално секој треба да си ја знае чергата точно од друга страна може е вон тема ова ама многу се нервирам пример за храна,знаеш дека тоа е неопходно да се купи,ама скоро секој втор ден фрламе храна..луѓе немаат леб да јадат ние фрламе во изобилие..ајде друг пат ќе направиш помалку за да не се фрли,па како намерно несакаат тоа да јадат дај нешто друго,па стај го во фрижидер ќе го заборават ајде пак фрли.. за кафиња и кафани,одиме два пати неделно сигурно..може да,Е непотребно ама повторно и повторно ќе си кажам дека мора човек со нешто да се исполнува и да е среќен секако ако може да си дозволи во границите на нормала...не би да се откажам од нешто ако неморам а знам дека ме прави среќна
А,што ако новиот автомобил е пуштен во продажба,а има некоја фабричка грешка недектирана? И едното и другото има ризици. Зошто реков човек да поведе со себе некој кој се разбира во коли или автомеханичар? Можеби половниот е добро одржуван. Тие не можат да бидат прелажани. Ќе знаат што точно да прашаат,ќе речат дај документација.Автомеханичар би ја проверил. За во аптека е слично.Не земај лек без да се консултираш со доктор или фармацевт на кој му веруваш.Изгуглај информации од веродостојни извори за лекот пред да го купиш. Зошто да ги дадеш сите пари за кола кога можеш да заштедиш дел и да го употребиш за друго? Еве,зет ми можеше да си купи нов автомобил,ама си купи половен.Се консултираше со автомеханичар,а и самиот има предобро знаење за автомобили. Остатокот од парите го искористи за побитни нешта. Човек треба да чува пари.За здравје да речеме.Не знаеме што носи животот.
Одговорот и мислењето за ова веќе го имам пишано во темата за филмот Барби. Не знам дали има посебна тема за ова, ама овде би го вклучила и "информацискиот" конзумеризам, денес во информациското доба. Што приметувам дека почнува да се третира на ист начин и со иста психологија која стои позади.