1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Конкурси и натпревари

Дискусија во 'Образование' започната од guitar, 5 ноември 2011.

  1. guitar

    guitar Нов член

    Се зачлени на:
    3 август 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    18
    Пишував глупости, трескав будалоштини, се разбудив и сфатив дека сум била во некој филм и сум се замислувала како светка ѕвезда.. Тука пишував и кога сите викаа до толку талент не може да се биде јас викав викајте што сакате јас можам но решив да се насочам кон образованието и да станам ЧОВЕК. ОД лудеата идеја за холивудска ѕвезда се откажувам, значи стварно не знам како сум размислувала пред 3 месеци, сега ми е смешно :lol: :lol: :$
    И решив да одам во Гимназија НОВА, па не сум ќерка на претседател па сакам да си пробам со стипендии, не дека немам пари но ете... Кога можам зошто да не...
    Имам многу дипломи и пофалници но решив уште некоја да си грабнам, но нешто нема натпревари и конкурси во последно време, па решив да ве прашам дали знаете некој конкурс или натпревар за пишување поезија или проза које во тек но во согласност со моите години (14) .
     
  2. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.264
    Првиот коментар на темава нема да го коментирам. Кога го видов насловов ми се виде интересна и пред се корисна. Може да се споделуваат информации за тековни конкурси и натпревари, па кој се пронајде да си ја проба среќата..

    КОНКУРС ЗА СТИПЕНДИЈА CALUM MILLER
    КОНКУРС ЗА СТИПЕНДИЈА CALUM MILLER

    Oтворен e конкурсот за стипендијата Calum Miller која се доделува на еден кандидат од секоја држава кој ќе се запише на пост-дипломски студии од областа на Меѓународен бизнис , и е во износ од 10.000 фунти.

    Краен рок за аплицирање е 31.05.2012, а повеќе информации ќе најдете на следната веб страна http://www.ed.ac.uk/schools-departments ... ess/miller.

    КОНКУРС ЗА РАДИОДРАМА
    Македонската Радио Телевизија распишува конкурс за радиодрама. Авторите можат да конкурираат во две категории: радиодрама за возрасни и радиодрама за деца. Текстовите да бидат испратени во три примероци со шифра. Со четвртиот примерок се докажува авторството.

    Радиодрамите да се испраќаат на оваа адреса: Македонска Радио Телевизија, Булевар Гоце Делчев бб, 1000 Скопје, со назнака „Конкурс за радиодрама“.
    http://www.mtv.com.mk/upload/Dokumenti/ ... odrama.doc

    КОНКУРС ЗА ОБУКА ЗА НОВИНАРИ ВО ГЕРМАНИЈА
    Oтворен е конкурсот за обука за новинари, која ќе се одржи во текот на месец јули/август 2012 година во организација на Institut zur Förderung publizistischen Nachwuchses e.V. од Германија .

    Заинтересираните кандидати можат да аплицираат до 15.02.2012, и потребно е да имаат солидно познавање од германски јазик.

    Трошоците за сместување, храна и обуката се на товар на организаторот, а патните трошоцисе на товар на учесниците. Повеќе информации на следната веб страна
    http://www.ifp-kma.de/weiterbildung/ostkurse.html.

    КОНКУРС ЗА ЕСЕЈ
    Германското здружение за меѓународна соработка и Германскиот Институт за арбитража го објавија конкурсот за студентски есеј на тема: „ Важноста на арбитража за меѓународната трговија- теоретски разгледувања и практични примери од регионот“.
    Заинтересираните кандидати треба да се студенти на високо-образовна институција на земјите од Западен Балкан, а кандидатот со награден есеј ќе биде поканет да учествува на конференцијата „ Арбитража на полето на економијата, политиката и правото во 21 век“ која ќе се одржи во месец април 2012 година.

    Краен рок за поднесување на есеите е 10.03.2012.
    За контакт обратете се на adrcompetition@gmail.com .

    КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ ЗА ЗАШТИТЕН ЗНАК-ЛОГО НА МРТ
    Врз основа на Одлуката за формирање Комисија за распишување конкурс за избор на идејно решение за заштитен знак (лого) на МРТ бр.02-7943/1 од 30.12.2011 година, Комисијата на Управниот Одбор на МРТ распишува


    К О Н К У Р С
    за избор на идејно решение за заштитен знак (лого) на МРТ
    Наградата за најдоброто идејно решение изнесува 100.000,00 денари.
    http://www.mtv.com.mk/upload/Dokumenti/ ... o_MRTV.doc
     
  3. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.264
    ЦЕРН:АПЛИКАЦИЈА ЗА ЛЕТНА СТУДЕНТСКА ПРОГРАМА 2012
    Студентската програма е отворена за аплицирање на сите студенти, дипломци, магистри и доктори од областа на компјутерските науки и физиката.
    Примените кандидати ќе имаат можност да поминат 2(два) месеци во ЦЕРН во периодот од Јуни до Септември 2012 година, и да работаат на една од последните хардверски и софтверски технологии.

    За време на нивниот престој од 8 недели студентите добиваат стипендија од 5000 CHF (Швајцарски франци) ,директно спонзорирана од ЦЕРН.

    Кандидатите ги поднесуваат своите апликации на http://www.cern.ch/jobs со следниве документи:

    - CV на кандидатот
    - Препорака од Универзитетот каде што студираат
    - Мотивациско писмо

    Крајниот рок за аплицирање е 30 Март 2012г
    https://openlab-mu-internal.web.cern.ch ... g_Appl.htm

    НАТПРЕВАР ЗА НАЈДОБАР БИЗНИС ПЛАН НА АМБАСАДАТА НА САД ВО СКОПЈЕ
    Информации

    Амбасадата на Сад во Сопје ги повикува македонските студенти да се пријават со план за претприемништво и бизнис практики, со цел да се промовира слободниот пазарен систем во Југоисточна Европа.

    Предложените проекти ќе бидат оценувани од други познати и успешни бизнисмени.

    Најдобрите три проекти ќе имаат можност да отпатуват во Опатија, Хрватска да присуствуваат на Рон Браун Форумот „За економските можности на локално ниво", кој ќе се одржи од 2 до 4 април 2012 година.

    Кандидатите мора да бидат на возраст од 18-25 години, и да бидат моментално запи шани на додипломски студии или да дипломирале во последниве две години.

    Прелог проектот треба да биде напишан на 1-2 страници, на англиски јазик, заедно со буџетот кој е потребен и место од каде ќе се најдат средства за реализација на овај бизнис план.

    Исто така заедно со предлог-проектот заинтересираните кандидати теба да испратат и кратка биографија на следната емаил адреса: ircskopje@t-home.mk со наслов на маилот: “The Ron Brown Apprentice Program”.

    Краен рок за испраќање на предлозите е 17.02.2012 година.

    Подетални информации за натпреварот може да најдете на официјалната веб страна: http://photos.state.gov/libraries/maced ... rogram.pdf .

    Толку од мене, сега за сега.. :D
     
  4. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.107
    Јас сум сега осмо и јас и уште едно друго дете ќе одиме на натпревар по англиски јазик одржан од Петта Приватна Гимназија. Ова им е прв пат да одржуваат ваков натпревар и не сакаат да ни кажат какви задачи ќе има. Наставничката ни вика дека е многу тешко и поради тоа што не знаеме на што да се задржиме, да не очекуваме големи разултати. Но првите четири места добиваат стипендии за во училиштето, а јас сакам да го добијам! Знам, целам кон невозможност, но барем можам да се надевам :) Па, кој друг оди на овој натпревар???? Дали знаете какви можат да бидат задачите? :$
     
  5. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Ex, таман сакав да отворам ваква тема али видов дека има
    иначе Eлена тоа би требало да бидат воглавно текстови за читање и за штиклирање што е точно, па и кондиционалите може да ги имате пошто се потешки , не сум била на овој натпревар али на тој во Yahya Kemal знам што имало па би требало да е тука негде :)
     
  6. PeachGirl

    PeachGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    http://www.mladiinfo.com/

    На овој сајт има конкурси,вработувања, волонитарање, тренинг-курсеви, семинари и сл. ;)
     
  7. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Jaс сум 8мо одделение и ќе одам на натпревар по хемија во Yаyha Kemal. Се спремам, повторувам се, и од 7мо и од 8мо одд. ама се мислам дека не ми е доволно. Страв ми е да не има нешто што јас не го знам или не сум го вежбала. Првите 3 места ќе добијат стипендија за школување. Секако, би сакала да се најдам и јас во првите 3јца, ама колку е возможно тоа, незнам... :/ Затоа, сакав да ве прашам, да не бил некој на ваков натпревар па да ми кажете што има? Фала однапред.
     
  8. white.kitten

    white.kitten Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    76
    Јас сум била на хемија во Кемал. Натпреварот се одржува во два дена обично сабота и недела и има вкупно три дела, од кои првите два дела се во првиот ден а третиот дел во вториот ден. Првиот дел ти е со заокружување од теорија и посвети внимание на органска хемија научи ја предвреме затоа што до наптреварот вие нема да ја имате земено на школо. Ако го поминеш овој дел одиш на вториот а воедно сметам и најтешкиот дел задачите. Задачите се доста тешки вежбај ги многу, со оглед на тоа што ги смислувал професор од факултет. Научи и некои работи од прва година средно за задачите моларен волумен ваму таму затоа што ќе имаш и тоа. И доста се збунувачки задачите односно не прејдува веднаш на тоа што се бара туку првин ти раскажува приказни да те збуни. Е третиот дел ти е правење експерименти ако имате во школо вежбај со наставничката експериментите од учебник и не знам точно каков е тој дел бидејќи не стигнав до него.
     
  9. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.264
    СТИПЕНДИИ ЗА СТУДИИ ОД ПРВ И ВТОР ЦИКЛУС НА АКАДЕМИЈАТА ЗА ФИЛМСКА И ТВ УМЕТНОСТ (ФАМУ) ПРАГА, РЕПУБЛИКА ЧЕШКА
    Министерството за образование и наука за академската 2012/2013 година ќе додели по 2 (две) стипендии за студии од прв и втор циклус на Академијата за филмска и ТВ уметност (ФАМУ) Прага, Република Чешка.



    1. СТИПЕНДИИ ЗА СТУДИИ ОД ПРВ ЦИКЛУС:

    УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИЈА:



    Право на стипендија имаат кандидатите кои ги исполнуваат следните услови:

    1. да завршиле средно образование;

    2. да бидат прифатени од Академијата за филмска и ТВ уметност (ФАМУ);

    3. да не се корисници на стипендија од други институции или фирми;

    4. да се државјани на Република Македонија;

    5. добро познавање на англискиот јазик.


    НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ:


    Кандидатите, кои се пријавуваат по конкурсот, потребно е до Министерството за образование и наука, Ул.„Мито Хаџи-Василев Јасмин„ бб - Скопје, најдоцна до 20.08.2012 година лично да ги достават потребните документи.

    Ранг листата со избраните кандидати ќе биде објавена на 31.08.2012 година на интернет порталот http:// mon.gov.mk.

    Предност при изборот ќе има кандидатот кој остварил подобар успех во средното образование.


    ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:


    1. Пријава (се добива од Министерството за образование и наука);

    2.Фотокопии од свидетелствата за завршени I, II III и IV година на средно образование, заверени на нотар;

    3. Писмо за прифаќање (Letter of acceptance) од Академијата за филмска и ТВ уметност (ФАМУ);

    4. Изјава заверена на нотар дека кандидатот не е корисник на друга стипендија или кредит;

    5. Фотокопија од уверение за државјанство на Република Македонија;

    6. Потврда за познавање на англискиот јазик (TOEFL,IELTS или нивен еквивалент за соодветното јазично подрачје);



    Документите на кандидатите кои се некомплетни и неблаговремено доставени нема да се рангираат.


    ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА:



    Стипендиите се доделуваат до завршување на студиите од прв циклус, предвидени со актот на Академијата за филмска и ТВ уметност (ФАМУ).

    На корисниците на стипендијата целосно ќе им бидат покриени трошоците за студирање (уписнина) и месечна стипендија согласно Решението за утврдување на висината на стипендијата донесено од Министерот за образование и наука.





    2. СТИПЕНДИИ ЗА СТУДИИ ОД ВТОР ЦИКЛУС:



    УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИЈА :



    Кандидатите кои ќе конкурираат треба да ги исполнуваат следните услови:



    - да имаат завршено академски студии од прв циклус во траење од три, односно четири години и постигнат просечен успех од најмалку 8,50;

    - да се примени на студии од втор циклус првпат во прва година во академската 2012/2013 година;

    - активно знаење на јазикот на кој се изведува наставата (освен за кандидатите кои еден дел од своето образование го завршиле на јазикот на кој се изведува наставата);

    - да не се корисници на стипендија од други даватели.



    Предност при изборот ќе имаат кандидатите кои при приемот оствариле подобар успех.



    Стипендиите се доделуваат за три години.



    НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ:



    Кандидатите, кои се пријавуваат по конкурсот, потребно е до Министерството за образование и наука, Ул.„Мито Хаџи-Василев Јасмин„ бб - Скопје, најдоцна до 20.08.2012 година лично да ги достават потребните документи.

    Ранг листата со избраните кандидати ќе биде објавена на 31.08.2012 година на интернет порталот http//mon.gov.mk.


    ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА:



    На корисниците на стипендијата целосно ќе им бидат покриени трошоците за студирање (уписнина) и месечна стипендија согласно Решението за утврдување на висината на стипендијата донесено од Министерот за образование и наука.



    Документите кои се издаваат од институциите од другите земји потребно е да бидат преведени од овластен судски преведувач.



    Потребните документи за доделување на стипендија за студии од втор циклус во странство може да се доставуваат во оригинал или копии заверени на нотар.



    ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:



    - уверение за постигнатиот успех од прв циклус на студиите;

    - потврда дека кандидатот е примен првпат во прв семестар на студии од втор циклус во академската 2012/2013 година, од кога започнува семестарот и колку семестри траат студиите;

    - потврда за познавање на јазикот (TOEFL, IELTS или нивен еквивалент за соодветното јазично подрачје);

    - изјава дека не е корисник на стипендија за студии од втор циклус од други даватели (заверена на нотар).



    Потребните документи по Конкурсот се поднесуваат исклучиво лично во Министерството за образование и наука.

    Некомплетните документи и документите доставени по изминатиот рок на Конкурсот нема да се примаат.



    Пријавата по Конкурсот со упатството за потребната документација која треба да ја приложат во врска со Конкурсот, заинтересираните лица можат да ја подигнат во Министерството за образование и наука или на сајтот на МОН http://www.mon.gov.mk



    Документите да се достават во писарницата на:



    Министерство за образование и наука

    Ул.„Мито Хаџи-Василев Јасмин„ бб

    (Зграда на Нова Македонија)

    1000 Скопје



    (со назнака:стипендии за студии од прв или втор циклус)



    Информации за условите и критериумите под кои ќе се доделуваат стипендиите можат да се добијат во Министерството за образование и наука и тоа контакт лице:



    1. За студии од прв циклус: Билјана Зафировска

    E-mail адреса: biljana.zafirovska@mon.gov.mk или на телефон (00) 389-2 3140165 и контакт лице за студии од втор циклус:



    2. За студии од втор циклус: Вита Турчевска

    E-mail адреса: vita.turcevska@mon.gov.mk или на телефон (00) 389-2 3140-183
     
  10. The.Pink.Angel

    The.Pink.Angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    132
    Девојки ај ве молам кажете ми како да се пријавам во некој ликовен конкурс или нешто слично имам талент за цртање а не учам во школо веќе ликовно сакам да успејам нешто со мојот талент...
    Фала :)
     
  11. Dazey

    Dazey Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2011
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    123
    Еве еден линк на кој можеш да се пријавиш
    http://www.montmartre.smultimedia.com/d ... 154&Lan=MK (овој е линкот на официјалниот сајт)
    http://www.montmartre.smultimedia.com/d ... 177&Lan=MK (а ова линкот од конкурсот)
    пријави се доколку сакаш, а после кажи што си направила.
    позз
     
  12. The.Pink.Angel

    The.Pink.Angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    132
    ок фала ама тука пишува дека КРАЈНИОТ РОК ЗА ИСПРАЌАЊЕ НА ТВОРБИТЕ Е 20 ФЕВРУАРИ 2012 ГОДИНА.
     
  13. Dazey

    Dazey Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2011
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    123
    Не го прочитав конкурсот целосно , се извинувам :)
     
  14. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Има некој конкурс/натпревар за фотографирање во Скопје?
     
  15. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
    Дали има некој конкурс за иновации?
     
  16. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Девојки, да не оди некоја од вас утре на републички натпревар по географија во Делчево? Или пак да не сте биле досега на ваков натпревар? Ако да, ве молам за некои информации. Што, како, кој вид се прашањата и слично. Фала однапред.
     
  17. Nadalincheto

    Nadalincheto Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Девојки, јас сум 2ра година средно и се подготвувам за претстојниот државен натпревар по англиски јазик, доколку некој учествувал би сакала да ми дадете информации околу тоа какви се прашањата, како се решава тестот, што опфаќа, на што ттреба да се обрне внимание ? Благодарам однапред. :)
     
  18. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Ааа душо да ти кажам за натпреварот англиски ако не си од скопска гимназија да не си го трошиш времето за џабе, јас бев лани, братучетка ми беше пред 2 години ии професорката уште пред да одам ми кажа шанси за 1 место ако не си од скопска гимназија нема.
    Инаку не е тешко еве ова имаше..
    Reading comprehension
     Use of English
     Multiple choice questions
     Correct the sentences
     
  19. LoStedLOvee

    LoStedLOvee Активен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2013
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    4
    Да прашам

    значи вака ке се оди на натпревар по хемија во Јахја Кемал ии сакам да знам дали некој што бил на тој натпревар знае какви се задачите дали на заокружување или ... ?
     
  20. kate-pp

    kate-pp Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Јас бев претходната година на натпреварот по хемија во Yahya Kemal во Скопје.
    Пред се да ти кажам дека супер ќе си поминиш, ќе стекниш едно големо искуство, ќе видиш како е во училиштето, ќе се запознаеш со професори од факултет кои инаку се многу почитувани личности, ќе стекнеш нови другарства.
    За паника и страв нема место. Јас бев исплашена ама што ме сместија во училница пред почетокот на првиот дел, видов нема никој што познавам и си реков ај да се спријателам.
    Првиот дел е за заокружување на точниот одговор. Прашањата се онака, малку збунувачки но лесни. Секоја година има прашање за елементи од периодниот систем. Имаше прашање и за кој е метла од наведени, семиметал но имаше 2-3 прашања што не се во програма за 7 и 8 одд. Нешто за кетони, за киселини... Има да се напише форумла на соединение, кои елементи од адените градат двоатомски молекули.
    За вториот дел таму одат само оние што поминале во 1 круг. Задачите лани беа лесни, а пред 2 годии не баш. Вежбај од збирката на Професорот Методија Најдоски!
    Трет круг- експеримент, наинтересен и најзбунувачки!
    Поздрав и да си знаеш не добиваат само првите тројца стипеднија туку првите 14!
    Со среќа!