Форумџика на годината 2019: НОМИНАЦИИ

Коноп - марихуана

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Prijatelot, 14 јуни 2015.

  1. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.318
    Допаѓања:
    2.723
    Пол:
    Машки
    Од Википедија — слободната енциклопедија

    [​IMG]
    Марихуана (англиски: Marijuana) е име за дрога, која ги вклучува лисјата, цветните делови и семето на индискиот коноп (Cannabis sativa), кој претставува едногодишно двополно грмушесто растение. Дрогата ја содржи психоактивната хемиска материја „делта-9-тетрахидроканабинол“ (delta-9-tetrahydrocannabinol, THC).[1] Марихуаната се пуши или џвака заради причинување на халуциогениефекти или ефекти на возбудување. Активната состојка на марихуаната, позната како тетрахидроканабинол е концентрирана на горните цветни делови на индискиот коноп.

    Распространетост на марихуаната:
    Марихуаната била позната во Централна Азија и Кина околу 3.000 п.н.е, кога главно била користена како лек. Марихуаната почнала широко да се користи во САД во 60-тите и 70-те години и била поврзана со „хипи“ движењето. Потоа се проширила во Европа, а во Македонија, нејзината зголемена употреба потекнува од почетокот на 1990-тите. Во поново време, во повеќе земји се забележува тренд на легализација на употребата на марихуаната, особено замедицински цели. Такви законски прописи се донесени во некои сојузни држави во САД, како и во некои држави во Европа.[2] За марихуаната има многу жаргонски имиња, како на пример: „трева“, „џоинт“, „хаге“, „зелено“, „вутра“, „ганџа“, „грање“ итн.

    Ефекти од марихуаната:
    Ефектите предизвикани од марихуаната се манифестираат веднаш по вдишувањето на чадот од цигарата, најголемиот интензитет го добиваат по 15-30 минути, а траат до два до шест часа. Сепак, ефектите се индивидуални и зависат од телесната градба на корисникот, должината на времето на користење, квалитетот на марихуаната итн.[3]


    Од друга страна, марихуаната може да биде корисна во борбата против непријатните и болни симптоми кај некои медицински состојби. Марихуаната може да го подобри апетитот и да го спречи намалувањето на телесната тежина кај луѓето болни од СИДА, го намалува очниот притисок кај луѓето со глауком. Исто така, таа може да го намали гадењето, причинето од третманите со хемотерапија и радијација. Луѓето кои страдаат од овие и од други хронични заболувања тврдат дека марихуаната ги намалува болките.

    Лично сметам дека сите треба да ја погледнат ДРУГАТА СТРАНА зашто на таа страна каде што пишува дека има некои негативни ефекти, проценете сами колку е тоа глупост а тоа не е никаков пример за да се забрани најмоќната билка на светов.
    Во прилог сакам да оставам две видеа кои што ме инспирираа да ја отворам оваа тема со цел дека на некој кој што би го прочитај овој пост би му било од некаква полза и помош.
    Ја подржувам идејата за легализација на МЕДИЦИНСКАТА МАРИХУАНА , односно за дескриминилазција на истата затоа што не може нешто што ти помага да ти штети, тоа е апсурдно а науката го докажува истото и цврсто ќе се борам за ЛЕКОТ да биде достапен за сите на кој што им е потребен.
    Доколку имате време простор за да ги изгледате овие видеа ви препорачувам тоа да го направите веднаш затоа доста време ни се пере мозокот а ние ништо не преземаме околу тоа.
    Можеби околу токму овој субјект - КОНОП , можеби е спас за светот и секој кој што рационално размислува во овој свет треба да го подржи фактот дека ова нешто не треба да биде илегално.



     
    На kikkki, BoneMachine, Mama25 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.318
    Допаѓања:
    2.723
    Пол:
    Машки
  3. AnaKlarc

    AnaKlarc Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Па добро да се е океј со оваа легализацијата но :!: само медицинска и да не биде лесен пристапот до неа. Јас лично би ја подржила но што правиме со заостанатото сфаќање?:?:
     
  4. Slatkarka94

    Slatkarka94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    785
    Пол:
    Женски
    Е добро бе луѓе не сваќјам јас шушам али више ретко затоа што послем еден или дца дена се онесвестувам еднаш бев и до болница ама тоа е чисто (не е прсканица)Јас сум со епилепсија али не голема епилепсија со тресење али оваа онесвестувањево ми е изгледа напад од тоа јас пред да пушам немав такви случки незнам што се случува а ја сакам Марихуаната!!!
    Ве молам одговор дали за вакви нешта сте информорани???
     
  5. AnaKlarc

    AnaKlarc Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Па најдобро обрати се кај стручна помош затоа што и редовно конзумирање на марихуана и не е баш најдобро. Патем, од забава пушиш?
     
  6. Slatkarka94

    Slatkarka94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    785
    Пол:
    Женски
    Хах не за забава туку да ми релаксирано и со сигурни луѓе.
     
  7. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.318
    Допаѓања:
    2.723
    Пол:
    Машки
    Треба да го унапредиме заостанатото знаење со ново знаење, повели изгледај ги видеата. :)
     
  8. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.318
    Допаѓања:
    2.723
    Пол:
    Машки
    Душо ти треба тебе уље од коноп во принцип за лекарство , а иначе за пушење исто така некоја квалитетна трева треба да пушиш во одредени количини за да немаш напади.
     
  9. biGirl

    biGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.075
    Допаѓања:
    2.890
    Пол:
    Женски
    пробав пред некој ден бомбони карамели од семе и млеко од мара ахахахах полабаво и насмеано во животот се немам осетено. Инаку во животот немав пробано некни карамелите од странство и толку бу сакала да пробам пак ахахаха
     
    На Prijatelot му/ѝ се допаѓа ова.
  10. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    2.630
    Допаѓања:
    4.047
    И ваква тема ли сме имале, прв пат ја гледам. :D Пушев пред скоро месец дена после долг период, ама претерав малку и како што очекував, не ми се допадна филмот, едноставно не сакам да бидам околу други луѓе кога пушам. Сакам да си се исклучам, да не зборам со никого, откако поминаа четиересетина минути, си се прибрав дома и после ми беше супер. Додека се шетавме, во еден момент помислив дека се наоѓам во друг град. :drunk:

    Not my favorite thing дефинитивно, ама поддржувам ако на некој му се допаѓа да си ја користи, особено за медицински цели. Ми кажувале и да пробам џоинт намачкан со уље од коноп, дека било многу добро, ама можеби некој друг пат.
     
    На Prijatelot му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Zlatna12345

    Zlatna12345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2016
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    837
    Пол:
    Женски
    Samo da kazam deka ovoj trend na velicenje na pridobivkite na marihuanata taka strasno pocna da me nervira vo posledno vreme, ne samo na drzavno tuku i na svetsko nivo. So toa deka leci rak, epilepsija, nesonica, depresija, anksioznost, anoreksija, bolki, migreni i da ne gi nabrojuvam site ostanati bolesti i problemi sto postojat, mi e kako da slusam sekta ili propaganda. Isto tolku e lekovita kolku sto e i brokulata (prevod - ne vikam deka ne e, no ne e bozji lek).
    Generalno nemam nisto protiv nejzina upotreba i legalizacija i za medicinski i za rekreativni celi so ogled na toa deka nikoj ne ubila nitu pak nastetila. A so toa moze i da se regulira nejziniot kvalitet, t.e. ovozmozi bezbednost za nejzina upotreba nasproti crniot pazar, a veruvam i deka moze pozitivno da vlijae na ekonomijata.
    Taka da labavo, sekoj vtor pusi, vise ne e nekoe taboo, nema potreba od dokazuvanja i propagiranja.
     
    На WildMk, Peppermint, 1209 и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    1.989
    Допаѓања:
    3.739
    Пол:
    Машки
    Празни глави не мислат, слаби тела не се борат, па затоа бараат утеха во дрога. :) Толку дала природата на некои не се криви тие. Нормално дека ќе кажуваат дека лечи рак, инаку како ќе се полнат со пари произведувачите? :)
     
  13. Afroditaaa

    Afroditaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2017
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    958
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум пробала мара ниту ке пробам !
     
    На sjdgo и Vitaly им се допаѓа ова.
  14. Zlatna12345

    Zlatna12345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2016
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    837
    Пол:
    Женски
    I da se nadopolnam. So ogled na toa deka "narkomanot" ke se "drogira" legalno ili ne, smetam deka e dobro da se legalizira za da moze da se vrsi odredena kontrola. A legalizacijata nema da vlijae na nejzinata nabavka, so ogled na toa deka na sekoj kjos mozes da ja najdes. A toj sto ne saka da ja proba nikoj ne go tera so sila.
    Legalizacija ne e na steta!
     
    Последна измена: 8 март 2017
    На WildMk, Bender Rodriguez и blueeparadise им се допаѓа ова.
  15. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    2.630
    Допаѓања:
    4.047
    @Vitaly Se soglasuvam so chlenkata pogore deka nekoi raboti se forsiraat i se preuvelichuva nivnata pridobivka, nezavisno dali e lek, bilka, famoznoto kokosovo maslo, odredena hrana ili vo ovoj sluchaj marihuanata. Ona shto sakam da go kazham e deka ovde se zboruva za medicinskata marihuana, masloto od konop koe navistina dokazhano ima pridobivki vo borbata so odredeni bolesti, no sekako deka ne e lekot za niv. Patem, proizveduvachite ne go kazhale toa, tuku lugje koi go imaat koristeno masloto i videle pridobivki od nego. Vo aptekite mozesh da najdesh i labela i kremi so konop, no vnatre nemaat THC. Chim gi ima, znachi e legalizirana medicnskata upotreba, i ne shteti. I obichen dzoint pomaga za smiruvanje i glavobolki, i e mnogu poneshteten od heleks, demetrin, analgin i slichnite protiv bolka i smiruvanje. Jas znam po sebe si od efektite koi sum gi imala od heleksot.
     
    На WildMk, 1209 и theowndemon им се допаѓа ова.
  16. Zlatna12345

    Zlatna12345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2016
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    837
    Пол:
    Женски
    Ovie nabrojanite se vistinskata droga na 21ot vek!!! Se drogiras, a ne si ni svesen deka go pravis toa i e opstestveno prifatlivo. Ali ne mozes protiv svetski korporacii...
    Offtopic ali morav da si kazam :D
     
    На WildMk, Bescheiden, Doozy и 3 други им се допаѓа ова.
  17. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    2.630
    Допаѓања:
    4.047
    @Zlatna12345 Rabotata e shto niv sme "obvrzani" da gi pieme, doktorite gi delat ko bonboni. Te boli glava? Napij se dva analgina. Majka na drugar e farmacevt i mu vika nemoj da se trues so marihuana, daj jas kje ti dadam nekoe apce za smiruvanje. :o (A toa jacina dovolna tukureci da uspie konj) Strashno. Se soglasuvam so tebe.

    I da ne me sfatat pogreshno, ne treba da se pali dzoint na sekoi 5 minuti, podobro napijte se zelen chaj, magnezium, b kompleks, konzumirajte ovoshje ili zelenchuk. No, dokolku treba da se bira megu heleks i marihuana, se razbira deka kje go odberam vtoroto.
     
    На GirlLove, Bescheiden и Zlatna12345 им се допаѓа ова.
  18. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    1.989
    Допаѓања:
    3.739
    Пол:
    Машки
    Сите оние кои се борат за легализација на марихуаната 90% се наркомани бидејќи здосадено им е да се кријат.. Близок од семејството мое користеше масло од марихуана и тоа доста долго време истовремено со лекарства, ја победи борбата со рак но дали од лекарствата или од маслото само Бог може да знае. Кога се работи за лек е во ред, но да се борат за легализација за пушење навистина не е во ред. Нема ништо подобро од трезен ум. Имам познаник кој пуши, кога ќе го видам надуван мене не ми изгледа како да конзумирал лек туку дрога. Претерано смеење, зборување глупости, гледање во една точка како мрднат, играње како да е за последен пат мене не ми изгледа како лек тоа. А за хелекс апчиња ова она такви работи нити конзумирам нити ќе конзумирам бидејќи знам дека е дрога. Штом помага само моментално болката да ја снема логично е дека е опијат (дрога). :)
     
  19. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    2.630
    Допаѓања:
    4.047
    @Vitaly Ете, сепак ја поддржуваш медицинската употреба на марихуаната. Јас повеќе за тоа зборував. Никој не рече дека некој се излечил од рак со пушење на марихуана, е сега имам слушнато дека ја користат за да се опуштат и за намалување на болките, и како што кажав пре би да го користат тоа доколку им помага отколку морфиум или нешто слично. Мене лично ми има поминато главоболка од марихуана, зошто те опушта во потполност, те олабавува и ти ја намалува главоболката. Не дека го направив тоа намерно, него двете работи се погодија една со друга. Инаку, твојот познаник најверојатно е уште дете и сеуште е почетник во пушењето, се смееш ко зелен само првите неколку пати, ама и впрочем на сите различно делува. Еве, јас сум смирена, си седам, слушам музика, размислувам на некои теми, пишувам, решавам одредени проблеми што ме мачат, или едноставно си го пуштам мозокот на пасење. Затоа, не ни сакам луѓе околу мене.

    Што се однесува на твојот близок што се излечил од ракот, во неговиот случај било неопходно да прима терапии и лекарства. Или еве, јас имам состојба на срцето која ми предизвикува тахикардија понекогаш и имам препишани апчиња за срце кои во тие случаеви треба да ги пијам, значи не секојдневно. Или пак кога сум многу болна, морам да пијам антибиотици зошто грлото на друг начин не ми поминува, сум пробала со чаеви и витамини, ама не бива. Но, што се однесува до овие апчиња за главоболки и смирување, гледам да ги избегнувам, односно хелекс еднаш и никогаш повеќе во мојот живот, иако ми беше препишано од лекар тогаш. Ми пречи тоа што лекарите ги препорачуваат или препишуваат како да се бонбони, а тоа колку може да биде корисно, толку е и штетно, односно повеќе е штетно. И зошто речиси се е штетно, дури и најздравата работа ако се конзумира прекумерно, умереноста е клучот. :)
     
    На Zlatna12345, Vitaly и theowndemon им се допаѓа ова.
  20. Babyby

    Babyby Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    2.507
    Пол:
    Женски
    И јас сум да се легализира и за медицински и рекреативни цели. Немам пробано, и немам ништо против оние кои конзумираат.. според мене цигарите се уште полоши оти нема да те убие ниту тутунот туку адитивите. Многу сум против апчињата-чиста хемија, поарно би одбрала џоинт него ли диазепам или што и уште не.. затоа и фармацевската индустрија ќе биде втора во свет по профит после воената. Само повеќе време ќе треба да се излезе од границите на конзервативното размислување дека е дрога.
     
    На WildMk, theowndemon и biGirl им се допаѓа ова.