Во Неготино средношколците пафкаат на велико. Секој знае некој што продава, освен се разбира полицијата Во Скопје некаде ја има на велико, некаде едноставно не е ин. Така што де факто е легална, нема потреба од легализација, освен ако збориме за чистота и квалитет. Ама со оглед на тоа што во Македонија пазарната инспекција е корумпирана, самата легализација не гарантира и квалитет.
Ласта од Џеваир бе!! НЕ биди песимист и ти.. Ќе биде подобро контролиран квалитетот, плус, во ЕУ не примале такви што праеле криминал. А бидејќи таму ќе одиме... ќе имаме квалитет.. на ганџата.. најбитно
Ако си иста и трезна и напушена тогаш зошто пушиш? Нели е исто? Не бе луѓе не е исто, сум видел десетици и десетици напушени луѓе, не изгледаат нормално и трезвено. И не е работата за умирање. И од ЛСД не умрел никој па тоа не е причина да биде легална таа дрога. Зошто да биде легално? За да можат уште послебодно напушени по улици да одат? Каков пример е тоа еве на пример за твоите деца? Не е добро нели? Знам дека пушат многу луѓе, од сите мои врсници што ги знам барем 70 % знам дека имаат пробано. Друга би била сликата кога би била легална марихуаната да не се лажеме.
Па не реков дека не шетаат ама уште погадна би била сликата кога тоа би било легално. Пола од тие што сега пушат се кријат, замисли и тие да не се кријат. Полни улици наркомани, неубава глетка нели?
Не биди наивен. И сега пушат од дома и излегуваат. И да е само марихуана.. ќе се напукаат со амфетамини и лупаат по улици, дискотеки, концерти, клубови
Иронично е што алкохолот и цигарите, кои се исто така штетни, не се забранети и си се земаат легално, дури и деца конзумираат, а марихуаната, која може да биде лек, не е легална. Дрога е, да, но човек може да ја користи за различни цели. И други тревки можат да бидат дрога, знам случаи каде со сушени треви се дрогирале, дури и со лепак. Човек ако нешто сака да злоупотреби, ќе злоупотреби. Марихуаната добила некогаш репутација на лесна дрога, но денес потврдено е дека од неа има всушност многу здравствени бенифити.
Како што разбрав тие бараат легализација за пушење. Маслото е веќе легално па изговор дека бараат легализација поради тоа што е лек нема веќе. Знам, но уште пострашна глетка би било кога тоа би било легално.
изглеа не знаеш да читаш. Реков дека сум иста, не "спобудалувам" и халуцинирам како ти што преовеличуваш .ако пак не читаш убаво пишува дека ме опушта и ми е полабаво. Има и луѓе што пушат за да изгледаат "ненормално" и за да халуцинираат пошто тоа е тој high. Марихуаната се користи за различни причини!! Ти тоа што го сметаш за ненормално на некој тоа му се допаѓа и само ради тоа ја користи. За ЛСД не можам да ти кажам пошо темава е за марихуана.
Чистиот канабис(иако дејството покажува варијации) НЕ предизвикува халуцинации, те молам ако не си упатен со патофизиолошка терминологија не ја користи. Јас моментално користам канабис бидејќи ми помага во справување со анксиозност! Епа кога би ја легализирале, неопходна ќе биде стандардизација на суровината за тие шо одгледуваат, т.е. ќе знајш шо купваш и шо пушиш. Јас користам Amnesia Haze, не е од МК. What you pay is what you get.
И после ќе се чудиме зошто зависници завршуваат фатално од предозирања... Ете, поради вакви луѓе околу нив, без трошка емпатија и желба да помогнат. Он топик: не сум пробала, немам некоја јака намера да пробам во иднина и не ја величам марихуаната - ама сум за легализација, исто како што сум и за други работи така (проституција на пример). Значи главно од аспект на безбедност, чистота и квалитет за тие што користат, а истовремено не сметам дека со тоа би се променила ситуацијата со тоа колку луѓе веќе пушат и без да е легална.
Ниту сум трошел ниту ќе трошам време со такви луѓе. Не ни може да се наречат луѓе ама ајде. Ако тие не мислат дека со тоа прават лошо најпрво на себе па после на луѓето околу нив нема што јас да помагам. Би помогнал на некој кој нема за храна и слични нужни потреби. А на наркоман во никој случај. Емпатија за наркомани да се имало? Како размислуваш човече, перфектно. Со легализирање на проституција и дрога само со пропаст на човештвото може да придонесеш, ништо повеќе. Мене да речеме ДМТ или кокаин ми помага, што треба легализација да барам? Да се чувствуваше исто немаше да ја користиш. Кажи дека таа ти прави чувство да избегаш од реалноста и тоа е тоа, крај на муабетот. Слично или исто дејство имаат и другире наркотици. Реков ефекти слични на халуцинации, барем јас така го доживеав кога пробав. Немора одма стручњак да се правиш. Ти помага да избегаш од реалноста кажи слободно. Тоа го прават и другите наркотици и алкохолот.
Прочитај убаво што сум пишал. И пак ќе речам дека нема потреба да ми ги извртуваш мислењата и да ме правиш будала. Зборував за халуцинации да, но не реков дека се халуцинира од алкохол. Реков дека само пушењето марихуана му помага да избега од реалноста и дека тоа го прават и другите наркотици и алкохолот.
Не си пробал, од 2/3 повлекувања немаш вакви ефекти, не лажи. Што тресеш глупости хероинот десет пати поскап од марихуана вика со хероин прскале да има ефект муабетов, у кока кола кокаин ставаат за адиктивна да биде.
Немам потреба да ти се докажувам. Реков сум пробал и кажав што сум доживеал со тоа. А да водиме инает и да правиме циркуси до утре може. едит. Инаку јас сум пијан од 5-6 пива а имам другар што и 20 да испие човекот е ок. Што правиме?