Што би направиле ако дознаете дека некој ваш близок ( брат, сестра, дете) пуши редовно (се мисли 3 пати неделно пример), а притоа има негативни промени во расположение или однесување спрема другите? Како би му помогнале? Инаку јас сум за легализација на медицинска марихуана, иако во мк исто како да е легализирана и средношколци пушат редовно, премногу е достапна за сите.
Ако причината е тревата, а не нешто друго, нека го смени дилерот или нека прави пауза. Иначе редовно пушење е секој ден минимум по еден џоинт.
Редовно пушење е секој ден,константно. Негативните промени што ги кажуваш не се од тревата,освен ако не пуши тешко ѓубре.
Секојдневно држење лекција, забрана за излегување, контроли, тестови и на лекар под итно. Марихуаната е дрога и делува на целокупното психофизичко здравје на конзументот и против нејзина легализација сум. Ајде пукајте сега по мене.
Не сум го знаела ова Инаку започнав општа дискусија не дека познавам некој туку само бев инспирирана од околината каде што многу малолетници пушат па како би постапиле ако има лоши промени а мислам дека кај помладите и би можело да има.
Не е опасна ако е квалитетна.. и ако се конзумира како што треба ( во рекреативни / медицински цели. ) Во секој случај не препорачувам редовно конзумирање во млади години. Можеби е здраво еднаш во 2 месеци да се пуши во период на развој.
Марихуаната не е дрога Бидејќи ако е таа дрога, тогаш дијазепамот што е ? Средство за смирување ? Пфф, па оваа е средство за уживање, како цигарите некому што се. Морфиумот како може да биде легален? Благодарение на марихуаната го држам и бронхитот и астмата под контрола. Имунитетот ми е јак и тоа е се што ме интересира. Не пушам, плаќам да ми направат масло без елиминација на било која состојка . А за негативни последици, се е со мерка и со мерка треба да се користи. Толку
Ајде вака, да направиме едно големо заедничко мислење со ПРЕДНОСТИ и НЕДОСТАТОЦИ (односно негативни ефекти ако ги има) од конзумирање на марихуана.
Недостаток марихуаната нема, недостаток може да има конзументот, а тоа е мерка колку да исконзумира марихуана , што води кон тоа дека сами си штетиме а не нејзиното височество сативата. Предностите не можат да се изнабројат....
Мене ми е препорачано, да, 1 до 2 пати неделно по 1 лажичка масло. Да бев пушач, веројатно би конзумирала и во вид на Џ????, заради белите дробови. Ама и со маслото бронхитот е под контрола.
Е, јас имам проблем со белите дробови, мал ама проблем е. Да цепам по еден кец месечно, на два три месеци, или два три кеца месечно?
Не сум упатена што е тоа КЕЦ ,ама ако мислиш на еден мал чист џоинт од 1 сантиметар, 1 неделно најдобро за здравје. Јас бронхит имам, бронхопнеумонија два пати прележано и како резултат на тоа имав едем во белите дробови и благодарение на сативата се исчисти, бронхитот веќе 3 зими не ми е активиран оваа ќе биде 4 та се надевам.
Пушењето е штетно посебно за белите дробови. А ова со една лажичка 1-2 пати неделно е тотална глупост такоџе. Прво организмот на човекот има канабоидни рецептори кои се опишани од невропсихијатар уште одамна, се зема по едно зрно како ориз или 2 зависи од тоа докторот или стручното лице како ќе кажат, се почнува од најмалку и дозата се зголемува или како чепчиња. Има цбд и тхц, цбд то се користи за состојби како епилепсии, аутизам, неврози, кај некои случаи на шизофренија и тн, додела тхц-то најчесто кај канцерогени заболувања. Точно е дека се користи маслото и кај белодробни заболувања и астми но соодносот треба да биде точен, на пмф ако не се лажам има апарат кој го мери соодносот, но кај нас уште не е развиен лекот како што треба. Црниот пазар е меч со 2 острици. Ова е скромно познавање со кое имав шанса да се запознаам надвор од земјава, од доктори.
Не знам, но внесување на чад на било каков начин во бели дробови не може да биде позитивно, па посебно кога има едем. Но во секој случај ми е мило ако помогнало.
Не, јас немам конзумирано во вид на пушење никогаш. Само масло, масло кое ги содржи сите состојки, можеби е од продавач од црн пазар но, од многу поуздани и вешти раце правено во домашни услови. Ама и многу дебело го плаќам...