Да има, јас конкретно носам такви. Разликата е што се поскапи од обичните кои имаат само диоптер и кога трепкаш се случува некогаш да немаш веднаш јасна слика. Докторката ми има кажано дека се случувало поради тоа што требало време да се добие фокусот од аглите, цилиндрите итн. Сега видов дека погоре пишува за леќи за блиску, на тоа конкретно не знам одговор. Моите се -.
Не ја знам работава мн со леќи е, не сакам да носам наочари, значи со леќиве што друго треба да купам? Водата посебно оди?
Тоа, леќи и раствор само, капките се плус ако ти требаат за суво око. Растворот се купува од аптека, а леќите си ги нарачуваш од оптика или пак сама преку интернет.
Симптомите ќе ти бидат поизразени доколку носиш леќи. И јас имам суви очи, наверојатно повеќето имаме штом 24 часа сме на моб и лаптоп. Сега користам првпат леќи што се за суво око, но не гледам дека се нешто подобри од претходните што ги користев, иако беа обични некако повеќе ми одговараа. Многу е вежен и растворот што ќе го користиш каков е, и обавезно вештачки солзи.
Раствори имаш секакви, поефтини и поскапи, мене искрено и едните и другите ми биле ок, не сум забележала некоја разлика. Мислам дека има за 6 месеци, ама не знам дали за сите леќи може. Инаку солзите се тие капки за суво око, ставаш за навлажнување, и тоа го имаш во аптека.
Конкретно за растворот јас Renu го користев со години, стварно мо беше погоден, а сега го сменив и загрешив, има голема разлика од Прокулонот. Со Прокулинот ми се слепуваат многу леќите за окото, додека Рену растворот е како емулзија, не испарува брзо. Ако користиш и вештачки солзи треба да земеш од тие што се користат при носење на леќи, затоа што има и обични.
Јас користам Прокулин и ок ми е. Тој е најевтин. Сум земала и други тој Рену и еден шпански ми даваа со леќите, ама јас разлика не осетив. Но, сите очи не се исти, секој е различен.@Justicija, леќи има секакви типови, дневни, месечни, годишни, но држи се до тоа што ти препишал лекарот. За вештачки солзи, и тоа ми дваа гратис, ама јас не сум имала потреба од нив. Тоа е за луѓе со суви очи. Посебно во зима ако седиш го греалка, или е сув воздухот, ќе ти требаат, но потреба ти ќе осетиш, ако чувствуваш дека леќата во окото се стврднува и благо гребе, инаку не си фрлај пари џабе ако реално не ти се потребни.
https://www.facebook.com/opticcolorslenses/ Порачувал некој од оваа страна? Ја разгледував полската страна но во нарачки ми излегува само опција една на диоптер, а јас имам различен диоптер на двете очи..
Ќе треба да си нарачаш 2 пакувања, по едно за двата диоптри. Во едно пакување секогаш одат леќи со ист диоптер. Ако сакаш за почеток да пробаш со по една леќа, во оптика Диоптра продаваа на парче, претпоставувам уште делат така.
@Justicija Ако носиш наочари и сакаш леќи отиди на очен. Многу често не е ист диоптерот на леќите и наочарите и на лице место ќе ти дадат еднократни да пробаш. Не се купуваат на своја рака одеднаш леќи, треба преглед колку се ок за твоите очи и се обврска. Плус има различни видови на леќи според диоптерот, ќе ти објаснат и како да ги чистиш и чуваш. Инаку јас нарачувам од ленте контакти задоволна сум брза испорака и ниски цени. Земам Renu течност и Bausch & Lomb леќи.
Убав совет. Обично на леќи даваат повисок диоптер, тоест може разликата од едното око до другото да биде и до -3, а со очила не е така. Кога препишуваат очила, гледаат да има некој баланс, тоест мислам дека на тој начин дури и му штетат на окото со тоа што ако треба да ти дадат -4 пример, ти даваат -2.25. Никако на своја рака. Може да нарача, па да не може ни да ги носи пример и да ги фрли. Друго, добра опција е во некои ординации, оптики ако даваат, да пробаш леќа, да видиш дали ќе ти лежи, па потоа купи. Јас така 2 дена по ред ми ставаа леќи и ги носев по неколку часа. Ова во приватна ординација.
Јас првите леќи и едно шише течност земав од кај докторката по прегледот и пробата. Екстра ми се погодија и продужив да си ги нарачувам истите. Всушност јас имам минус и леќите ми се со помал диоптер не поголем. Леќите лежат на око, не ги тргаш секогаш кога гледаш во телефон на пример или читаш книга. Ако немаш проблем со гледање на близу како мене, високиот минус - еднаквиот како очилата, ќе создава главоболки и не е во ред.
И јас сум со минус. Мене одлично ми легнаа. Јас имам тип на леќи со кои спијам, се бањам, се правам, и обврска ми е еднаш неделно да ги извадам и измијам. Но, ако чистам прашина пример, сама чувствувам дека се валкани, ги вадам и мијам, дури и ако вчера сум ги миела. Затоа велам не на своја рака, мене лекарот ми рече дека овие мене ќе ми одговараат за нон стоп да сум под диоптрија и да не расте.
Може помош девојки .Имам диоптер - 2 на едното со - 2.5 другото око плус цилиндар - 0.5. Се мачев со наочари но никако не успеав да ги навикнам. Сакам леќи да земам но не знам какви, може да ме упатите. Благодарам.
Ќе си отидеш на очен лекар и ќе ти објасни се. Ќе ти требаат леќи за астигматизам, ама немој да земаш на своја рака, советувај се со специјалист.