Ако е мн мал цилиндарот, нема потреба леќите да се за корекција на астигматизам, но сепак мораш да одиш на офталмолог доколку сакаш да носиш леќи.
Кои се негативни страни од носење леќи? Ми досадија наочариве веќе, а и кога работам ми се лизгаат од лице, немам живци. Леќи не сум сакала од што ми било језиво и страв да ги ставам.
Негативно нема , само треба да внимаваш многу пред секое ставање, вадење обавезно миење на раце. Со носењето леќи не расте толку брзо диоптер како само кога носиш очила. И мене ми брше тешко и језиво на почеток, ама се е навика
Вие што имате порачувано од полскава страна леќи, дали ви побарале да се плати царина/данок? И колкав износ ви беа нарачките во денари?
Фала на одговорот. Второто прашање ми беше повеќе за тоа до кој износ имате порачувано. Јас вчера порачав, околи 1900 денари ме фати. Има износи на пратки над кои се плаќа царина, ама не можам да ги пофатам баш, некако конфузно ми се објаснети по нетов.
Јас околу 2000 и кусур плаќам, до сега не се случило да платам нешто плус. Иако поправило треба да се плати ддв, ама не знам како одат работите. Царина е за над 90 евра.
Може, јас имам користено на Air optix нијанса Gemstone green Сега за жал не можам да носам, зошто имам астигматизам на двете очи
Здраво, ококу еден месец носам леќи но во последно време кога ќе ги ставам очите ме печат неколку минути, сакав да прашам дали е нормално?
Па не, не треба да те печат очите. Измиј ги убаво леќите со растворот да не има нешто на нив па да те печат очите. Исто и кутивчето измиј го да си сигурна дека е чисто. Ако пак те печат , види до растворот да не е.