Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Контактни леќи

Дискусија во 'Лице' започната од Vip83, 17 август 2015.

  1. Cactus997

    Cactus997 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2022
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    429
    Пол:
    Женски
    Имам прашања феминки
    Имам очила со диоптер -1.75 од почетокот на јануари.
    Сакам да купувам леќи чисто за да не ги носам нонстоп очилата и дека ми сметат.
    Читам имало меки полутврди и тврди леќи.
    Која е разликата меѓу нив? Само во ставањето или? Дали треба повторно да одам кај докторот он да ми каже какви или јас сама одлучувам?
     
  2. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.824
    Допаѓања:
    5.551
    Пожелно е да појдеш пак кај лекарот да се посоветуваш. Пример ако имаш суви очи носењето леќи нема да ти биде удобно, или ќе треба вештачки солзи да ставаш. Плус дали имаш цилиндар или не.
    Разликата помеѓу леќити е баш во мекоста. Меките се ептен нежни, не ја осеќаш на допир, додека пак тврдите се баш со форма, и веќе се да не речам ама ептен во редуцирана употреба. Така да во најголем број случаи се носат меки леќи.
     
    На Dream-Girl и Cactus997 им се допаѓа ова.
  3. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    Консултирај се со офталмолог, се ќе ти објаснат таму како што треба. Инаку претежно меки леќи се носат веќе, не се ни чувствуваат на окото, полесни се за носење.
     
    На Cactus997 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Stefi_555

    Stefi_555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2019
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    718
    Пол:
    Женски
    Можда е глупо прашањево, ама не се разбирам од леќи ич не сум носела до сега. Сакам да купам и ме интересира дали има трајни леќи? Да не морам на секои 2 месеци да купувам или? Како иде тоа ако може некој да подобјасни?
     
    На Cactus997 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.531
    Допаѓања:
    106.106
    Пол:
    Женски

    Трајни леќи нема, меките се менуваат на месец , месец ипол, тврдите на 3 години. Тврди леќи носи мајка ми ,на 3 години ги менува
     
    На Stefi_555 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Stefi_555

    Stefi_555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2019
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    718
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам :)
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  7. SaNJaAaaAaa

    SaNJaAaaAaa Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2010
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    1.468
    Здраво, ве молам споделете од која полска страница нарачувате леќи?
    Јас оваа ја знам само https://www.lentekontakti.com/
     
  8. Mr. Scratch

    Mr. Scratch Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2020
    Пораки:
    507
    Допаѓања:
    3.978
    Од оваа.
     
    На SaNJaAaaAaa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.439
    Има и разлика во пропустливоста на воздух. Меките се најпропустливи, со тоа и најздрави за коњуктивата и рожницата, па полутврдите ( полупропустливи) и на крај тврдите.
    Плус подносливоста е различна. Јас иако долго имав носено полутврди, после неколку години пауза со очила, не можев пак да се вратам на нив, ме иритираа, морав меки. Веројатно и самото око посуво ми беше.
    Меките не корегираат астигматизам колку што знам, тврдите да.
    Сепак можеш да закажеш проба на едни или други, да видиш и сама разлика.
    Има дневни, месечни и повеќемесечни, но сепак се вадат секој ден, не е препорачливо спиење со нив.
     
    На Cactus997 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.848
    Допаѓања:
    19.551
    Пол:
    Женски
    Јас уште не можам сватам што е тоа цилиндар на око? Кога ја прашав очната ми рече под агол и толку
     
  11. Estranged

    Estranged Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    1.772
    Допаѓања:
    24.766
    Накратко кажано, тоа е кога окото нема правилна форма на топка туку форма на елипсоид и закривувањето не е рамномерно, па светлината не паѓа точно на ретината, кај што треба да е фокусот при нормален вид.
     
    На koritsaki, zence и Justicija им се допаѓа ова.
  12. SelenaGomez

    SelenaGomez Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    718
    Допаѓања:
    1.587
    Пол:
    Женски
    Дали некој поискусен може да ми помогне?
    Зедов контактни леќи, имам диоптрија и поголем цилиндер. На левото око и цилиндерот и диоптријата се во ред, на десното ми е -2.25 а јас имам -3.00, фабриката наводно до таа бројка изработувала ама чичкото во оптика кај што одам цел живот ме убеди дека е во ред така и дека ќе гледам супер.
    Првите дена ми беше премногу чудно бидејќи веќе 19 годни сум само со очила ајде реков треба да ми се навикни окото. Но и сега кога немам проблем јас не гледам исто како со очила ни со левото ни со десното око, нешто ми недостасува не знам што, не можам да опишам. Каде е грешката, дали има некој друг со вакво искуство?
     
  13. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.145
    Допаѓања:
    8.249
    Диоптерот ти е - 3 а ти дале - 2.25 бидејќи не можат да ти дадат повисок со тој цилиндар така?
    Прво, има многу видови на леќи, меки, полутврди и тврди, и стотици марки. Немам цилиндар, ама леќи има до многу повисок диоптер и во сите комбинации, може да нема меки, ама ќе има тврди итн.
    Ти дадоа ли да пробаш кај очниот дали ти одговараат? Од прв момент треба да гледаш многу подобро отколку со очила.
    Отиди кај друг очен, не може на - 3 да ти дава - 2.25 секогаш ми давале со 0.25 помалце од реалниот диоптер, никогаш пониско.
     
    На redflower и Angie1432 им се допаѓа ова.
  14. SelenaGomez

    SelenaGomez Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    718
    Допаѓања:
    1.587
    Пол:
    Женски
    Не ми дадоја да пробам воопшто, ги нарачав кај оптичарот со потврда од матичната за диоптријата.
    Цилиндарот ми е -3.00, не диоптерот а леќите се меки
     
  15. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.439
    Мене пред мнооогу години кога ми дадоа леќи, започнав со полутврди, заради постоењето на цилиндар, ми го зголемија измерениот диоптер:?:.
    Тогаш ме убедуваа дека со меки и не може да се корегира цилиндерот.
    Барем 25 години има од тогаш.
    Направив ласер пред неколку години, и сепак цилиндар сосем мал остана.
    Сега носам очила за близу, старечка презбиопија, која ласерот ја забрзува, и ако не е направен цилиндарот како што треба, ич не ми е убаво, сеедно која е јачината во +.
    Чак и на лупи што носам на работа , зломемуваат 4 пати, не е јасно ако цилиндар нема. ( скапи вс ефтини).
    Мој совет: барај си со онаков цилиндар каков што ти треба, па макар од странство нарачувала.
     
    На SelenaGomez и GirlRose им се допаѓа ова.
  16. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.145
    Допаѓања:
    8.249
    Смени си го офтамологот, како може да не ти даде да пробаш леќи кога за прв пат користиш? Треба да те едуцира на ставање, вадење, одржување. Дури и да поседиш и да се движиш со нив низ просторот. Следно, смени си го оптичарот пошо те лаже за да ти продаде тоа што има, а не гледа да ти помогне.
    Леќи со - 2.75 цилиндар има, еве ти примери набрзина од страната од која јас нарачувам:
     

    Прикачени фајлови:

  17. SelenaGomez

    SelenaGomez Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    718
    Допаѓања:
    1.587
    Пол:
    Женски
    Не ми е прв пат да носам, пред 10тина години ми даде пробни докторката од оние што се за 1 месец ама не продолжив да носам после, се беше во ред тогаш. Сега ќе да е до оптичарот, верувам дека продал што имал. Ќе се консултирам пак со неа да видам што ќе каже.
    Фала ви многу за мислењето :inlove:
     
    Последна измена: 14 јуни 2022
  18. Astrum.Obtutus

    Astrum.Obtutus Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    458
    Пол:
    Женски
    Мене ми дадоа 0.50 помалку од реалниот диоптер ама јас немам цилиндер. Супер гледам немам гајле.
     
  19. Diggie

    Diggie Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    11
    Што правите вие што носите леќи кога идете на плажа? :)))
    Од неодамна почнав и јас да носам меки леќи за гледање на далеку. Е сега ме интересира, кога ќе одам на плажа, претпоставувам дека не можам со овие моиве леќи да пливам, дали постојат специјални леќи за тоа, односно дали постојат леќи на кои водата нема да им пречи? Што правите вие искусните. За секој совет ви благодарам.
     
  20. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    5.194
    Пол:
    Женски
    Прашав двајца доктори за тоа и ми дадоа ист одговор, дека може во морска вода, не може во езерска со леќи. Јас носам капки за очи и веднаш штом излезам ставам бидејќи од солта знае да запече. И секако дека внимавам.