Девојки како оди ова преку фондот за леќи? Кај мене пишува 1182ден референтна цена. Прв пат ќе земам па ме интересира директно ги одбиваат или се чека рефундација од кога ќе се земат леќите?
@Diggie и јас носам меки леќи и немам гајле кога се бањам во море, секако пазам да не ми влезе вода во очи
Сакате да кажете дека воопшто не ви се наводенуваат очите додека се капете во море?? Ме интересира затоа што и мене ова баш ми е проблем, никогаш не сум влегла со леќи во вода. Друго нешто, растворот сум го оставила отворен околу 2 часа, знам дека е можно да се контаминира. Му се случило на некој ова?? Скоро цел ми е, како да го фрлам .
Да, јас цело време на плажа сум со леќи. Пазам, не ми влегло вода. Само се откажав од нуркање со години, но вака поубаво гледам, вредеше жртвата.
Косата да, на ваков начин. Иначе можеш и лицето ако мижиш , не е толку страшно. Стално и наочари за сонце носам и во вода, секако со леќите сонцето ептен ми смета, бар мене очиве осетливи ми се многу откако носам леќи, сонце многу ми пречи , па така заштитени ми се додатно од тоа да не ми влезе вода во очи.
Закажуваш преглед на државано. Со извештајот одиш до социјално на шалтер да ти заверат, ти дават список на оптики во кои можеш да си ги земиш. Одиш во оптика те внесуват во систем и ти дават леќи. Е сега доплатата зависи од тоа какви леќи земаш. Јас денес земав Biofinity 6 леќи со 1000 ден доплата. Важи само за меки леќи ова исто зависе од дијагноза и диоптрија.
Ништо не му е има сосем мал отвор не може да влезе ништо, ако ти е шубе истири малце на страна да се измие отворот. Многу пати го заборавам и јас особено кога ги вадам касно навечер Инаку јас по консултации, земав еднодневни леќи за одмор. Наводно биле по безбедни во превенција на инфекција пошо ги фрлаш на крајот на денот. Претходните години кога носев наочари само одев без ништо на плажа и бев како ќорава мисирка лежалката си ја промашував @ivanchos Овие се водат океј за extended and overnight wear, така да за по цел ден ќе ти бидат океј, ама вади ги секогаш навечер, многу е побезбедно, се рехидрираат и се чистат во растворот.
Сега видов баш на официјалната страна, може да се носат до 7 дена. Јас искрено не би ги носела, а и не можам затоа што едвај чекам да ги извадам кога сум дома . И јас сум на плажа секогаш како ќорава мисирка , ама годинава ќе смениме нешто .
Јас кога пливам внимавам, ги затворам очите, само ептен ми смета доколку ми влезе песок во окото а носам леќи Без леќите никаде не можам
Здраво, извинете за прашањето што не е баш најсоодветно со темата, но дали знаете од каде може да се набават очила за сонце со диоптер по најприфатлива цена (може и онлајн)?
Вие за на плажа да пробате со наочари за пливање. Јас дека обожавам да нуркам планирам да носам наочари за пливање + леќи.
Пак јас. Изгледа ќорава ќе си останам, наочарите не можам да поднесам, со леќите тешко ми оди. Ги чувствувам постојано не знам дали е нормално. Прокулин адвенс ставам и пред да ги наместам и потоа во текот на денот пак капнувам. Ќе биде секогаш вака? Друго ми се заматува, трепнувам ми се избиструва сликата и за 1 секунда пак ми е матно. Како да ми се губи фокусот, не знам како да објаснам. Имал ли некој искуство со вакво нешто? Се испренервирав очекував конечно да прегледам нормално ама ништо не бидува.