Повеќе години носев наочари, одамна сакав на леќи да преминам. Пред три дена почнав до леќите. Исто не ми е јасно зошто леќите не ми ги дадоа за астигматизам. Наочарите му беа со цилиндар. Диоптријата ми е голема, цилиндарот ми е мал 0.5. Дали за толкав цилиндар нема потреба од леќи за астигматизам? Ич не сум упатена а никој ништо не ми објасна.
Ако имаш 0.5 цилиндар на наочари не го даваат на леќи. Ни моите немаат па гледам подобро од со наочари. Kакви леќи имаш? Немам искуство со тие капки, да пробаш со други. И мене често ми се заматува така окото па трепкам и ми се враќа во нормала. Овие капки ги имам:
Јас ги имам овие леќи убаво ми лежат на окото. Не треба да ги чувствуваш. Претходно со овие леќи земав Прокулин раствор и воопшто не ми одговараше, цело време ги чувтвував леќите, си викав можно ли е овие поскапи леќи да не чинат, потоа го сменив со Рену и сега супер ми е, убаво ми се местат на окото, не ми пречат воопшто. Исто така и јас имам астигматизам, но носам обични леќи, и нормално гледам со нив.
Обичен извештај што го даваат офтамолозите и за наочари и за леќи. Потреба од очно помагало мислам дека пишува. Прашај си го пак офтамологот дали ќе ти одат преку фонд.
Прв пат слушам дека преку фонд може, зашто ниеден доктор не ни го кажал тоа :'( Јас баш овие ги носам, се убив од пари давање ццц. Ако не ти е проблем, со која дијагноза доби и кој диоптер имаш?
И јас не знаев мила, добро што ми кажа офтамологот. Со миопија сум. Диоптрија -3.75 на едното со -2.50 на другото. Закажи си преглед и прашај си.
Дали некој во скоро време, нарачувал леќи од полската страна? Пред една година последно нарачав, и сега не можам да најдам како се плаќа. Нешто како да е изменето.
Какви леќи користите за на одмор од оние дневни? Знам дека има ама никогаш не ми текнало да земам такви, а нон стоп ги губам во вода, пошто јас и нуркам со нив, топам глава, лице, дури и сум гледала под вода ако морам. Користам меки аир оптикс хидра глајд, а порано користев бауш и ломб. Уште нешто, не знам дали е за темава. Користи ли некои пјур моист од опти фри, каде има, не можам да најдам.
Може да ми кажеш како го изврши плаќањето step by step? Порано имаше опција abroad, ама сега нема и не можам да се снајдам.