па имаш различни.Некои треба да се менуваат неделно, некои месечно, некои на 6 месеци итн зависи од кои ќе избереш
1800 денари за секојдневно менување а 2000 се тие што не ги вадиш 7 дена. Иначе можеш да ги купиш таму каде што продаваат наочари за вид.
А на пример ако се месечни, тоа се брои еден месец откако си ги купил или еден месец според тоа колку ги носиш?
@Queen^^ Всушност траат и повеќе од месец дена.Можеш да ги носиш и 2 но се препорачува менување секој месец затоа се месечни бидејќи на нив се наталожуваат честички кои не се добри за окото.Јас месечните ги носат по месец ипол до два само кога излегувам,за по дома си носам наочари.
Здраво, заинтересирана сум за контактни леќи, но потрбна ми е мала помош, затоа што немам некој близок што имал искуство со леќи па добро би било некој од вас да сподели било какво искуство со леќи. Јас веќе 9 години носам очила со диоптер но веќе ми сметаат. И исто така добро би било да ми предложите некоја добра оптика во Битола за леќи. Ви благодарам
Еве јас да се пофалам, дека сега ноктите ми се долги и немам проблем да ги ставам и извадам леќите! Се е до навика и нормално, мора внимателно. Кога се сака се се може!
Едно прашање... Имам вакви , и докторката ми рече да ѓи вадам секоја вечер. Другарками има исти такви и ми рече дека може да се носат месец дена , без воопшто да се вадат. Што мислите?
fificaaa мора да ги вадиш секоја вечер месец дена се премногу не смееш да спиеш со нив-инаку јас носам очила полесно ми е а и леќите бараат посебна хигиена
После одредено време колку и да се пропусливи леќите на окото му е потребно да дише. Секој офталмолог ќе ти каже дека за доброто на твоите очи е препорачливо леќите да ги вадиш почесто и да одмараш очи. Значи секој ден дури и преку ден ако можеш, за навечер обавезно. Леќата мора да се исчисти инаку ќе фатиш некоја инфекција на очите.
Ви благодарам за советите , имам слушнато за такви што воопшто не се вадат. Инаку мислев за во случај да идам да преспијам кај другарка , да не морам да носам течност и кутивче и свешта туку едноставно да спијам со нив. Лесно навикнав на нив и ќе продолжам вака , уште еднаш благодарам , имајте убав ден
@fificaaa Има специјални леќи за продолжено носење кои што може да се носат до месец дена. Мене твоиве ми изгледаат како обични и се вадат секоја вечер, кога спиеш или се бањаш.
Јас имам преспивано со леќи во такви исклучителни ситуации, ама тоа може 5-6 пати во годината. Единствено наутро ги осеќаш уморни и суви очите ама потоа сами ќе се навлажнат и ќе биде ок. Секако се препорачува да не се носат леќи на спиење, ама во вакви ретки ситуации не е проблем нема нисто страшно да се случи. Кога се бањам никогаш не сум вадела леќи, или кога се мијам лице преку ден.
денеска прв пат ставив леќи. ... како ви беше на вас прв пат кога ставивте леќи? ми сметаат, ме боцкаат. посебно таа со цилиндер
Мене ми требаше недела дена отприлика додека се привикнав. Истото искуство го имав, но ќе пројде. Сега веќе 10 години носам леќи.
се надевам не се за џабе парите. . Кажи ми, гледаше ли матно? Или ми го утнаа диоптерот ММ вика нема возење дур не прогледаш
Ако гледаш матно, можно е леќата во окото да не ти е наместена убаво. Со измиени раце со прст помести ја лево, десно, па провери дали гледаш поубаво. Има измиј ги, ако се валкани, можно е да гледаш матно, ако сето ова не помогне, нешто е утнато.
можно е да ми го суши окото леќата и од тоа да ми се замаглува видот? штом трепнам е ок, после некоја секуунда се замаглува. . Или на сонце надвор, од сонцето ми се насолзуваат очите и се е во ред.