Air Optix. Soflens се постар модел на леќи, со постара технологија и пропуштаат 6 пати помалку кислород отколку Air Optix. Исто така, Soflens не се препорачуваат за носење подолго од 10 часа дневно. Кутиите што ти изгледаат исто, да не се едни стандардни, други торични (астигматизам), трети мултифокални? Од меки леќи најдолготрајни што имам користено се 3 месечни, ама сепак би препорачала месечни. Годишни мислам дека нема меки.
Дечки имате видено пакување од 100мл или помалце на Renu или Optifree растворите? Или друг од кој сте задоволни? Ми треба за патување, Renu најдов од 120мл ама за рачен багаж ми е, не може. Прокулин на Алкалоид има 100мл ама не знам колку е добар?
https://lens.prima.mk/optifree-puremoist-90ml Ама искрено кога патувам земам малечко Прокулин, зошто 450 денари не ми се даваат за малечко шишенце, кога големо Рену земам за 555 во локална аптека.
Како ти се покажал Прокулинот за краткотрајна употреба ~4-5дена? 450ден за 90мл ми е апсурдно малце кога 360мл е 700.
Јас купив пакување од 100мл на opti free, не се сеќавам колку пари беше го купив во јануари од оптиката во сити мол. Секако тој раствор го користам за леќи и не сакав да експериментирам зошто не ми одговараат сите раствори. За прокулин посебно знам дека не се задоволни, па јас не би ризикувала на пат да експериментирам.
Сум користела Прокулин, онака е, ни добра, ни лоша течност, но не прекупив пак. Renu најдобро ми е и највеќе ми одговара. Ако ти е за кратко патување, земи си таква од Прокулин, нема нешто многу да ти смени за некој ден.
Има некој што многу му се сушат очите додека носи леќи? Што ви помогнало? Не знам дали е до тоа или едноставно треба да го сменам типот на леќи, ама штом земам телефон или нешто да читам додека ги носам, мислам дека се' ми се поматува и изместува пред очи.
@Angie1432 мене ми се сушат, искрено трајно решение немам најдено. Кои леќи ги користиш? Мене докторката ми ги препорача Air Optix Hydraglyde. Пробај со капкиве, ги ставам кога ќе почуствувам боцкање
Zdravo. Na polskata strana mi izleguva deka nema dostava za Makedonija. Preporaka za nekoja druga strana od kade mozi da se poracat?
@CrAzZyYy Во врска со леќите, дали може да ми препорачаш некои кои ги има тука кај нас а изгледаат подеднакво добро како овие? Многу природно личат, не се ни познаваат. Сакам да пробам и јас ама немам искуство и не ми се купува што било.
Леле не знам стварно, не сакам да препорачувам нешто што не сум користела. Овие од ДМ во Белград ги земав, ги нема во секој ДМ ама можеш да им пишеш на инстаграм враќаат пример дали во некој ДМ во Врање ги има па сигурно ке се најде некој да ти ги донесе, плус 3600 динари се значи негде околу 1800 наши денари а супер ми се, не ми пречат лесно се ставаат. Видов дека има достава до Македонија ама цената за достава е колку леќите па види што како ти се исплати.
@Zaljubena26 na Air optix color се многу природни, јас зелени носев 2018та има и со диоптер и без (gemstone green)