Јас нарачав на 28ми април и пишува дека се испратени. Не можам да видам кога ќе стигнат, но ќе те известам кога ќе ги добијам.
Подобра опција ти е дневни,во поглед на по хигиенски,се намалува ризик од инфекции..Овие другите ги реупотребуваш,додека пак дневните ги ставаш и ги вадиш пред спиење,и следно ставање си ставаш нови,чисти. Тоа ми е речено и од офтамолог,мислам дека секој очен лекар би ти го препорачал истото.
Порачував леќи од полскава страна ама нешто утнав и кога требаше да платам ми текна. Сега не ја сакам веќе таа нарачка а ми стои дека треба да ја платам. Што да правам, бидејќи не гледам опција за откажување? Само да ја оставам така или? Еве вака е:
Имам диоптрија -2.75 и цилиндар -3.00, леќиве на Air Optix цилиндарот им оди до -2.25, препорака дајте за леќи соодветно на мојава и како се движат цените од прилика?
Мораш на доктор да одиш,не можеш на своја рака да зимаш Читам неколку коментари, која е таа полска страна од кај што нарачувате?
Сакам да купам леќи после 2 години пауза. Не се сеќавам на брендот, ама беа месечни тие што порано ги користев. Од кои сте вие задоволни?
Дали имате проблем со lentekontakti странава? Пробувам да ги нарачам тие леќи што ги нарачував до сега, вика дека веќе не се произведуваат. Најдов други, истото. Сменив диоптер, пак истото го пишува.. И од која друга страна сте задоволни да си нарачам или од оптикиве кај нас? Само не полската зошто не ми стигна последната нарачка.