Да се надоврзам, мене еве ми ги испратија на 21 август, се уште не ми се пристигнати. Ви доцнеле на други повеќе од месец?
Не знам искрено, може и до производителот да е нешто ама на маил не ми дадоа објаснување, не сакаа ни рефундација да направат и така си остана.
Едно прашање доколку може некој да помогне Бев на очно и ми се покачил диоптерот , општо сите параметри за астигматизам, едното око цилиндарот ми е 1,50 а такви леќи со овој цилиндар не произведуваат, само 1,25 или 1,75. Што да правам сега
Имам сличен проблем. Најдобро офталмолог ќе ти каже. Мене ми ги даде со 1,25 пошто со 1,75 ќе ми се силни и ќе ме боли глава. Сега вака послабо ќе гледам, но секако почесто сум со наочари јас така да не ми е некоја разлика.
Каква течност користите и од каде купувате? Јас со години немав проблем со Прокулинот ама во последно воопшто не ги чисти леќите и имам проблем при гледањето.
Renu лично од Грција секогаш и на брат ми му носам тука по аптеките и оптиките чини од 8-10 евра или онлајн се наоѓа 3 за 18 евра
Мислам дека оваа содржи најмногу лубрикант од сите и чисти супер, не гледам матно. или пак можеби добро ми се поклопи со марката на леките