Прашав во друга оптика ги има, грешка информација ми дале. Дали и на вас не ви се погодува секоја марка на леќи и раствор или јас сум некој исклучок ? Аир оптикс хидра глајд многу ми ги сушеа очите, додека со пјур вижн2 не е така. Кои се вашите искуства?
За леќи не знам да ти кажам зошто со години ги користам истите на Bausch & Lomb, не сум имала никаква мака. За течност долго користев на Прокулин ама како да не ми чистеше веќе добро, па се префрлив на Рену и немам проблем.
На колку време ( години) се прави пауза од носењето леќи за оние кои ги носеле секој ден? Точно ли е дека рожницата се лиже ако не се направи пауза?
Искрено прв пат слушам за ова, јас ги носам повеќе од 15 години и никој доктор не ми го спомнал ова. Дали некој нарачал во скоро време од полската страна? Направив нарачка на 31ви август и се уште ја чекам. Сега им пишав, но сакав да споредам колку се чека отприлика.
Тие со цилиндар, забележувате ли разлика во гледањето со леќи/очила со цилиндар? Јас првпат дознавам дека имам цилиндар, претходно никој оптичар или офталмолог не ми открил, може и ново нешто да е. А сите леќи и двата пара очила што ги имам се без цилиндар, и не знам дали има голема разлика во квалитетот на гледање (а поскапи се леќите за астигматизам гледам)
На едното око -1, на другото -1.50. А некако излегува дека со години носам грешен диоптер зашто и тој ми бил згрешен од претходните проверки, секогаш ми давале ист диоптер за двете очи, а приметувам дека не гледам исто - и имало 0.75 разлика меѓу нив. Едната леќа ми е секогаш послаба на едното а појака на другото. Ама барем не е драстична разликата.
Не знам што подразбираш под лижење на рожницата, но долготрајно, непрекинато носење - деноноќно(и во спиење), можи да доведе до корнеална неоваскуларизација. Инаку самата неоваскуларизација настанува најчесто како резултат на иритација на рожницата која е почеста кај оние што носат леќи, спијат со леќи итн. Тоа е состојба каде во рожницата врсаснуваат крвни садови, кои често и пукаат оти се многу нежни и доведуваат до дополнително заматување на видот. Е сега има различни форми на неоваскуларизација, меѓутоа потешките форми се доста ретки.
Искуство со полутврди леќи? Препорака од доктор поради кератоконус и направен крослкнкинг пред 6 години,најверојатно ќе треба пак да правам.Левото око ми е позаматен видот диоптер не прима не можам да носам наочари.
Мене за 1 месец дена ми дојдоа во Февруари, после уште месец во Пошта чекаа. Пеовери ја пратката во Пошта. Сега гледам стар е постот , што бидна ги доби леќите?
Уште не, не разбирам што е проблемот. Им пишав меил повеќе пати но ништо. Сега нарачав од lentecontacti.
Ако мислиш на мене, ништо. Ин пишав неколку пати и џабе. Се простив од нив. Си нарачав од lentekontakti и ми стигнаа за две недели.
@Elence93 Мислам 2021 беше кога ми заглави и каснеше едно чудо време пратката, тоа беше последно да нарачам од полската. Лани си земав 3 пара Air Optix 2000 денари плус гратис мала течност од Оптика ЛМ. За еден ден ми стигнаа, пак би нарачала ама одамна немам преглед направено и осеќав дека не ми е добар стариот диоптер за леќи.
Дали се леџит страна овие ленте контатки? Вчера купив леќи, ме здоболе малце глава од сумата што ја дадов (поскапени беа), па гледам дека на странава се каде каде поефтини.