Има баш многу ординации каде има преглед за леќи. Еве ти една што би ја препорачал https://www.vizia.com.mk/ За почеток? Мислиш кои леќи би ги користела? Јас би ти препорачал https://ananas.mk/proizvod/bausch-lomb-kontaktni-leki-soflens-59-6/2665119. Се entry level, месечни, евтини. Ако ги нарачаш од албанската продавница за која тука често се зборува ќе те фатат поевтино. Прашај ако нешто друго те интересира. Edit. Најпрво треба да се научиш да ги ставаш во очи. Второ да ги менуваш паралелно со очилата, за да се навикнеш. Но, ова оди брзо.
За почеток мора на офтамолог или оптометрист (веројатно така се викаше) да видат кој дијаметар треба да е леќата, во зависност од диоптријата меки или тврди, диоптријата да се одреди најчесто е помала за 0,5 од диопртијата за наочари. Мојте деца одеа во Букурешт амбулантата има Кабинет за леќи, порано беше Др. Данка добар доктор ама карактер ужас. Сега е во пензија па незнам дали продолжи да постои кабинет за леќи. На лице место ќе пробаш леќа, ќе одиш 2-3 пати да вежбаш ставање и вадење леќи. На ист принцип работат и Визус оптика, дури мислам прегледот не се наплаќа ако земеш леќи од кај нив. Потоа може сама да си нарачуваш леќи, ќе гледаш истиот дијаметар да бидат, евентуално цилиндри ако имаш .
Какви дневни леќи користите? Од каде земате? Air optix hydraglyde меки користам, ама сега сакам да пробам ао дневни.
Мислам за меки леќи не се рефундираат средства од фондот, само стакла за очила и тоа порано беше во одредени аптеки кој имаат склучено договор со фондот. Биофинити сега скоро земав од Визус и од Сити оптик во ТЦ Беверли, околу 1900 денари е кутија со 3 леки. Најчесто порачувам од lentekontakti ама моментално ги нема таму.И на полската страна ги нема, а не сум сигурна и дека имаат сега достава до Македонија . Имам тројца потрошачи за леќи и голема ставка ми се во буџетот , исто и водичката за леќи.
Jas biofinity zemam od edna optika od kavadarci nz od kade poracuvaat 1000 den edna leka,skapicki se a od dr mesto ne sum naracala site mi vikaat mn se ceka,a od ovaa optika mi stigat za edna den
@Denizz Сите земаат од исто место мислам, во моментот немаат , па попладне ке донесат ако има на лагер. Обичните леќи ги имаат сите, поскапи и поретки се со цилиндри.
Оптика Ели во Бисер да видиш да прашаш. Знам дека постојат сеуште, а на времето кога почнав да носам од таму земав така на "делење" зошто смотана и ги кинев додека се научив да ги ставам/вадам. Оптика ЛМ на фејсбук само што ми излезе постов.
Во повеќето оптики има единечни леќи , имам земено од Диоптра во Хотел Мериот што е, во Визус и последно во Сити оптика во ТЦ Беверли Хилс, најдобро провери на телефон,
Значи ги користам тие од погоре, Cooper vision biofinity, е сега, еден пар потрошив, беше ок. Втор пар земам, гледам на десното око малку повеќе се залепила леќата, капнував раствор и ја одлепив. Се чудев дали окото ми станало суво, што е можно, а сум немала досега проблем со суви очи и кога ми даваа вештачки солзи гратис во оптика, ги користев онака, колку да не ги фрлам. Е сега, барам на интернет што може да е, ми пишува дека можеби таа леќа си има некоја мала фабричка отстапка што не се гледа со голо око, или дијаметарот. Гледам извештај од лекар, дијаметарот е 14, а на кутијата пишува 14.5. Барам на интернет, според некои податоци баш тие леќи па немале со помал дијаметар демек. Дали некој имал вакво искуство? При следна нарачка не знам дали да им укажам во оптика, да не направиле грешка или едноставно можеби таа марка нема опција за помал дијаметар.
@Tanjamm Скоро кај едното дете имаше проблем со суво око и му се лепеше леќата , трепкаше повеќе. Го пратив пак на офрамолог и му рече дека дијаметарот му е на граница 14,0 со 14,2 и му ги смени му ги стави поголемите да проба. и му го смени тоа BC од 8,6 на 8,5, незнам што се бројките но можни се мали корекции за поудобно носење. Тие ознаки определуваат која марка леќи ќе носиш. Сега скоро кај поголемата што носи цилиндер во моментот намаа на лагер и понудија со други ознаки демек не било проблем и ги зема и ги носи. Така да секако ќе им укажеш во оптика која ти е рецептата, па ако треба ќе прилагодувате.
Tи благодарам многу. Ќе видам и со третиот пар леќи од кутијата како ќе биде. Со првиот се беше во ред, со вториот на едното око појако се залепува, па ќе видам. Ако и со другиот пар леќи има залепување појако, ќе прашам при следно залепување што е работата.