. Би требало да е исто. Овие ги гледаше? https://soczewkikontaktowe.istore.pl/pl/p/AIR-OPTIX-for-ASTIGMATISM-3-szt./22954133 Или овие? https://soczewkikontaktowe.istore.pl/pl/p/Bausch-Lomb-ULTRA-for-Astigmatism-6-soczewek-/22954177 http://vizus.com.mk/ultra-3-pck-for-astigmatism Пази разлика во цени Кај нас 4900 ден. Кај пољациве 34 еур или 2000 ден. Да одиш во оптика наша и да прашаш за 010 (тоа е axis)дали е исто? Јас тоа би направила. Многу е разлика ова.
Убаво што ги стави визус ги најдов моиве што ги земам. http://vizus.com.mk/dispo-bio-toric-1pck Ама па ги нема на странава ко за беља којзнае од каде се. Ќе видам ќе прашам за ова, после 10 години носење леќи бар сега да уштедам.
Израелски се диспо. Прашај во оптика обавезно. Ептен е разликата голема кај овие леќи, неверојатно. Инаку јас за ќерка ми нарачувам,и таа почна со диспо био,но и ги сменија со аир оптик хидраглајд.
Кога ги вадев леќите едната ми падна на тепих, ја зедов и ја измив со течноста...дали сеуште е безбедна за користење?
Да, многу пати мене ми имаат паднато, кога брзам и кога сум несмасна се случува... Не треба да се случува ама ако ги фрлам одма после тоа, кај ми е крајот... Убаво измиј ја и немаш гајле.
Смени ја country of dispatch od Polska vo Makedonija. Ќе ти даде: Polish post international shipping-18 pln. После за плаќање избери кај што пишува PayU
Дечки ако може да ме контактира во лп некој кој порачува леќи во боја од lentekontakti.com, да прашам нешто
Дали некој нарачал од lentekontakti во скоро време? Нарачав на 18ти, но не ми се јавија, ниту ми пишаа нешто. Обично ми пишуваат на вибер за да ја потврдат нарачката. Да знам дали да чекам или да си купам барем течност.
Sanniii дали случајно нарача од полскава страна? Во иста ситуација сум, ми ги смени мене од air optix на овие Dispo Bio Toric без ништо да ми каже и се мислам дали да си нарачам од странава air optix. Читам на нет ама не гледам дека има некоја разлика. Дури и тоа bc- base curve на овие две марки е исто, на другите е малку поразлично. Баш сега пробувам да сфатам повеќе, ова 010 што е кај тебе изгледа е оската на кутијава од Dispoto АX (axis) e oзначено. Ич немам нарачувано леќи вака, а пред некое време во оптика ми ги утнаа и јас мутава не проверив, грешни си носев и се чудев што ми е..... И сеа не знам на што сум. Преку глава ми е малку више од леќиве а немам избор. Во МК не одраа, претпоставувам зашто од хрватска ги нарачуваат овие за астигматизам барем а и таму гледам се скапи.
И јас нарачав од страната што ја препорача @Cosmi пред скоро 1 месец, сеуште не ми се стигнати сигурно поради ситуацијава. Докторката Аир Оптикс ми ги препишува, никогаш не сум ги пробала. Имам проблем со суво око Диспо Био ми се во ред, Bauch + Lomb исто така иако и со двете не ми е најсјајно без капки.
До дега нарачував од lentekontakti но бидејќи се изначекав за да ми кажат дека нема да ги достават сакам да нарачам од полскава страна. Може да ми кажете што да штиклирам? Сакам да платам онлајн, но немам пејпал.
Мене ни аир оптикс ни диспо не ми правеле проблем со сушење на очи, диспото само малку кога веќе се за менување леќите. Внимавај со леќите и капки, може да ти направи проблем за долгорочно сушење на очите, ова уште на сам почеток кога почнав да носам леќи ми го кажаа. Не ми е јасно баш врз која основа препишуваат одредена марка на леќи, дали имаат некој различни квалитети кои нам не ни се јасни или што.... Јас немам лично искуство, ама ѕирни погоре @Cosmi имаше баш објаснето како иде плаќањево.
Мене некогаш ми се толку суви очите што морам прво да нанесам капки па да ја ставам леќата, иначе не се лепат за окото .
Не сум, не ми се ризикуваше баш поради моментот 010 и пак си нарачав од оптика. Последно па на прегледот и диоптерот ми го менуваа и баш гледав дали тој дел е сменет и ист беше бе. Реално прескапо ми доаѓаат, претходните каде каде поевтини ми беа, овие никако не ми се исплатат. Нека се отворат границиве и ќе ризикувам, ако нешто не штимаат ќе цепам со наочарите.