Јас изгледа ќе прегризам и ќе нарачам хахахах Не сум во МК, и блиску сум до Полска, нема гајле со пратки Па ќе видиме. Баш некако глупо ми падна, толку години носам леќи, супер ми е докторката ама никаква едукација плус што/како значи при нарачување. Само еве рецепта иди ти земи. Пак не се малку пари во прашање, се собираат.
Ги користам овие леќи, ги зимам три пара за 1700 денари од кај оптичарот. Дали сегде е иста цената на овие леќи, ги користи ли некој?
Јас ги користев првата година кога ми дадоа леќи. Не можев долго да ги носам бидејќи почнуваа да се осеќаат после подолго време, а ми требаа такви што ќе можам без проблем да ги носам цел ден. Потоа отидов кај др. Роберт и ми ги предложи Pure vision2 и разликата е голема. Воопшто не се чувствуваат и никогаш не ми се иритирале очите од нив, за разлика од другиве. Поскапи се кај оптичариве, но ги нарачувам од lentekontakti и доаѓаат оваа цена отприлика. Сега нарачав од полскава страна, па ќе видиме.
Здраво Би ти била многу благодарна доколку споделиш искуство со леќиве - јас почнав да ги носам истиве леќи пред една недела отприлика (првпат ми е), ама цело време ги чувствувам чудно на око, како да им ги осеќам рабовите, ми доаѓа да трепкам почесто од вообичаено, на моменти и ми се замаглува видот. Ти благодарам многу
Дали убаво ги миеш леќите? Секој ден треба да се менува течноста во кутивчето плус. Јас лично не би оставала леќи преку ноќ. Иако може, ем побрзо им се намалува трајноста на леќите ем џабе си го малтретираш очите. Во текот на спиењето се намалува влажноста во окото затоа што не трепкаме и тоа ги суши леќите. И реално, која е потребата со леќи да спиеш. Ако си нова со леќи, обично препорачуваат постепено навикнување. Еден ден 2 саати, по после три и така постепено ќе накачуваш. Плус, обрни внимание на пример кога си надвор носи наочари за сонце зашто од ветер, издувни гасови и слично може да ти се почувствителни очите. Некогаш се случува едноставно конкретните леќи или марката да не ти се погодени. Сепак фарбичко производство е, се случуваат грешки. Почекај малку дали ќе навикнеш па ќе видиш.Или средството за миење да не не ти одговара. Мене на примeр Renew сите ми го фалеа а мене воопшто не ми пријаше, од само почеток ми ги сушеше премногу очите. BioTrue пак многу повеќе ми одговара, а докторката и продавачката ми рече ретко на кого му се погодувало.
Да си се цитирам сама. Ги нарачав, денес ми стигнаа, после една недела. Баш ги споредувам кутиите, тоа е тоа по бројки, агли, диоптер. Почеток на јули треба да ги менувам моиве и возбудена сум, ептен се надевам нема да има проблем. Ќе ми дојде барем еден пар да отворам во МК и баш ќе отидам на лекар да ме види ан апарат. Ама имам чувство полскава страна треба да си ја зачувам Фала ти @Cosmi што ја сподели, ќе треба да те частам нешто зашто бајаги пари ќе ми се фатат заштедени
Провери го рокот на леќите на кутиите. Ако се стари пример, суви се, и затоа создаваат такво чувство. Не паничи, може парот леќи не е ок, не мора да значи дека ти не би можела да носи леќи. И ова се случува. Ако се суви, измиј ги, ќе има промена. Можно е да гледаш матно ако се валкани. Нема ништо подобро од чисти леќи.
Ние ќе чекаме со превозот да се среди. Па ќе стигнат. @Elence93 Ние ќе чекаме со превозот да се среди. Па ќе стигнат. @tigerlady Не треба да частиш Брзо ти стигнале,и тука брзо стигнаа ,со тракинг со се,ама сега со ситуацијава ќе си почекаме.
Поблиску сум до Полска затоа. Тактички ги нарачував да ми стигнат пред одење ама и јас се изненадив дека брзо стигнаа. Иначе морам да ги пофалам, супер тракинг систем имаат. Од други страни што нарачував некои работи во последно време ужасен беше тракингот ниту една нарачка не ми наоѓаше. Со овие од почеток се во ред беше и редовен апдејт имаа. Можно е мк ради вонредна состојба да има одложување со достава, ама мислам наскоро ќе прекине и тоа, на сите им дојде преку глава
@Elence93 Јас нарачав на 16 март, другиот ден добив емаил дека не се во можност да ги испратат но го видов дури вчера. Вчера им пишав да ги прашам дали ги испратиле, ми одговорија дека сеуште не се во можност но претпоставуваат дека за околу 2 недели ќе им биде овозможен шипинг за кај нас. Доколку и тоа не се случи парите ќе бидат рефундирани.
Можеби ти треба време да се навикнеш. Нормално е имаш туѓо тело во окото. Со тек на време ќе забораваш и дека имаш леќи
@naturally @Elence93 Ви стигнаа? Во план сум да нарачувам, па да знам дали ќе стигнат или да земам од оптикиве тука.
Не, не знам веќе колку пати им пишав и цело време истото ми го враќаат, дека моментално не можат да ти пратат, но ќе биде во скоро време. Најубаво нарачај си од lentekontakti, тие знам дека носат.
Ја добив оваа порака пред некој ден. Ќе ми стигне картонче како за Алиекспрес кога нарачувам или ги носат до врата?
На која страна гледате тракинг за леќиве од полската страна? На 7ми ми пишаа дека се пратени, но на мк пошта не ми покажува ништо, исто и на неколку светски што отворив како 17track, track24 и сл.
Колку е доставата од полската страна? Јас веќе 2 години нарачувам од lentekontakti и сум задоволна, ама гледам дека на полската страна се поевтини .