Дали ви се има случено ова да го пишува (Со црвено напишано , во врска со истекување на рокот)? Зошто вака не ми е јасно.
Конечно ми стигнаа сабајлево леќите од полската страна што ги нарачав во март, но добив меил дека на 7ми повторно ги препратиле.
Од колку им се движи цената на леќите со диоптер и дали кога дојде време да се сменат,се плаќаат и колку?
Од 1300 за пар па нагоре, зависи од типот, некои се сушат и чувствуваат на окото после неколку часа, а некои може да се носат цел ден. Се менуваат на месец до два месеци. Не те разбрав за плаќањево, сама си ги купуваш на приватно секогаш.
Ти благодарам,инаку мислев за после месец,два месеци нели ќе треба нови леќи и дали тие се плаќаат исто како претходните или има некое намаление,што како е?
Па зависи, јас тие што ги користам во кутичето се три пара и ги користам три месеца(еден пар еден месец), можеш така да зимаш зошто месецот брзо поминува.
@jaaagooodicaaa_ Во оптика Диоптра даваат на парче Bausch and Lomb тримесечни леќи. Цената на една леќа е 520 денари, значи пар ти е 1040 и ти траат 3-4 месеци. И плус ти треба и раствор за леќи во кој ќе ги чуваш кога не ги носиш, тој чини околу 600-800 денари, зависно од бренд.
Јас ги користам Bausch and lomb, прво Soft lens, па преминав на Pure vision. Докторот ми рече месец до два еден пар, не повеќе. На нив пишува месечни леќи, не знам како може некој да ви каже 3-4.
Така што постојат и тримесечни Bausch&Lomb. Не се Softlens, не се ни Pure Vision. Се викаат Optima FW, одат 4 леќи во пакување и еден пар се носи 3 месеци. Во Диоптра ги продаваат и на парче. ЕДИТ: За овие зборам: https://lens.prima.mk/optima-fw
Јас ги нарачувам од lentekontakti.com , Soflens 16 евра плус растворот што иде со нив Renu 7.5 евра. Јас од тука ги нарачувам веќе 3та година, само првиот пат ги купив од оптика, 700 - 800 денари ми идат поевтино.
Може некој да ме потсети како се плаќаше на полската страна? Прво сменив држава, па Pay u, ама после не знам на кое да одам. Пробав на првата опција со две картици и ништо. А веќе имам нарачувано, само не знам каде грешам сега.
Носам леќи на Airoptix hydra glade. Дали би ми одговарале Bausch&Lomb softlens, се мислам дали да преминам на нив?
Мене не ми одговараа. Некако многу ги чувствував на очите... Не ми беше како со Air Optix-oт да заборавам дека носам леќи. Баш ми беа како тешки на окото. Треба да си пробаш со еден пар, за секој случај.