Softlens не би ти ги препорачала. На почетокот ми ги препишаа тие но за брзо почнував да ги чувствувам на окото и постојано ми беа црвени очите ако ги носев подолго. Потоа докторот ми ги препорача Pure vision 2 и ги носам со години. Ги носам откако ќе се разбудам додека легнам и воопшто не ги чувствувам. Понекогаш ставам вештачки солзи, но не често.
Здраво на сите, која марка на леќи би ми ја препорачале и дали треба да одам на специјален преглед за леќи пред да ги купам? Скоро правев прегледи во Систина за ласерска корекција, ама не сум кандидат, па следно ми е да пробам леќи (по втор пат, пред некои 6 год носев ама не се навикнав баш). Немам голем диоптер ама имам голем цилиндер. Тогаш се сеќавам беа меки леќи, од Визус ги земав.
Здраво, би сакала да ве прашам треба да носам очила бидејќи имам диоптер е сега бидејќи не сакам да ги носам очилата постојано, сакам да пробам уште од почеток со контактни леќи, како оди нивното оддржување освен таа течноста за прочистување и нивно чување во опаковка, на колку време треба да ги менувам , кој бренд е најдобар и колку чинат односно колку финансии отприлика треба да имам на ум за доколку се одлучам за леќи? Мене повеќе ме упатија за очила одошто леќи така што би ми значело секакво мислење.
https://soczewkikontaktowe.istore.pl/pl/p/AIR-OPTIX-for-ASTIGMATISM-3-szt./22954133 https://soczewkikontaktowe.istore.pl/pl/bauschamplomb-purevision-2-nigh-amp-day-toric-3-szt.html Што мислите за овие, ги има некој пробано и кои би биле подобра опција? Се наканив да нарачувам од полскава страна само кажете ми дали се' уште доставуваат брзо или доцнат со нарачките?
@SaNJaAaaAaa @xnotyourbabex јас ги користам Purevision 2 и сум задоволна. На почетокот имав Softlens но не ми се сопаѓаа, ги чувствував после неколку часа. Од течност Renu. Не ви препорачувам Прокулин, бев кај неколку офтамолози и сите истото ми го кажаа. Инаку диоптерот на леќите не е ист како тој на очилата, тоа ќе ви го каже и докторот. Ќе ви објасни и како се ставаат и мијат. Истото важи и за брендовите и типот на леќи, докторот одлучува какви треба и ќе ви даде предлог. Би ви препорачала да одите на комплетен преглед во добро опремена ординација бидејќи ако ви го утнат диоптерот (како мене) ќе си направите само проблеми. Тоа што го нудат во оптиките никако не препорачувам. А понатаму за купување би ви препорачала онлајн од полската страна или lentekontakti, имате назад повеќе искуства.
Очила имај си за дома, контактни леќи за кога искачаш. Ја околу 6000 годишно ме фаќа за леќите али супер си се, од 12г си носам, не можам да се замислам без нив. За бренд и каков тип да се најдобро е да ти каже офталмолог што ти одговара, зависи што диоптер, такви работи, ќе си се консултираш на очно.
И јас воопшто не сакав да носам очила, затоа почнав со леќи. Исто и јас ги комбинирам за дома ги носам очилата, а кога излегувам ставам леќи. Ги носам soflens мене ми се во ред, веќе 3 години ги носам без никаков проблем, имаат посебен раствор Renu. Има различни видови кај мене еден пар е за еден месец, а ги купувам 3 пара во кутиче и ми се за 3 месеци 1800 денари со се раствор. Ги нарачувам онлајн. Пред ставање леќите се промиваат има објаснето како на youtube има видеа може да видиш, по вадењето се ставаат во течноста за промивање и си стојат во течноста., кога сакаш да ги ставиш треба да ги измиеш со растворот па ги ставаш. Не се комплицирани за одржување воопшто, а и со текот на времето се навикнуваш.
Пред некој ден бев на офталмолог и на извештајот ми напишал на леќите со различни диоптрии на левото и десното око. Малце сум збунета дали ќе треба да купувам сега леќи со различен диоптер, бидејќи докторот не ми објасни ништо. И пред тоа ми беше диоптерот различен на двете очи но носев ист диоптер, можеби сега на десното око ми е малце зголемен диоптерот па за тоа ставил различно. Има некој по упатен во врска со оваа проблематика?
Ќе купуваш со различен диоптер, мораш да се ориентираш по извештајот. Исто да знаеш дека за очила и леќи диоптерот се разликува, обично за 0.25, ама сепак тоа тој треба да го напише. Најисплатливо ти е да земеш од тие по 3 леќи, две кутии (по една кутија за секое око).
Да да докторот ми направи извештај и за наочарите и за леќите, ќе ги земам така како што ми има напишано, само малце се зачудив дека пред тоа носев леќи со еден диптер на двете очи. Фала ти за информацијата .
Да, со различен диоптер ќе зимаш и треба да пазиш многу да не си ги смешаш у кутивчето, мене тоа ми беше најголем проблем кога ми беа различни...
Порачувал некој сега брзо од полскава страна? Ги нарачав на 20 јануари, абер немаат уште од стигнување. Исто со тракингот не можам да се снајдам каде го има што како. Ако има проблем со стигнување враќаат ли пари?
ЗДРАВО Веќе 5 години носам наочари кои одвај ги поднесувам и многу ме нервираат и плус не ги носам често иако диоптерот ми се накачува,последен пат кога одев на преглед беше пред 5 месеци и ми беше -4. Е сега сакам да пробам со леќи,па сакам да видам ваше мислење,кои леќи според вас се најдобри(марка),годишни/месечни(повеќе сум за годишни и мислам дека се поевтини,како што читав),по која цена се движат годишните леќи,дали кога одам на преглед ќе ми дадат пример да пробам неколку врсти на леќи,дали посебно се плаќа таа водичката и колку,што друго се наплаќа освен леќите и водичката..се што знаете околу леќите,доколку сакате сакам да ми кажете.Ви благодарам однапред.
Најдобро е тоа што докторот ќе ти препорача. Има разни марки и типови леќи. Јас имам астигматизам и миопија на двете очи , немам некој голем диоптер , носам Air optix леќи. Овие се меки леќи и тие одат по 3 или 6 во кутија. Меките ги фрлаш секој месец. Мајка ми носи тврди леќи и на неа и траат една година. Јас овие меките не би ги менувала за ништо друго. Кога и се преморени очите или и паѓаат од око а не дај боже да ја изгуби едната ќе треба пак да прави порачка и да чека мн време. Последниве месеци носам Topvue леќи ама некако повеќе ми одговараа другите со овие приметувсм побрзо ми се сушат очите. Леќите треба да се носат 8 саати дневно. Јас секако ова го прекорачувам За цена ако те интересира, меките се многу скапи особено овие што ги носам, три пара околу 9000 ден ама јас од ebay ги порачував. А сега тука во Грција каде што живеам ги купувам онлајн и ме кошта 52 евра па каде каде е поевтино... Обичните (без астигматизам) се многу. поевтини.
а чекај,овие меките нели ги има по 3 или 6 во кутија.Е сега, по 3 или 6 пара ли се,фактички пример тие што се по 6 во кутија да се носат по 2 месеци секој пар или?
Има по 3 леќи и 6 леќи во една кутија. Зависи , еве брат ми на двете очи има ист диоптер и купува 6 леќи т.е една кутија а јас имам различен диоптер па така да земам една кутија за едното око друга за другото Се препорачува еден месец да се носи пар ама јас некогаш заборавам и ги носам повеќе
Здраво,бидејќи планирам да одам на очно,ќе може ли некој да ми каже од прилика колку е цената на очно за целосна контрола?