1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Контрацептивни таблети

Дискусија во 'Секс' започната од strawberry18, 26 ноември 2009.

  1. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Тоа за кондомот е индивидуално...мене лично не ми с мета и нити приметувам некаква разлика со и без |( а он ако тврди дека не му е убаво со кондом тогаш лаже...скоро исто е ,па фала богу не користиш кондом од 10 цм дебел :lol: ...не сум против апчиња само сакав да потенцирам дека ме нервира кога некој дечко и вели на девојката дека не му е убаво со кондом :^) Кога сме имале со кондом,го имам прашано дечко ми дали му смета и како му е поубаво,тој вели дека му е скоро исто и нема разлика,само што кондомот некогаш лесно се вади па тоа е единствената пречка....
    Кој како му е убаво,а фразите од типот ми смета кондомот и неможам со него да свршам ми се за некои типови кои би сакале да се прават фраери :D
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски

    Ако си средношколка и ако се дружиш со такви, тогаш да.
    Господе боже, сакале да се прават фраери. Пред кого, пред девојката? |(
    Не може никој да ми спореди секс со кондом и секс без кондом, разликата е голема. Се осеќа бе гумата, се осеќа и кога е голичко.
    Јас имав дечко што не можеше да го одржи пенисот во ерекција кога ќе ставеше кондом. Не одеше. Мислиш тој не сакаше да бидеме 99% заштитени, му се ризикуваше без кондом?

    Од каде ти се тие искри на мудроста дека ако дечкото тврдел дека не му е убаво со кондом лаже? Зошто да лаже? Не му е убаво и точка, не е единствен, така им е на повеќето машки а и женски. Ни јас не можам да свршам со кондом.
     
  3. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.288
    Ондак повеќето мажи се фраери.
    Искрено многу глупава констатација имаш. Фраери сакала да бидат. Свашта.
    Едно е да си навикнат на секс со кондом, што е добро во секој случај, заштита си имаш, ама да тврдиш дека нема разлика е смешно.
    Со и без кондом и тоа какоооо има огромна разлика.
    Ако е исто тогаш зашто повеќето партнери кои се во долга врска не сакаат да користат кондом и користат други начини за превенција од бременост?
    Кондомот е супер за оние што менуваат партнери, најдобро штити од сексуално преносливи болести за разлика од другите начини за превенција кои штитат само од бременост. Ама кога се здрави партнерите и кога се заедно долг период не користат кондом.
    Јас повеќето што ги знам пријатели со долги врски не користат кондом, ни ја не користам.
    Не е убаво со кондом. Ни нему, ни мене ми е убаво. Голо си е голо :)
     
  4. bunny.misuaxx

    bunny.misuaxx Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    5
    Луѓе, антибиотикот Цефалексин и штети на ефикасноста на Јасмин? Не е наброено во оние антибиотици кои треба да се избегнуваат но сепак знае некој?
     
  5. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.647
    Допаѓања:
    4.548
    Пол:
    Женски
    додека користиш антибиотик се намалува ефикасноста на контрацепцијата што значи дека помала е заштитата
     
  6. Zbuneta20

    Zbuneta20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    Дали цигарите и алкохолот имаат штетно влијание со контарцептивните таблети?
     
  7. Nivea79

    Nivea79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Pak jas so moive Jasmin ;)
    Gi koristam veke 3 meseci so red... Na dva pati dobiv menstruacija na 4 den odkako ja dopivav pakovkata no ovoj 3tiot pat mi e nesto cudno. Prvite dva pati imav normalna menstruacija mi traese 5-6 dena obilna kako i sekogas. No ovoj pat dobiv odvaj kako so sila 5tiot den mi taese 3 dena i toa samo kafen iscedok. Na vtoriot den imav taka poveke ama kolku za bez ic. Kazete mi dali e toa normalno ili mozebi jas sum vo tie 1%slucaevi kade kontracepcijata bas i ne deluvala. Inaku gi piev sekoj den normalno vo priblizno isto casot so 10-15 min mozebi razlika no nikogas ne sum propustila den da ne se napijam. Neznam dali da prvam test mi e strav od rezultatot. Inaku periodov mi e poprilicno stresen ispitna sesija i moze malku poveke alkohol den pred da dobijam . Ve molam ako ima nekoj slicno iskustvo kazete mi dali e normalno ili ne .

    [mod-kirilica:3u8c1e17][/mod-kirilica:3u8c1e17]
     
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928

    Дечко ми пиеше цефалексин и баш го читав упатството, пишуваше да се косултираш со лекар ако користиш контрацептивни пилули, затоа што можат да го намалат дејството.
     
  9. Mila04

    Mila04 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    68
    SuperGirl и мене истото ми беше на почетокот, во првиот месец од земањето Yaz. Ми дојде дури на четвртата бела таблетка. Следниот месец добив на втората бела таблетка. Но сакам плус и да те прашам дали имаш помеѓу две менструации така мали крварења, кафеави дамки слични на “најава“ за менструација? Мене тоа ми се случува од кога почнав да ги пијам,а сега овој месец (3 пакување сум) мислам дека најмногу ми е изразено. Поздрав :)
     
  10. professoressa

    professoressa Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    106
    Апсолутно не мисламм дека собременоста на жената има било каква врска со користењето на контрацептивни сретства,туку дека тоа е најмногу до лично убедување.Јас никогаш немам користено, ниту пак планирам да користам што не значи дека другите не треба, иако мислам дека апсолутно е подобро да не се користат,поради тоа сто сепак се работи за хормони,а несаканата бременост може да се спреци и на друг начин... ;)
     
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    Сакаш да кажеш дека доколку јас сега си речам дека нема да забременам, никако нема да забременам? хехехех.... многу интересно...
    Точно е дека контрацептивните пилули се хормони, ама хормоните во нив се добро избалансирани па имаат многу позитивни ефекти.
     
  12. Mila04

    Mila04 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    68
    Да, ама додека се појават позитивните ефекти треба да си почекаш. Ни јас не ги сакам контрацепциите,ама морам да ги пијам, и не ги пијам за заштита од бременост, туку поради здравствени причини. Имав порано многу акни,одев на дерматолог да ми прави третмани. Дерматологот ми рече никако контрацепции, а гинекологот сосема спротивно- ми рече дека морам да ги пијам бидејќи имам полицистчни јајници. Е сега, пробав да пијам чаеви:ајдучка трева,невен,коприва..џабе везеш работава... :( и си ги почнав пак контрацепциите. Првиот месец дури и на расположение ми влијаеа-плачев,хистеришев,се карав со сите,повраќав.Е дури вториот месец малце се смирив, ама си стои уште тоа гадното лигавење помеѓу две менструации (веќе и досадна станав со тоа). Да не ми беа такви јајниците, никогаш не би ни помислила да ги пијам и не би сакала да ги пијам... но ете, тоа е, кога се мора, инаку ако ги прекинам ништо не сме направиле. Барем сега не ме боли глава дали ми дошла или не :lol: А што се однесува до забременувањето, не прават никаков проблем после терапијата, кога се прекинуваат дури и шансите за забременување се далеку поголеми.
     
  13. professoressa

    professoressa Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    106
    Види вака јас сум 9 години со истиот партнер без контрацептивни сретства и без користенје на кондом и не сум останала бремена, се разбира оти не сум сакала или планирала.... и мислам дека има еден куп други примери како мојот.... знаеме сите како се останува бремена, а исто така дека секој маж има способност за контрола на ејакулацијата....така да мислам дека е подобро без користенје на контрацептиви, сто незначи дека другите не смеат или не треба да користат...а дека може и без нив може и тоа сигурно... :)
     
    На damaskop, maca99 и Mila04 им се допаѓа ова.
  14. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Ние користиме кондоми при секој однос, но јас размислувам да почнам да земам контрацептивни таблети. Според искуствата на мои пријателки и познанички, доста се ефикасни, а и не мислам дека имаат некои посебни несакани ефекти. Така што во најбрзо можно време ќе почнам. :)
     
  15. damaskop

    damaskop Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    4
    Здраво феминки јас денес почнав со Јасмин за прв пат во мојот живот и тоа поради јаки крварења за време на циклус ...е сега да си прашам некоја од вас зошто гледам дека има многу од вас кои користат пилули вакви или онакви докторката ми рече нема да имам никакви проблеми ...носам контактни леки и пред 7 години сум оперирана -konizacija цин 3 и хпв високо ризичен 31 ама сега сум супер ...па малку ми е шубе кажете ваши мислења и искуства
     
  16. Mila04

    Mila04 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    68
    Пробан ми е и Јасминот... многу убаво се чувствував, немав никакви несакани појави, само ги прекинав бидејќи тогаш изби скандал дека некоја девојка од Австралија наводно почнала од компликации предизвикани од Јасмин (ама девојката имала и некоја хронична болест на белите дробови). Мајка ми (инаку фармацевт) ми нареди веднаш да ги прекинам! Но и покрај тоа, мои блиски познанички, ги пијат Јасмин и немаат никаков проблем. Најверојатно ти се препишани од гинеколог,запознат е со твојот случај, така да уживај, и среќно! ;)
     
    На damaskop му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    549
    Може да ми кажете колку таблетки се во едно пакување,секој ден се пијат или ? :$ и колку се овие таблетките јасмин ? :geek:
     
  18. Mila04

    Mila04 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    68
    Секое пакување содржи 28 таблетки и се пијат по шема (за секој ден има означено по една), има различни цени, не можам да ти кажам точно, и се пијат само по препорака на лекар!!!
     
    На Faline му/ѝ се допаѓа ова.
  19. damaskop

    damaskop Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    4
    ДА ПА НОРМАЛНО ИНАКУ НИ НА КРАЈ ПАМЕТ НЕ БИ МИ ПАДНАЛО ПОСЛЕ ТИЕ ПАТЕШЕСТВИЈА КОИ ГИ ДОЖИВЕАВ ДА СИ ПРАВАМ ИЗЛЕТИ ...СЕПАК ФАЛА ЗА МИСЛЕЊЕТО.
     
  20. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Да те поправам, секое пакување има 21на таблета, и една недела се паузира додека да добиеш менструација (освен ако нешто не смениле кај апчињата во задниве 4 години, откако јас престанав да пијам).