Не си грешка. Yazz имаат 28 и не се прави воопшто пауза со нив. Со едно пакетче завршуваш па со следно почнуваш наредниот ден. А за другите не знам.
Порано користев контрацептиви,но не за заштита од бременост ,туку како терапија против циста на јајник . Ги користев Логест контрацептивите и ужасно се нервирав под дејство на тие хормоните,се поправив 7 кг ,ми се отвори апетит и постојано бев гладно . Ги пиев скоро година дена,пошо цистата ми беше инаетчија и не сакаше да пукне Па тек по таа година се ресорбира и се куртулив од маките.Моето искуство е многу лошо во поглед на несакани психофизички манифестации,така да и откако почнав да имам активен сексуален живот на крај памет не ми паѓаат.
^^ Можеби требало да ги промениш таблетите штом не ти одговарале. Секоја жена, а и маж, има различно ниво на хормони кои ги прозиведува нивниот организам, и не секои таблети одговараат подеднакво. Јас почнав со Цилест, па после 5-6 месеци почна да ми се гади од нив, ги сменив со Логест (по договор со лекарот), па со нив супер терав. На инсистирање на мојот доктор ги пробав Јасмин, кои тогаш беа тазе излезени и демек многу добри, а дупло поскапи беа од Логестот. И само еден месец ги пиев, но бидејќи ми се јави пак гадењето си се вратив на Логест. Се на се излезе дека Логест совршено ми одговараа, ниту килажа сменив, ниту ми се гадеше и повраќаше.
Извинете девојки сакав да ве прашам, како може да се искористат овие таблетки за одложување на циклусот за неколку дена? Баш прв ден од одмор ке ми дојде ((
Не си грешка. Yazz имаат 28 и не се прави воопшто пауза со нив. Со едно пакетче завршуваш па со следно почнуваш наредниот ден. А за другите не знам.[/quote] Ама последните 7 се бонбончиња чисто да не се изгубиш низ деновите, да си тераш според режимот, инаку го немаат хормоните што ги имаат останатите 21 таблетка Значи сите се во право зависи кој какви користи
Jaс досега не сум користела ниту едни од овие контрацептивни таблети оти мног ми е страв од некои пореметувања. На пример можам да се поправам , да ми растат влакна насекаде , ухх. Сестра ми има користено и многу се поправи , едно 5-6 кила секако . Од тогаш скроз си ги отфрлив од умот , сепак има и други средства.
Девојки знаете ли колку пари се овие Yazz сега правам гинеколошки преглед па сакам да почнам да ги земам. пишете ве молам, фала однапред
Не сум користела, но знам дека треба да се знае кои ти одговараат според хормоните, за да не настанат некои несакани дејства.
Девојки да ве прашам вчера почнав со Diane 35 имав вртоглавица вечерта, денес се е ок барем за сега... Дали треба секој месец да идам кај докторката за рецепт да ми дава, и да закажувам преглед или само да појдам, или можеби нема потреба од тоа Инаку со рецепт и плаво картонче чинат 211 денари за сите што ги интересира
Мене ќе ми напише 4-5 рецепти и си ги зимам после. Не одам посебно за секој месец. Прашај го твојот гинеколог дали ќе ти даде така, нема потреба од преглед на секој месец
Значи пазете со контрацептивните апциња многу , јас погоре прашав дали имаат некоја врска со алкохол и цигари и да имаат. Кога се консултирав со мојот фармацевт ми кажа дека од контрацептивните апчиња ако се користат подолго време се многу штетни и така мојот гениколог ми ги даваше две години со паузи и еве јас денес имам кандида и е многу досадна. повелете и проверете сами http://www.notformen.mk/zdravje-i-fitne ... 02-47.html http://www.rak.mk/index.php?option=com_ ... Itemid=592
Очекувам брзи одговори. Докторката ми е на одмор ,згора на се Недела е ....го завршив 1-то пакување од таблетките јасмин на 13.07. денес добив во упатството пишува на 8- от ден да се продолжи со наредното пакување а мене докторката на рецептите ми напишала да ги пијам прв ден од крварење ....и сега стварно сум збунка ПОМАГАЈТЕЕЕЕЕЕ
мораш 8миот ден да почнеш, без разлика дали крварењето престанало или не... гинекологот нема замена со друг? мора да има..најди телефонски број, замоли некој друг нека ти пише рецепт.....
не да е вистина туку е чудо јас го испив првото пакување јасмин во мојот живот баш поради тие причини (станував анемична по секој циклус, со вртоглавици и 300 чуда) и сега се прашувам дали е нормално да имам ваков циклус?
Јас имам рецепт туку ми беше збунувачки, докторката ми напишала на рецептите од прв ден на крварење а во упатството пишува на 8 -от ден се почнува ново ???
Фармацевтот требал да ти каже да пиеш B-COMPLEX за да не ја нарушиш вагиналната флора а со тоа нема да имаш проблем со кандида а чим веке ја имаш пиј што повеќе .
Девојки го испив првото пакување, завршив во четвртокот и еве скоро 4 ден али уште немам крварење или слично...можна ли е ситуацијава?ме плаши некако
Сакам да почнам да користам, па прво да си прашам Дали се на рецепт, ако се, дали на секое одење кај гинеколог за рецепт ќе ми наплаќа, кои се најдобри и колку чинат?