На рецепт се, а можеш и без рецепт да ги зимаш, само што нели така се поскапи. Немора цело време одење по рецепта, барем мене докторката ќе ми напише повеќе рецепти и си ги зимам. А и коа идам само по рецепт не ми наплаќа. Најдобри нема, се зависи од организмот и кои тебе најмногу ќе ти одговараат, јас сум за Јасмин. А цените варираат од 300 до 1000 денари
Ај уште едно прашање од мене.... Дали некои забележал промени во килажата од кога почнал да ги користи таблеткиве? Јас лично на пример незнам дали килажата ми е променета али забележав стрии малку ми се појавија..па дали е возможно со оглед што ги користам два месеци
Јас сум на Јасмин веќе 1 година и 2 месеци. Ги пијам поради хормонско пореметување (со консултација на гинеколог и ендокринолог) а под тоа се подразбираат проблеми како акни на лицето и грбот, нередовна менструација и зголемена длакавост. Откако почнав со Јасмин немам никакви од наведените проблеми. Тежината ми е дури и намалена што и не очекував да се случи. Но, се јави нов и неподнослив проблем - Депресија. Неподнослива депресија, посебно во последниве месеци. Благодарна сум за дел од проблемите кои ми се решија со Јасмин, но сето тоа и не е толку битно кога расположението ми е на нула. Така да, секоја таблета е различна и со себе си носи и решенија, и нови проблеми .
Jaz се најдобри дефинитивно,имам пробано и јасмин ама Јазот се најдобри значи нема никаква депресија никаква промена на расположението,ни здебелванње ништо дури има и позитивни страни можам да кажам дека се зголемва Либидото,поголема сексуална желба и се...топ се апчињата а и се со најмалку вештачки хормони,ви ги препорачвам целосно.....
Не може да ги препорачаш кога кај секого делуваат различно. Пример кај мене, ужасно. Секој ден умирав од главоболки, а не знаев ни што е тоа дотогаш што се вика. Бев УПМ нервозна, на цимерката и се дерев за се и сешто, дури и велев да не ми зборува воопшто зошто се ме нервираше откако ке го испиев апчето. Желба за секс - нула. И само заради тоа ги прекинав. Ке пробам јасмин да видам тие како би ми делувале. Да ве прашам за јасмин дали одат на рецепта. Пошто јазот се на рецепта.
Kaј мене немаше ништо и можам да ги препорачам,ако кај тебе имаше тогаш не ги препорачвај шо да тии речам ха аха ха,инаку е точно дека кај секого различно ресгираат еве јас ги пијам уште и топ ми е. Сакам да прашам,оти некои кога гии пијат апчињата користат и кондом,ама јас мислам нема потреба така?
Ај јас ке отидам малце офф топик! Јазот сигурно одат на рецепта? П.С. Дали некој ги има земено на рецепта?
Да одат на рецепта сигурно,и гинеколоот ке ти дај 3 рецепти или можи појке...оти по правило се користат по 3 месеци ама нема врска ако ги користиш еден месец...
ОФ леле и јас се двоумам дали да започнам со користење на овие таблети.Немам храброт ми е страв од несакани дејства,а и скапи се,секој месец 500 ден. е многу.Мора да се консултирам со мојот гнекологпа да ми објасни што-како
Читам овде дека одат јазот на рецепта? Како одат, кога јас денес прашав во зегин ми рекоа дека не одат
Немам користено досега ама би сакала да почнам,не стигнав да прочитам претходно па би сакала да знам како ги земате дали има одредено време односно дали секој ден во истото време се земаат и дали има контраиндикации,знам дека овие Јазмин или како се викаат ги пиесе една другарка оти имала цисти,колку мозе да им се верува на таблетите нем после да лулам бебе оти ќе ви го дадам вие да го чувате
Повеќе пати имам пишано во оваа тема за контрацептивниве таблетки. Јас пијам Јасмин поради цисти многу долго време. Ако немате потреба, немојте да ги пиете. За среќа кај мене нема некои нус-појави да кажам, ама не би ги пиела да не ми се препишани од лекар. Прво консултирајте си се со својот гинеколог, распрашајте се, информирајте се, па ако Ви каже дека можете да ги пиете, земете ги. Немојте на своја рака, не сме сите исти, немаме сите ист организам. Тоа е мој совет до сите што сакаат да почнат да пијат контрацепција. Позз!
Епа вака јас ги пиев два месеци јазот,во понеделникот ми беше последното контрацепциско апче,белите не ги ни пиам...денес сме среда и уште ми нема дојдено и не ме болат јајницте,ако има некој вакво искуство,ме интересира дали е нормално вака?или да си купвам тест за бременост,кажете оти мн паничам...
Јас Јаз немам пиено, ама пијам Јасмин и мислам дека немаш потреба од паника. Со моиве таблетки, откако ќе ја испиеш последната, до третиот ден без таблетка кога ќе си, би требало да добиеш. Меѓутоа, мене ми се случувало и да е тоа 4 ден на пример, па и воопшто да немам никакви симптоми, а порано сум имала. Само ќе добијам и толку. Значи, не паничи и не мисли на тоа. Колку повеќе се оптоваруваш, толку ќе си поисплашена. Јас сум сигурна дека ќе добиеш и ќе биде се во ред. Ако пак поминат многу денови, да речеме, 6-7 и не ти доаѓа, тогаш би било добро да се обратиш на гинеколог, а вака немаш простор за паника, според мене. Don't worry, be happy! И пиши, да не те мислиме
И јас ги пијам веќе 6 месеци јазот, тешко ми се привикнува организмот на нив. Претходно имам пишувано да ми каже некој искуство од Јаз таблетките (можеби имаш видено). Кај мене не беше работата да не ми дојде, туку имав плус нешто налик крарење или пробивање на менструација меѓу двете менструации (би се рекло од прилика во периодот кога во нормални услови тоа би било овулација)... прекина тоа, ама еве го пак почна овој месец и решив да ги прекинам самоиницијативно. Уште кога почнав да ги пијам се консултирав со гинекологот, ми рече да ги пијам минимум 6 месеци,еве поминаа, можеби и 7 се, не памтам , ама како и да е..контрацепции веќе не! А тоа што не ти дошла, не се секирај, нормална појава е, не би требало да е бременост-знаеме дека веројатноста е многу мала, но сепак постои! Нема место за паника, продолжи со следниот блистер кога треба да почнеш и толку. А ако стварно мислиш дека има нешто јави му се на гинекологот, прашај дали треба да ја прекинеш терапијата. Со среќа
мене ова ми беше второ пакетче гинекологот ми рече да ги пијам три месеци ама не можам нејкам појке,денес ми е трет ден од ко ги прекинав апчињата,ама немам ни симтоми малку ме болеше стомакот денес сабајлето ама ништо,ако и утре не ми дојди ке си купам еден тест....проблемот е тоа што кога ке пиев со дечкото не користевме дополнителна контрацепција,затоа што му верував на апчињата и во упатсвото пиши дека нема потреба од дополнителна контрацепција,и кога имавме односи тој свршваше во мене...и зато паничам,ако сум малер не знам до толку,ама морам да вервам дека ке ми дојди да не се паничам.А ги осекам јајниците ко преполни онака многу чудно некое чуство и тоа пред спиенње,ке видиме сега шо ке биди.Сепак фала на сите..се надевам нормално е и по 4,5 ден од кога ке ги прекиниш да ти дојди
Здраво. Ме интересира дали можам да почнам со таблетките Јасмин малку подоцна на пример треба да се почне првиот ден од менструацијата, а јас сакам да почнам 7-миот или 8-миот? Фала
Најубаво да почнеш првиот ден од мензисот, надоцна третиот, но ако почнеш од третиот треба дополнително да внимаваш зошто не си заштитена наредните 7 дена. Мој совет е да почекаш до наредниот пат кога ќе добиеш, па да си почнеш со време. Инаку јас многу сум задоволна од контрацептивните таблети, поготово Диане35, ги пиев една година, ми се исчисти лицето, кожата ми беше поубава, ми се чистеше организмот бидејќи редовно добивав. Само пофални зборови. Денес многу млади пријат контрацептивни пилули,како и за заштита од несакана бременост, за проблем со хормоните, цисти, акни, несакани влакна по лице... Но мора да се направат претходни испитувања, за да се увиди кои од контрацептивните таблети ви одговоараат највеќе. Едит-За погорните мислења, јазот не одат на рецепта, Диане35 исто така можат и без рецепта да се земат (само разликата е што со рецепта се 221 денар, а без 442)