Добро, а ке може ли да се почне било кое време знаејки дека првите 7 дена треба дополнителна контрацепција?
Ако почнеш на првиот ден од менструација, не ти треба дополнителна заштита. А ако почнуваш било кој ден од месецот, да, 7 дена треба да се заштитиш, после не мора.
имам користено но не ги поднесов баш добро, додека се навикнам на нив имав гадење и главоболки сум пиела дијане 35 и јасмин но и од двете се направив заооооблено јаболче, ставив мн кила но добро ми дојде дека бев прилично слабушаво скоро секоја жена користела контрацептивни таблети, на секоја и делуваат различно (се јавуваат или не несаканите ефекти) но сепак јас повторно не би ги пиела
Сакам да ги прашам тие што користат Диане 35, колку се сигурни таблетиве како контрацепција, колкава е веројатноста да дојде до несакана бременост?
За сите девојки што се двоумат дали да почнат со Јасмин или други слични пилули од лично искуство ви препорачувам да не ги пиете. Сепак станува зор за вештачко создавање овулација и баланс на хормоните. Неколку месеци откако ќе престанете да ги пиете хормоните, нередовниот циклус, акните, се враќаат некогаш и полошо. Контрацептивните пилули се привремено решение. Доколку причината поради која сакатае да ги пиете е само контрацепција користете кондоми.
Здраво девојки. На мене ми беа препишани Јаз таблетките, поради циста во јајникот, но сега тоа се среди и докторката ми препорача да ги пијам уште 2 месеци. Сега сум веќе на второто пакетче, но мислам дека имам еден проблем. Имам превисоко ниво на холестерол во крвта (што ми е наследно добиен), и во упатството убаво пишува дека не смеат да се земаат таблетките ако имаш холестерол. Јас досега сум немала проблеми од холестеролот, тоа го знае и гинекологот и сепак ми ги препорача апчињата. Ме загрижува тоа што откако почнав да ги пијам апчињата забележав испукани капилари на повеќе места од телото, а најмногу на нозете, и се почесто ми се јавува трпнење во нозете, како да ми снемува крв во стапалата... Дали некој се соочил со ваков проблем и колку е опасно? Во упатството пишува дека не треба да се земаат апчињата ако имаш тромбоза и слично..
Сакав да прашам дали некој има искуство откако ќе ги прекини контрацептивните таблети што се случува со организмот и дали тие влијаат на плодноста односно дали после тоа прекинување на нив набргу може да настани бременост.Поздрав и ви благодарам.
Мислам дека не чини да ги земаш апчињата ете и во упатството пишува, исто и мене пред да ми бидат препишани гинекологот побара испитување на холестеролот во крвта, триглицериди и што ти не , и кај мене беше се во ред, но доколку имав сигурно немаше да ги препорача Мислам одма треба да престанеш да ги пиеш, тоа што ти се случува не е убаво .
Здраво! Сакам да прашам дали откако ќе се испијат сите таблети (21-на) дали во наредните денови кога се прави пауза од 7 дена, додека чекаш да добиеш менструација си заштитен.
Технички не си. Ама тие не се плодни денови така да страв нема.... мада знаеш како е, од секое правило има исклучок, некој мора да биде во тие 1% од 100те, на кој може да им се деси малер, па најдобро заштити се на др начин тие денови
Благодарам за брзиот одговор и уште нешто сакам да прашам. Се започнува со првата таблета на првиот ден од менструацијата, а ако не се започне на првиот ден, треба во наредните 7 дена да користиш дополнителна заштита. Значи САМО во наредните 7 дена?, после тоа нема потреба? Затоа што некогаш се случува да не добијам одма крварење, туку малце кафеаво, па за ден, 2 до 3, да ми дојде, па не знам кога да започнам со првата таблета.
Заштитена си и тие 7 дена Јајце клетката не се создала, не се исфрлила, а во тие 7 дена има голем пад на хормоните што не дава можност да се создаде јајце клетка. А во врска со почнувањето ново кутивче, консултирај се со гинеколог, зашто на пример мојот гинеколог ми препорача да ги почнувам од 5тиот ден од циклусот и така и ги пиев 2 години, а други гинеколози кажуваат од првиот. Вака кога ќе размислам, тогаш нема логика зашто не би можеле да почнеме во било кој ден од циклусот меѓу првиот и петтиот ден. Ова нагаѓам, сепак прашај лекар.
Сите контрацептивни таблети имаат индикации и контраиндикации.Само со користење на контрацептивни таблети не сте заштитени 100 проценти.И д бременост не сте заштитени 100 проценти.Нормално дека индивиудално,кај некоја девојка провоцираат добро расположение,а кај друга депресија.Сепак овие пилули не заштитуваат од сексуално преносливи болести.
девојки ме прашуваше другарка една помала дали можела да користи контрацептивни таблети ...бидејќи има 17 години ..незнаев што да и кажам ,а на неа и е страм да го праша гинеколкогот да не и било за џабе.. фала ви
За тоа мора да се консултира со гинеколог, контрацептивни таблети не е препорачливо да се зимаат на своја рака.
па да ќе се консултира секако .. но бидејќи има 17 год дали знаете случајно дали може воопшто да ги користи..
Зашто уште од мали нозе си играте со хормони? Многу лесно може да им се поремети нивната работа и враќање назад после нема! Нека користи кондом , многу подобро е , ем штити од полови инфекции , болести и сл. ем и од бременост
Може да се користи, ама според мене е глупо уште на тие години како зашитата да се користат. Сепак се хормонски и обично ги препишуваат на порана возраст ради други проблеми и пореметувања. Убаво кажа блек енџл