Абе луѓе што сте чудни. Цела Америка од 16години ги кљукаат девојчињата со таблети, па гледам испоумираа. Убаво си објаснуваат гинеколозите (или само јас сум била среќничка пола час да ми објаснуваат ) дека се препорачливи за девојки над 30годишна возраст и многу важно пушачи! Посебно Диане 35 веќе не се препорачуваат поради можните индикации, меѓу кои се и згрутчување на крвта- причината за смртта на жените во Франција. Пред мене гинеколог одби да и препише контрацепција на жена од 35 години, пушач. Истиот муабет како за тампоните. До душа кај нас и од промаја се умира, што да кажам.
Ги клукаат инаку како мислиш дека фармацевските компании профитираат а на гинеколозите баш им е гајле за последиците и кој тебе те излажа дека се препорачуваат за жени пушачи? Посебно над 35 години? Баш од таа причина што си ја навела жените пушачи се под висок ризик! И не се само Диането, ова важи за сите контрацептивни таблети. Во упатството се наброени сите последици од овие таблети ако сакате и ќе ви ги набројам. Не е работава дека во нашата држава се заостанати или конзервативни па одбиваат да ги пијат.
Фино си се потрудила да ми објасниш, ама сум направила печатна грешка што требала да ти стане јасна од вториот дел од мојот пост, кога веќе знаеш дека не се препорачуваат за пушачи. Да, конзервативни сме и пишуваме секој ден по темата Дали сум бремена, и немаме основни сексуални познавања, затоа одбиваме ваква контрацепција. Ама затоа секоја трета двојка се потпира на пул аут методата, како сигурна превенција од бременост. Аха, да. Испитувањата за грутчување на крвта и серија други не се прават залудно пред препишување на контрацепцијата.
Ух,не да немам време за акање по гинеколози моментално али морам да одам. Сакам да почнам со контрацепција, но мојов гинеколог малце си е смотан и што и да му речам тоа ќе ми пише. Според ваше искуство,кои таблетки се најдобри, не држат вода и не прават пореметувања во хормоните?
Ако имаш над 25 год би ти ги препорачала Јасмин..........јас долго време го користев и бев многу задоволна од нив.
Ич не се тие смотани верувај многу добро знаат што прават само воопшто не им е гајле. И не можеш да знаеш дали позитивно или негативно ќе делуваат дури не почнеш да ги пиеш. Па дека во Америка ги клукаат со хормони затоа секоја година не се зголемува бројката на бремени тинејџерки или вие мислите доволна ќе ви биде пилулата за заштита од бременост, па да не зборувам за спб? И не се толку конзервативни кај нас колку што не ги интересира за последиците што ќе ги сносат мислат само на подобриот дел, може родителите не им кажале но имаат достапен интернет 24/7.
Дали некој користел YAZ за проблем со акни и како ви делуваа? И дали откако ќе се прекинат проблемот се враќа или?
секако дека не сум ги користел, моја блиска личност ги има пиено поради здравствени проблеми, лекарот рече дека видот ке се намали, неизбежни беа, после пиење диоптерот се промени.
Знам дека може да настанат компликации доколку се носат контактни леќи и го пишува тоа во упатството затоа напишав дека имаат и многу негативни ефекти апчињата, ама за ова првпат читам дека може да се намали видот.
Го пијам веќе второто пакување од YAZ таблетите . Со првото беше се во ред , добив менструација кога ја испив првата бела плацебо таблета. Е сега, вчера ја испив првата таблета од второво пакување и не добив менструација. дали можеби знаете што може да биди причината инаку имам односи , без кондом значи , но партнерот не свршил во мене тоа со сигурност.. ве молам за одговор многу сум загрижена
Ми треба помош. Дали некој ги има користено таблетите Норлево? Ако некој ги има нека пиши инбох. Благодарам
Ќе може ли некоја феминка која ги има користено Jaz,да ми ја каже нивната цена,дали одат задолжително со рецепта од гинеколог,како се пијат и да ми препорача гинеколог кој ги препорачува овие таблети? Јас сакам да почнам да ги користам,но прво сакам да се консултирам со стручно лице и да направам испитувања на хормоните
jaс сега користам јаз таблетки само сто ги поцнав 1 недела дали е мозно да сум бремена оти маз ми има свршено во мене?