Само што започнав со пиење Yaz по препорака на гинеколог, денес ми е втор ден. Проблемот е што на денес менструација речиси и да немам, што обично не се случува. Дали на некоја од вас ова и се случило??
Девојки мене ме интересира мислење и помош. Треба да почнам да пијам Јасмин таблетки, ама не ми е јасно дали се пијат за време на менструација? Знам дека се пијат 21 ден па 7 дена пауза се прави? Ве молам за одговор, Фала однапред
Сакам да ве замолам за совет доколку имате слично искуство со ЈАЗ таблетите..имено почнав да ги пијам пред 5 дена и имам страшни главоболки , вртоглавици, омалаксаност поспаност..не знам дали е нормално зашто претходно немам пиено никакви слични таблети..какво е вашето искуство ?
за да ги пиеш мислам дека мора прво да си ги испиташ хормоните зашто јас прво тоа го направив а пото гинекологот ми даде рецепт за да ги земам мислам дека секој гинеколог може да ги даде ако смета дека треба да ги пиеѓ. цената им е 585 денари а почнуваат да се пијат од првиот ден кога ке добиеш и се пијат без прекин
ЈАЗ таблетите не држат вода и не прават пореметување баш напротив ги даваат како терапија за полицистични јајници што е хормонско пореметување и тие гарантираат исто така 99,9% сигурност за заштита од енсакана бременост ..ама сепак треба да се консултираш со гинеколог
До Ања,таблетите се пијат од првиот ден на мензисот,се чека да добиеш мензис,и после 21 таблета,пиеш и 7 дена правиш пауза,во тие 7 дена ќе добиеш мензис и на 8 ден ново пакување,без разлика дали уште не ти е завршен мензисот.
Девојки,претходниот месец почнав да ги пијам Јаз таблетите и во четвртокот го завршив паковањето.Ги почнав со пиење како што пишува во упатството од првиот ден на менструалниот циклус,но откако ги почнав,крварењето никако не прекина(не мн.обилни крварења како за време менс.циклус но сепак крварев)И сега од како ќе се испијат сите активни 24 и 4 неактивни треба да добиеш менструација,но јас бидејќи цело време крварам не знам дали имам добиено или не.Денес бев на гинеколог и не добив никаков преглед туку само совет да ги земам diane35 во замена за Јаз(но не планирам повеќе да користам таблети бидејќи чувствувам замор,главоболка,вон-менструални крварења,нервоза).Сакам да прашам,дали може да сум бремена иако ги пиев таблетите?! Однапред благодарам
Здраво девојки, пред една недела почнав да ги пијам Јасмин таблетите на прв ден од циклусот. Имам нередовен циклус и гиникологот ми ги пропорача овие таблети. Откако почнав да ги пијам циклусот ми траеше само 2 дена а претходно траеше по 5-6 дена. Почна да ми се појавува главоболка и надуеност во стомакот. Дали овие симптоми ќе се изгубат со текот на пиењето или јас сум посебен случај? Фала
Прочитај во упатството,пишува за главоболка,вонменструални крварења,замор и сл.симптоми.Мислам дека доколку имаш некој од нив треба да ги прекинеш,но најдобро ти е да посетиш гинеколог,пошто секојдневна главоболка не е нормално
јас ги пијам YAZ една година и сум немала никакви проблеми, ниту на почетокот ниту пак сега после една година. Многу е битно да се пијат секој ден во ист час, ако сте ја земале првата таблетка во 12 на пладне гледајте сите да ги пиете во истото време плус минус 1 саат. Исто така пијте ги само со вода! Не со сок, кафе, млеко или што и да е, само вода. Многу ретко ми се случува да ми е променливо расположението, на пример цел ден сум за нигде, ама како што реков многу ретко се случува а и немора да значи дека е до таблетките. Мааалку се здебелив од кога ги пијам и ете држам диета ама поспоро ми иде симнувањето на килограмите, но се работи за 3-4 кг што и не е некој голем проблем
Девојки сега скоро почнав со пиење на апчиња за контрацепција - Јаз, па се мислев колку е безбедно дечко ми да свршува во мене од време на време? Дали некоја од вас има вакво или слично искуство?
zdravo, sakam da mi dadete sovet vo vrska so kontracepcijata, so mojot partner koj sto voedno ke mi stane i maz ke imame odnosi po prv pat, pa bi sakala da znam kolkavi se sansite za bremenost, koi se plodni denovi vo ciklusot, i dali moze nekako bez kondom ili obavezno e kondom, i tabletite za kontracepcija koga pocnuvaat da se pijat otprilika, dali nedela dena pred odnosot ili poveke fala
Dolcela93 шансите за бременост секогаш ги има, без разлика каква контрацепција користиш, се разбира со некој метод се помали, со некој поголеми. Плодните денови во циклусот започнуваат отприлика 5 дена пред денот на овулацијата, кој пак би требало да биде 12 до 14 денови пред да добиеш. Е сега, кондомот не е задолжителен, меѓутоа е ефикасен метод на заштита од бременост и сексуално преносливи болести. Доколу си сигурна дека партнерот нема СПБ и сакаш да забремениш, тогаш слободно имај си секс без кондом. Што се однесува на апчињата за контрацепција, можеш да почнеш да ги пиеш кога сакаш, се разбира по консултација со гинеколог, меѓутоа ако го испиеш првото на првиот ден од менструацијата ќе бидеш веднаш заштитена. А доколку го испиеш било кој друг ден, ќе треба најмалце 1 недела да користиш и друг вид на контрацепција за секој случај. Се надевам дека ти помогнав и со среќа на првата брачна ноќ!
DevilsCandy fala na odgovorot, sepak jas prasuvav bidejki sakav da se informiram podobro za da sprecam eventualna bremenost bidejki seuste e rano za deca, fala uste ednas
Уживај! Секогаш сум тука ако ти треба совет Мислам дека кондом е најправилна опција за првиот пат, а за понатаму после првиот сексуален однос кога ќе отидеш на гинеколог, ќе си прашаш за контрацептивни пилули, за коишто јас сметам дека се ефективен метод за заштита од бременост
Здраво, имам едно прашање. Почнав со пиење на контрацептивни таблети Јасмин по препорака од гинеколог, која ми објасни сè во врска со таблетите и како да ги пијам, односно да почнам по петтиот ден од циклусот, да ги испијам сите, па пауза од 7 дена и пак отпочеток. Но, не ми спомна дека доколку се почне од петтиот ден треба да се користи дополнителна заштита во првата недела, која јас не ја користев и дури сега приметив дека е наведена и во упатството. Има ли некаква опасност и дали треба да се загрижам? :/
Ако мислиш на можност за бременост, постои, да. Ама тогаш си имала менструација, така да не се којзнае колку големи шансите. Сега и да се грижиш веќе поминало, ќе видиш откако ќе ги допиеш дали ќе добиеш менструација. Таа требало да ти каже, како можела да заборави Заради тоа обично таблетите ги даваат од прв ден на менструација да ги пиеш, за да си заштитена од самиот почеток. Сакам да прашам.Пијам Јаз препорачани од гинеколог. Редовно, без пропуштање таблети, баш како што пишува во упатството. Пред да почнам да ги земам, имавме односи со дечко ми секогаш со кондом. Со оглед на тоа што сега ги пијам, дали ако имаме незаштитен секс, но не свршува во мене има шанса за бременост? Теоретски оралните контрацептиви се направени за да спречуваат бременост сами по себе, без дополнителен бариерен метод, така што не би требало да останам бремена нели? Или сепак да продолжиме со кондом?
Се случува бременост при ваква заштита ама мнооооооогу ретко , ако ги пиеш правилно не би требало да постои шанса од ризик
ве молам за брз одговор дали можам да останам бремена ако партнерот ејакулира во мене а веќе 2 години користам контрацептивни пилули?