ве молам за брз одговор А зошто се викаат контрацептивни пилули ако не треба да вршат улога на контрацепција, ако ти 2 години редовно ги пиеш и не си пропуштила ниеден ден, не би требало тоа да ти претставува проблем воопшто, напротив, значи дека си се заштитила Е сега, нели ниедна контрацепција не е сигурна па така и оваа, ама не би требало да бидеш под стрес, многу е поголема веројатноста да не забремениш отколку да забремениш
ве молам за брз одговор Тука си имаш табела за сите методи на контрацепција и нивна ефикасност. Разгледај и види иако доколку си користела заштита, шансите да си бремена се премногу мали. линк Оди на втора страна.
Здраво дами имам прашање до вас За прв пат имав односи со дечко ми без кондом. инаку пијам таблети Јасмин за регулација на циклусот бидејќи порано имав циста. Дали е можно да останам бремена покрај тоа што користам таблети? (Тој свршуваше надвор - не во мене) Само првиот пат имавме односи без заштита (имавме три тури) а после со кондоми. Фала ви однапред
Сакав да ве прашам, како се одвива прегледот на гинеколог кога треба да утврди какви таблетки треба да користам, што ќе се случува кога ќе отидам таму, како ќе ме прегледа??? Сеуште не сум сексуално активна, но планирам да почнам и сакав да отидам на гинеколог, но ми е страв, или срам, незнам... И да, бидејќи не сум полнолетна (за некој месец де ), можно ли е моите родители да дознаат за посетава на гинеколог? Мислам, нема вајда докторкава да им се јави и да им каже дека сум била на преглед или па да дознаат на друг начин, бидејќи и од тоа се плашам. Ајде некоја од поискусниве феминки нека ми каже како и било нејзе кога била на овој преглед, и некој дополнителен совет ако имате
Гинекологот ќе ти каже какви таблети ќе треба да пиеш. Твоите можат да дознаат дали си била на гинеколог или не, доколку имаш печат во книшката.
денес ми е прв ден од циклусот, почнав да ги пијам клаира таблетите, дали некоја има искуство со нив???? мене ме буни тоа што последните 2 таблети немаат хормони, а треба да се пијат и + нема 7 дневна пауза како на другите таблети и треба да почниш наредно пакување одма по завршеното. и во упатцтвото пиши дека можи некогаш да немаш менструално крварење и што ако немам,нема да ми се подуе стомакот така???? и сега незнам дали наредно пакување да земам од овие или јасмин, и такви имама пиено, и ако земам јасмин наредниот пат кога да почнам да ги пијам? дали одма по ова пакување или да почекам 7 дена?????
Ќе ти одговорам за делот дека те интересира дали ќе ти се поддува стомакот ако не ти дојде секој месец поради хормонската терапија. Нема. Има терапии, не со таблети, каде жени не добиваат со години додека се на неа(депот инјекции, поткожни импланти и хормонски спирали). Кои контрацептиви да ги пиеш е најдобро да си ја прашаш докторката.
Здраво Вака, јас пред 13 дена почнав да користам контрацептивни пилули. Во упатството за употреба пишува дека ако почнат да се пијат од првиот ден на менструација, дека нема потреба од употреба на друг контрацептивен метод во првите 7 дена. А јас и дечко ми имавме незаштитени односи на вториот ден откако добив, т.е. некој саат пред да ја испијам втората пилула. Сеа, на упатството пошо пишува дека нема потреба од употреба на други средства за контрацепција, не знам дали и под тоа сметаат на немање секс? Зошто мене градите ми се отечени, првите денови откако почнав да пијам апчиња ми се лошеше, стомакот ми е некако подуен (уште)... па си паничам така малку, и ми е ептен страв да отидам да купам тест за секој случај... Што мислите?
Здраво Девојки .. Имам едно прашање па ако некоја знае Ве молам нека ми одговори =) Значи имам 18год и лице со акни од 13 год ..од тогаш одам на козметичар-дерматолог и сега конечно свативме дека станува збор за хормонски проблем .. Дерматологот каде што одам а исто и гинекологот ми ги нудат Контрацептивните таблети Jaz или некои Dijane и ми тврдат дека со редовна терапија ќе ми се смири и лицето .. Сега се решив да ги пијам ама незнам за кој да се одлучам па затоа решив да побарам совет од вас... дали некоја ги има користено и од кои и колку сте задоволни
ау па не се нормални зар уште ги даваат Дијане божее па колку девојки низ светов умреа од нив, плус тие се ептен јаки за проблем со акни никако Дијане никако, колку самоо нус појави имам слушано и читано низ форумите од нив, Јаз земи си ги послаби се и до сега не сум чула за негативни појави од нив
Имам слушнато и прочитано некаде за контрацептивни таблети за одложување на менструација... некој да е запознаен со истото? Ќе одам во петок за Грција, а во сабота треба да добијам, помош?
Фала многу за мислењето и јас мислев да ги земам Јаз ама ајде реков да ги видам вашите искуства .. Па ќе ви го кажам јас моето кога ќе почнам да ги пијам
Не сакам да те плашам но сепак треба да знаете сите што ги употребувате... Јас ги пиев diane 2 години со мали прекини, на мои 18-20 год. сега имам 27 и се оперирав од рак на градата и сега се лечам, повекето доктори не коментираат за причината,бидејќи немам ниту еден ризик фактор, но еден постар доктор од Загреб ми кажа дека многу големи шанси има да е од контрацептивните апчиња... фармацијата е тешка мафија има многу лекови што нус појавите им се многу пострашни од тоа што се лечите... не мора да значи дека истото ке ви се случи и вам, но бидете внимателни
Да ве прашам нешто.... Сабајле го испив последното апче од ПРИМОЛУТ НОР и незз колку дена треба да поминат за да ми дојде " тетката " ме боли стомакот и градите исто така ... Предходно ги пиев циклопрогиновата а овие прв пат ги пиам ке може ли некој да ми каже какво искуство имате со нив ?? Ви благодарам
Hello .. речиси 2 години со прекини ги користев Diane и сега реков готово крај..нема повеќе да се трујам со слични глупости сума пари изнафрлив... арно ама дечко ми си се научи без кондом и сега оди натерај го да си стави ( тој искрено посакува некое бебенце, не дека јас не сакам, ама мислам дека ни е рано и дека не сум спремна..) нејсе.. за доверба имам доверба во него и знам дека внимава и со кондом и без него го вади пред да сврши.. ама кога не става вика ако бидне бидне (повеќе како изговор му е ). гледам поголемиот број од вас користат YAZ, кажете ми дали во аптеките ви бараат рецепт или може и без него? и колку чинат од прилика? Јас диането почнав да го пијам по препорака од ПЗУ МАМА и надица Ѓеровска.. одев секој месец да земам рецепти..ама малку ми е подалечку, па и она го прекина договорот со ФЗОМ и ми стана комплицирано и го барав без рецепт...некаде го даваат некаде ти бараат рецепт ( ужасна ситуација во тој момент) ...
јас ги пиев на одмор за да го одложам циклусот, ми дојде два дена откако го испив последното апче. Немав никакви несакани ефенти наредниот пат.
Фала ти многу .... Па би требало значи утре да ми дојде .. Како и да ке одам на лекар но да си прашам и тука колку месеци се пијат ?
Девојки јас пред 7 месеци почнав да земам контрацептивни таблети и тежината ми се зголеми 8 кг. а пред тоа не ми варираше. Да напоменам дека таблетките ги земав на своја рака, т.е без да се консултирам со лекар. Што мислите вие дали промените кај мене се заради нив? Дали да прекинам и да се консултирам со лекар? пздрав
Внатре пишува на листот со упатството кои се контраиндикации и што се однесува до прашањето да точно е дека може да ти се покачи килажата од нив... јас имам изнесено мислење за ова и треба да го земете во обзир, не се играчки овие апчиња... секако консултирај се со лекар, ке ти бараат да испиташ хормони сигурно и оди кај добар доктор, позз се најдобро
http://mkd-news.com/ispoved-od-antibebi ... ila-vidot/ Спојлер се извинувам за оф топик ама можеби ова искуство ќе ви помогни да сватите дека контрацептивните таблети не се бомбони