Јас ги имам пиено Јаз и може да ги земаш без рецепт секако по препорака на доктор беше тоа и немав никакви невообичаени појави како што гледам дека некои покачиле тежина, станале многу влакнести и слично. Јас лично ги земав затоа што имав тешки циклуси проследени со повеќедневни и обилни крварења. Мислам дека се добар избор
Ендокринолог ми пиша да пијам Диане 35, 1година, имам проблем со зголемена влакнетост и за опаѓање на влакната демек.......ама мене ми е страв да не се здебелам Дали некоја има искуство со овие таблети ?
Јас не би ти препорачала да ги пиеш , прво се ептен јаки за твојов проблем има и со помалце хормони од нив, второ имам читано еден куп негативни искуства од нив низ форумиве, а и слушано исто така , и трето да не те плашам ама имаше многу смртни случаи од нив низ светов
Пред некој ден кога бев на гинеколог и кога прашував за контрацептивни таблети баш докторката ми напомена дека Дијане35 се за тој проблем- зболемена влакавост и посериозни пробеми со акните. Исто и една другарка пиеше терапија Дијане за тој проблем и немаше никакви несакани последици- баш напротив, лицето и светна и и се намалија влакната. Е сега да се надеваме дека и тебе ќе ти одговараат. Контрацептивните таблети не дебелеат туку може да се појави зголемен апетит- доколку успееш да се воздржуваш нема да имаш никаков проблем.
Колку коштаат пилуливе, вака од прилика? И можете ли да ми препорачате некој гинеколог (по можност женско) од државна болница или од поликлиника Јане Сандански (во Скопје)? Немам свој гинеколог и не сум од Скопје, таму студирам ама најголем дел од времето сум таму, а и од др стр срам ми е да одам кај мене на гинекологија.. pls help
Колку само не се за тој проблем, туку се за сериозни пореметувања на хормоните и полицистични јајници, а неколку акнички и влакненца можи и со друго да се средат, еве пријателка моја пиеше такви 3-4 месеца и многу лошо и беше од нив, ги пиеше она ради јајниците и ни јајниците и се подобрија ни влакната и се изгубија, и ако пиете такви прво проверете крвна детална слика, со се хемостаза, ама баш комплетна на хематологија проверете, се што можи да се провери прават таму. И малце памет со нив знаете ли колку девојки умреа од тие таблетки? МОјот гинеколог секогаш вели дека тие се најлоши и најголемо ѓубре, подобри се и посигурно Јаз http://mkd-news.com/4-devojki-umrele-od ... na-diane35 http://novatv.mk/index.php?navig=8&vest=542&cat=18 Па сега вие пијте ги
Мене ми ги препорача ЈАЗ бидејќи немам никаков проблем. Другарка ти имала проблем, не и одговарале, а за тоа да се види мора да се проба барем еден до два месеци- ако види дека нема ефект се прекинуваат и крај. Другарка ми па на пример, напротив, баш беше задоволна. А тоа дека умирале од нив- и од Јасмин наводно умираа ( ЈАЗ И ЈАСМИН се речиси исти, ист произвдител различен начин на пиење). Девојките кои земале ваква контрацепција и умреле имале и други здравствени проблеми. Ако отидеш кај добар гинеколог секако дека пред да ти предложи било какви апцинја прашува дали и каква терапија пиеш и дали имаш некоја хронична болест. Ако имаш астма или проблеми со крв секако дека нема да ти дадат да пиеш вакви таблети. Поради сето тоа МОРА претходно да се посети гинеколог и не е паметно да се пијат на своја рака.
Пијав Јасмин 6 месеци, потоа направив пауза. Јасмин ги пијав бидејќи од нигде нкаде ми се појавија влакна кај брадата и си продолжуваат да се шират уште да си растат... Кога бев на ендокринолог сега ми рече да пијам Диане 35 и Спиронолактон. Хормоните ми се во ред секогаш, нема никаво покачување. Бев и на гинеколог за да не имам случајно полицистични јајници, но немам. Гинекологот ми кажа дека од Јасмин не опаѓале влакната, јас за џабе се трујав со нив.....а никој не знае да ми кажи од која причина ми се појавија така кога хормоните ми се во ред, немам полицистични јајници, што би можеле да бидат едни од причините. Гинекологот ми рече дека можело да биди како резултат на стрес, што јас се зачудив многу како од стрест да пораснат влакна кај што не треба...
Тие девојките што умреле од Дијане-35 ги имаат земано на своја рака, без консултации со лекар . Јас лани ги пиев 6 месеци препишани од гинеколог. Не се отров, дрога итн. немав никакви несакани ефекти.
Дали некој ги има користено контрацептивните таблети Јаз? Доколку некој ги користел сакам да прашам за мислење
Jas veke 3 den gi pijam Mikroginon, dali nekoj gi ima koristeno? zadovollni li ste ? i uste nesto .... mora li da se otkazat cigarite so ogled na toa deka 2 godini sum pisac ... i dali smee da se konzumira alkohol za vreme na pienjeto na apcinjata
Зар не пишува ништо во упатството околу пушењето? Јас имам користено Јасмин таблетки и пишуваше дека не треба да се земаат доколу пушиш и имаш над 30 години ако не се лажам, но најдобро е и да се консултираш со гинеколог околу тоа а за алкохолот мислам дека не претставува никаков проблем, бидејќи тоа не е антибиотик..
Јас пијам долго време контрацептивни таблети прво Диане-35 потоа Јасмин ги пијам околу година ипол а слушнав дека можат да направат тромбоза и имам покачени тромбоцити... Па незнам што да правам да ги прекинам или не? Направив малку пауза два месеци и еве гледам се здебелив оваа нешто како контраефект испадна слушнав од нив се здебелува не без нив .
Мене мојот гинеколог ми кажа дека ако пушам во никој случај нема да ми ги препише,секако мое е дали ќе му ја кажам вистината или не,сепак негово беше да ме предупреди дека може да биде штетно за моето здравје.Откако размислив решив моето здравје да го ставам на прво место,а туѓото задоволство на второ
Здраво женски ми треба ваша помош.за време на циклус имав односи без заштита.инаку пијам јасмин и ми беше недела со прекин и добив и имавме повеќе пати без заштита. Дали постои можност за бременост?
Читајќи ве вака кои се најдобри Јасмин или Јаз? Немам пиено,ама гинеколозите ги фалат дека сега медицината е напредна, нема негативни последици. Има вистина тоа со дебелеење, опаѓање на коса и сл?
Јас ги пијам од здравствени причини и да можам да кажам дека влијаат на килажата, јас се здебелив за едно 5-6 кила
Јас ги пијам од здравствени причини и да можам да кажам дека влијаат на килажата, јас се здебелив за едно 5-6 кила