Ниедни апчиња за било што (освен можеби за главоболка или покачена температура) не би требало да ги пиеш без препорака на лекар а камо ли апчиња за контрацепција, па згора на тоа и на твоја возраст. Тоа што ти доцни доколку не си сексуално активна може да биде од Х причини, а сигурно нема да ти помогнат тие апчиња. Доколку си сексуално активна, повторно, малку е доцна за апчиња кои пак ќе кажам сигурно нема да ти помогнат и во тој случај.
Здраво девојки,ми треба ваш совет. Јас скоро веќе две години ги пијам Јасмин поради појава на цисти. Претходниот месец добив на 21 јули а сега на 18август. секогаш циклусот ми трае 4дена а сега само 2дена. првиот ден ми течеше нормално а вториот мн.малце. Тоа утро кога добив бев и на котрола ме гледаа на ехо и ми ги продолжија до декем. да ги пијам Јасмин. Денеска ѕвонев во аптека да прашам зошто е тоа така што имав само два дена и првото прашање на аптекарката беше дали сум била на одмор. И реков да и таа ми рече дека поради промена на климата ми се случило тоа. Инаку и правев тест пред да добијам беше негативен. Сакав да прашам дали на некого му се има случено да му трае кратко циклусот од упптреба на вакви апчиња.
Здраво феминки . Во врска со сексот не сум многу искусна сексуално сум активна 5 месеци и сакав да прашам дали некоја има користено таблети пред секс кои спречуваат бременост мислам прочитав негде се викале Јасмин. Па имам многу нејасни прашања околу нив... -Дали може да ги земам на своја рака без рецепта? -Дали се штетни ? -Дали може да има некакви лоши последици после нив? -Колку се пари? -И дали има одредена граница со годините од кога смеат да се пијат?
Здраво. Контрацептивните таблети ти ги одредува гинеколог.Ете пример јас не можам да земам било какви на база на естроген кои се појаки бидејки мене естрогенот и така ми е многу јак. Значи најубаво ти е да тркнеш до гинеколог. Нема зошто ни да ти е срам ни страв. Ке му кажеш и готово. МАДА предосекам дека си помала баеги, па прво би ти рекла да размислиш-дали вреди толку млада да се изложуваш на хормони само за партнерот да ти е раат. Поздрав.
Ти благодарам на советот инаку бев заинтерсирана но и мене ми е страв да не се штетни ...На не настанат после некакви компликации ......
Не се штетни до толку ама на 17год да зимаш таблети не би ти препорачала. Тебе и така сеуште не ти се средени хормоните уште хаос со контрацепција им фали. Нека си биде дечко ти доволно каваљер и нека си пази.Ако е зрел за секс онда е доволно зрел да те заштити од непосакувана бременост.
Контрацептивните таблети мора да бидат од гинеколог препишани. Ако сакаш да се заштитиш од несакана бременост, партнерот нека става кондоми. не се труи со апчиња, мала си.
Здраво девојки Не сум сексуално активна само проблемов е што имам страшни болки кога добивам од типот на гадење. повраќање, вртоглавици па скоро секогаш завршувам на брза помош. Таму ,а исто така и матичната ми рече секогаш кога почнувам на чувствувам болка да се напијам кетонал, спазмекс, дијазепам како и таблета за заштита на желудникот ама ништо не ми помага секогаш истото смрт ми е кога треба да ми дојде .Се мислев да отидам на гинеколог да ми препише некој контрацептивни таблети со цел да се намали болката или барем да ми е пократок циклусот зошто ми трае 12 дена ,а 3 од нив сум тотално неспособна за никаква работа само во кревет со болки иначе имам 18 години. Што мислите дали некој вид контрацептивни таблети би помогнале некако да се среди ова и дали некоја имала вакво искуство ? Поздрав
Искрено не сум многу сигурна дека ќе помогнат, сепак појди си на гинеколог пробај Кафетин менструал имам слушнато дека се добри, јас не сум пиела, не сум имала потреба или 5-6 дена пред циклус пиј Феме Вит, на природна база се, многу помагале мене ми ги препорача матичната.. Можиш да најдиш нешто и тука Болна менструација
Здраво девојки,ми треба ваш совет. Јас скоро веќе две години ги пијам Јасмин поради појава на цисти. Претходниот месец добив на 21 јули а сега на 18август. секогаш циклусот ми трае 4дена а сега само 2дена. првиот ден ми течеше нормално а вториот мн.малце. Тоа утро кога добив бев и на котрола ме гледаа на ехо и ми ги продолжија до декем. да ги пијам Јасмин. Денеска ѕвонев во аптека да прашам зошто е тоа така што имав само два дена и првото прашање на аптекарката беше дали сум била на одмор. И реков да и таа ми рече дека поради промена на климата ми се случило тоа. Инаку и правев тест пред да добијам беше негативен. Сакав да прашам дали на некого му се има случено да му трае кратко циклусот од упптреба на вакви апчиња.
Najprvo se izvinuvam za latinicata ama pisuvam od mob... imav odnos so deckomi vo sabotata cetiri Dena od ko mi zavrsi ciklusot....mislam oti svrsi vo mene a toj veli deka ne,toj saka da imame bebce no jas seuste ne se osekam spremna za mama...pola cas posle odnosot se napiv dve anti bebe tableti,bidejki ne bev vo mk I ne uspeav da nabavam apce za den potoa.Sega pet Dena posle odnos I da se napijam noorlevo e kasno.razgovarav so farmacevt mi veli deka stom Sam ispila dve anti bebe tableti sansite se mnogu Mali da ostanam trudna,a I na kalendarot na femina stoe. Za plodni denovi tie denovi mi se plodni no sansite se minimalni I nemam ovolucija...a da napomenam tri meseci koristam slim line soft gel tableti a neli velat deka I tie stetno vlijaat na plonosta dodeka se koristat....vase moslenje kolkavi mi se sansite da Sam bremena.....helpp devojkii mnogu se plasam line soft gel tableti sto se za slabeenje a neli velay
Здраво на сите Користам контрацептивни табелти до пред еден месец, ги пијам во 15:30 но сега сакам да го сменам терминот, на новото пакување, т.е. да ги пијам во 17 часот. Ќе влијае ли на мојата заштита промената на времето во кое ќе ги пијам ? Фала
zdravo feminki, pocnav da pijam kontraceptivni tableti Diane35. Gi piev 21 den, i neli ima pauza od 7 dena koga treba da dobies. A ete denes cetvrti den od pauzata nikako da dobijam. vo megjuvreme imav nezastiten odnos i maz mi svrsi vo mene.(19 den od siklusot). Se nadevam ne sum bremena i otkako ke pominat 7 dena treba li da prodolzam so novoto pakuvanje bez razlika sto nemam dobieno? (vo megjuvreme ke se potrudam da se osiguram dali sum bremena).
^ Како можеш да продолжиш со ново пакување без да добиеш?? Ќе скокнеш циклус, тоа е неприродно и нездраво. Жалосно вакво прашање од мажена жена...
Ако некоја жена е мажена не значи дека ги има сите информации на светот и да биде сезнајка, а жалосно од твоја страна што имаш толку голема потреба да омаловажуваш, да не може човек да праша. Сигурно дека најдобро е да прашам гинеколог, но нели форумот е да зборуваме и да си помогнеме едни на други. А за тоа дали е природно да се прескокне циклус, тука се гледа колку си информирана за функцијата на овие таблети, ја инхибираат овулацијата, најнеприродна работа за телото на една жена... Не било така лесно да си фин, иако ништо не ни кошта но ете, едноставно не се може...
Добро не се карајте, Lovely93 сакаше да каже дека ако си мажена можеш и да прогуглаш на интернет малце, се и сешто има.
^ Не сакав никого да навредам, се извинувам ако ме сфати погрешно. Признавам дека не се разбирам многу како делува контрацепцијата и не ме интересира бидејќи никогаш не планирам да ја користам но, имам размислувано и јас дека веројатно делува на начин што спречува овулација ама си викав да не има друга финта бидејќи ако е така, тоа е скроз неприродно и бесмислено, млада жена без овулација... Како и да е, муабетот ми беше дека не е здраво да ти прескокнува месечен циклус а не пак самата да го предизвикаш тоа. Мислев дека тоа би требало да го знае секоја жена, дека е природно да добива секој месец и дека се друго е против нормалното функционирање на репродуктивниот систем, затоа реагирав така и не мислев ништо лошо.
Не се грижи, јас кога ги почнав, првиот месец добив на последниот ден од паузата, а и ден денес добивам на шестиот. Диане се сигурни 99% во врска со контрацепција, дури и во периодот од тие денови кога не ги пиеш, заштитена си. И Lovely93, секогаш кога те читам си ми се почудна. Најпрво со изјавата дека никогаш нема да ги пиеш, верувај дека овие пилули не се само за контрацепција. Второ, многу сакаш да се нафрлаш и паметуваш, а всушност не знаеш ни како функционира конкретнава засегната работа. Ако не си доволно информирана, не се ни вмешувај без причина, и да прогуглај ти малку, барем денес нели се е достапно на интернетов.
^ Не знам зашто сум ти чудна, изјавата дека никогаш нема да ги пијам е во смисол како контрацепција. Во иднина да ми препорачаат нешто за здравје секако дека ќе го пијам и тоа е веќе надвор од мојот избор. Сакав да кажам дека не би го одбрала овој начин на заштита. Да прогуглам нема потреба, а кога имам потреба гуглам. Сега за сега знам се што ми е потребно, дури и повеќе. Зашто да гуглам, зарем не бев во право дека не е убаво да не прескокнеш месечен циклус намерно? Жени сам ако им прескокне одат на гинеколог загрижени, а не пак намерно да го прескокнат од страв да не не делувала контрацепцијата. Мислам дека мојот став се однесува пред се на здравјето и си е на место. Дадов совет бидејќи нели беше побаран, но секој за себе си знае. И да, затоа што сум чудна и неинформирана јас не барам совет на форуми, туку за се што и да ми е нејасно ја консултирам телефонски мојата докторка (гинеколог). Може ќе прашам и тука, ама ако се работи за нешто важно не се потпирам само на информации од интернет.
Оф бре Лавли, кој тука прескокнува циклус намерно, побогу? Ако знаеше како делуваат и зошто и како се користат, тогаш ќе знаеше и дека може да се случи циклусот да биде прескокнат. Поентата ми е, затоа што не си доволно информирана, еве во случајов конкретно за употребата на Диане35, нема потреба од скокање и зборување за не грижа кон сопствениот организам. Извртување и кажување муабети од типот јас тоа никогаш не би го напрвила... Не мора непотребно да се вмешуваш во секоја дискусија, а потоа да кажуваш како ти не знаеш доволно, а сепак конкретната работа сметаш дека е лоша, затоа што нели, се наоѓаш во муабет. Едноставно не мора.