здраво девојки Јас прв пат почнувам да пијам κонтρацептивни таблети бев на гинеколог и ми препиша КЛАИРА биле нови и моментално најдобри еве веке 15 дена ги пијам немам никаков негативен ефект досега се си е ок, а почнав да ги пијам на 5от ден од кога ми дојде менструација, е сега друго сакам да прашам----бидејќи моментално сум сама мојот мм не е овде а ке си дојде наредниот месец јас моментално немам односи и кога он ке си дојде ќе имам веќе испиено една цела кутија и дали има шанси и кои се шансите и покрај редовно пиење на таблетите да останеш бремена ако ејакулира во мене.....дали има некој такво искуство
Ако ги пиеш редовно секој ден и ако не пропушташ ни едно, заштитена си повеќе од 99%. Односно шансите за бременост се скоро непостоечки иако ејакулира во тебе.
Ги користев Диане повеќе од 6 месеци, но многу ми влијаеа на расположението и по препорака на лекар ги откажав.
По ново во секоја аптека треба розев рецепт. Знаци не одат сите на позитивна листа него треба рецепт на розева листа за да мозес да ги земеш. Ова важи од 1 мај.
Здраво, го пијам првото паковање на Јаз таблетите, поточно 11та таблета, но сеуште не ми е прекинато крварењето. Во упатството пишува дека тоа е нормално, но сакам да знам за колку дена отприлика ќе заврши, затоа што почнува да ме нервира тоа што постојано тече Ако може некоја од искуство да каже би и била благодарна Поздрав
Мене ми се случи тоа со ЈАЗ, ми траеше до наредниот циклус го испив пакувањето и не продолжив. Кога бев на гинеколог, ми кажа дека е нормално тоа, но дека хормонот од ЈАЗ ми е слаб и затоа не ми прекинува крварењето, сум требала да земам некои појаки, ама јас не зедов.... Како и да е, видов дека нормално е природното Позз
Според тебе кои се подбро Јаз или Дијане 35 Три одини користев Јаз и супер бев задовола, два месеци не приа хорони и ми се појавија проблеми со полицистицни јајници....сега гиниклогот ми препорачува дијане 35....што мслите?
Здраво! Ги користам таблетите YAZ за контрацепција, го испив последното апче и 2 дена немам менструација. Направив два теста за бременост и тие се негативни. Помош!?
Го прочита упатството воопшто? Внатре е буквално се објаснето. Ако пиеш 21 апче, после 7 дена не пиеш- во тие 7 дена треба да ти дојди, а можи и воопшто да не ти дојди. Продолжи да си ги пиеш како што треба редовно и ќе се регулира. *Исклучок ако си прескокнувала апчиња односно ако си ги пиела нередовно, тогаш има можност за бременост.
Ама ги испив сите 28 Едно YAZ пакување содржи 28 таблети, последните четири се Placebo таблети кои може да се прескокнат ама јас не ги прескокнувам
Добро сеедно, кај сите контрацептивни таблети во упатството пишува дека е можно да не добиеш во недела со прекин-или пласибо. Доколку си немала дијареа, повраќање, не си земала лекови кои им сметаат на контрацептивните табети и си ги земала сите таблети редовно без заборавање- нема шанси да си бремена! Прочитај го добро упатството, и ако толку ти е во мисла оди на гинеколог и разговарај.
И после се чудите како не можете да имате деца? Оралните контрацептиви се најштетни таблети што постојат на планетава. Не потпаѓајте под оние кретенски кампањи за нивно користење. Целта е само да се намали наталитетот и затоа нивната штетност е занемарена. Станува збор за хормонско апче кое природното го прави неприродно. Најмал проблем се влакната и дебелината. Страшни ефекти на психата имаат, не штитат воопшто од рак, а не се ни некои контрацептиви. Само што на ваков начин ем ќе забремениш, ем детето може да ти се роди со некој дефект. Го намалуваат имунолошкиот систем и можеш да закачиш трипер од јавен клозет, не па од секс. Ти прават русвај во репродуктивните органи и по долга употреба нивна стварно се станува неплоден. Не се зезајте со ова, ако сте толку плашливи користете кондом, мада озбилно не постои забременета од претсемена течност.
и јас го имам истиот проблем, полицистични јајници , докторот ми препорача дијане 35 но имам слушано многу негативни коментари за нив и бев мнпгу скептична во однос на нив и затоа почнав со jasmin. Многу сум задоволна јас и така од петходно немав некој голем поблем со акни, влакна и слично , само што накачив некое килце али мене тоа ми одговара зошто и така сум слабичка