Zeni aj pomognete mi so informacii od prva raka za Yaz apcinjata? Dosega ne sum koristela vakov tip na kontracepcija,procitav mnogu negativni komentari,od zgrutcuvanje na krv i sto uste ne,dali ima drugi negativni posledici so zemanjeto na Jaz,kako debeleenje,zgolemena vlaknetost i sl... Mi gi dade ginekologot ovie,a nekako sum skepticna P.s nema da gi pijam radi nesakana bremenost ,tuku demek za sreduvanje na ciklusot,koj patem mi doagja ednas na 3-4 meseci
Баш сите апчиња на секој различно делуваат. Си имаат сите во упатствата можни негативни ефекти. Веројатноста е мала. И од најобично апче може да има страшни последици ако ти се погоди така... Јас пијам контрацептивни таблети иако поинакви, сепак пијам. Буквално ништо не ми е променето. Ни влакна имам негде плус, ни кило повеќе, ама баш ништо. Ама секако кај секој различно. Пробај почни ги па ако случајно имаш некакви последици ќе одиш кај гинекологот и ќе ти ги смени. Позз
Rama i jas gi pijam za ciklusot a za negativno mozam da recam deka oslabev iako nesakav bidejki odvaj se zdebeliv malku i sega pak sum istata slabicka nema vlaknetost 6 meseci treba da se pijat bitrebalo taka da ti kazi ginekolog
Контрацептивите се комплицирани лекови и многу индивидуални, значи пред се овие лекови различно реагираат на секој организам бидејки секое тело е со различни потреби. @Rama пробај, конзумирај ги дадените, ако за некоја недела почуствуваш нешто што не е во ред веднаш остави ги и оди на гиниколог да ти дадат други, и се така дур ги најдеш вистинските за тебе, немој во никој случај да ги занемариш симптомите и да продолжиш со истите доколку не ти варираат на организмот. Не значи дека ако некој пател и му варирале лошо по организмот тоа ќе се случи и на некој друг, трет организам, и обратно ако некој е задоволен дека другиот, трет ќе биде. Овие лекови се многу комплицирани и навистина влијаат на целокупното тело и организам, јас имав лошо искуство = на ноќна мора, не се свестив на време и продолжив со нив се додека не се уништив себеси до последна капка, и многу доцна беше веќе за се кога ги откажав, бидејки јас не одев и не ги менував, не истражував и не се ангажирав за потребите на мојот организам. Ми требаше доста време за да се присоберам од сите симптоми и резултати направени врз мене. Затоа би сакала да ви кажам и да ве поучам од сопствено искуство дека лековите се добри и помагаат многу во случај доколку се потрудиш да ги пронајдеш вистинските за својот организам, ако треба и други и други и други да барајте, битното е да ги пронајдете вистинските, доколку се ослоните на оние што не ви одговараат, имате симптоми но ги игнорирате тек тогаш ќе видите колку е лошо да се утне во хормонскиот лек и неговата помош. Во прашање де хормони, кои сериозно вариваат на целокупниот организам, и како што можете да си помогнете толку еднакво можете и да си одмогнете од истите.
Поради нередовно добивање ми препорача гинекологот да си земам микрогинон Ги почнав и сега ме интерсира искуство за овие таблети?
@Rama јас немав негативно искуство со yaz, ги пиев за иста причина неколку месеци одамна кога излегоа, ама циклусот само привремено се среди, после некоја година пак по старо. @ALISA0000 Истото можам да го кажам за микрогинон, не ми се среди циклусот плус ми беше многу болно ко ќе добиев , па ми ги сменија. Има многу понови и подобри од нив мислам. Во секој случај за сите има и негативни и позитивни искуства, дури не се пробаат не може ни доктор да знае како ќе се реагира.
Ке се цитирам самата Прашав гинеколог и читав упатство таму вика со земање на првата таблета си веке заштитен ако почнеш од 1 ден на циклус ама скептик сум бе јас се мислев дека треба да ги пиеш најмалце еден месец за да бидеш заштитен од бремност Сакам да прашам некој што користи како било кај нив?
Ги пијам Јасмин веќе 3 месеци, но во последно време почнаа да ми се појавуваат ужасни киселини во стомакот кои траат по цели денови. Најверојатно ќе ги прекинам откако ќе го завршам пакувањево, али имам читано дека се појавуваат непријатни несакани дејства по прекратување како исфрлање на кожата. Има некој искуство со ова?
Нема ми логика уште од првиот ден да си заштитен, не верувам. Ти сепак како превентива некоја недела внимава си. Што си е сигурно, сигурно си е. Апсолутна точност. Но не сум баш сигурна за во твојот случај бидејки ги земаш исклучително пократок период. Да така биди со резерва.
Pocnav da gi pijam Yaz,eve veke edna nedela,sakav da ve prasam dali e normalno da me cesa celo telo kako nekoja reakcija,se cesam kako lyda po noze,race,vrat i kosa...dva dena se slucuva ova,prethodno nemav gajle nikakvo,plys sega pocnaa da mi se pojavuvaat ogromni mozolcinja,vi se slucilo nesto slicno.?
@Rama прочитај на google често има такви реакции од нив, јас лично немав, ама мораш да се консултираш со гинекологот.
За чешање и баш не би требало.. а за мозоллињата најверојатно ти се последица од нив, (кај некои се јавуваат а кај некои исчезнуваат, како и да е сепак е индивидуална работа) ако не се чуствуваш добро веднаш да одиш и да ги смениш. Можеби овие не ти варираат добро.
Јас пијам Јасмин година и 6-7 месеци. Првенствено за заштита од бременост, но имав и постојано доцнење на циклусот претходно што ми преставуваше дополнителен стрес. Се одлучив за ваков вид на контрацепција бидејќи не знам поради која причина кондомите ужасно ми ја иритираат кожата. Значи со партнерот пробавме различни видови, лубриканти итн итн, едноставно за 5 минути многу ми се раздразнува кожата и после тоа ден или два имам ужасни болки при мокрење дури и при седење. Сфаќам дека веќе подолго ги користам, но доколку ги прекинам не би можела така на среќа да имам односи и да се молам да не забременам случајно. Би сакала да слушнам мислење на некој што подолго време, неколку години, користел ваков вид на контрацепција и дали при оставањето имало некакви проблеми (како паѓање на коса итн.) Фала ви однапред )))
Јас на своја рака не ги земав апчињата. Бев на преглед кај гинеколог и по препорака ги зедов.. Ги пијам долго време и не сум имала никакви проблеми.. Би сакала некој да ми одговори конкретно за тоа што прашав, за другото си знам... Фала сепак.
Без навреда. Не ни мислев дека на своја рака си ги зела. Но сепак, треба да знаеш дека докторите се спонзорираат од фармацевтските компании за да ги препорачуваат нивните производи. Ти посакувам се најдодбро.
Па добро горе-долу јасно ми е тоа... Само што стварно немам никакви негативни последици. Другарка моја почна други апчиња и имаше многу лоши негативни ефекти па се смена.. Јас уште од почетокот ништо не осетив никаква промена. Имам и јас читано дека се проблематични, а и во тоа време имав многу лош гинеколог па и не се сомневам дека е можно да има подобар избор. Како и да е планирам за брзо да одам кај новиот гинеколог кој наводно е многу стручен па да разговарам за ова.