Те разбрав јас само ти мене не ме разбра, ако од јасминот не се чуствуваш добро не го пиј и кога ќе си дојде докторот веднаш појди и кажи му па тој најдобро ќе знае со кои да ти ги смени, а вака на своја рака не си прави бељи да пиеш микрогин, почекај не е крај света.
Секој почеток е таков додека се средат тие додатни хормони првиот месец два очекувај такви некои ситни нус појави ама пиј ги редовно и ке се стабилизирашЈас сум на микрогинон еве трето пакетче почнав прввиот месец ме утепа депресија ама од вториот се управив Види на упатството од микрогинон има напишано од едни контацептиви кога се префрлаш на други како треба прочитај си
Како оди преглед за да препишат таблетки? Треба да се направат оние испитувања за пап, со ехо или не знам што.... или само со разговор па можат да дадат рецепта? И дали мора да се закажи претходно или одиш кога било...?
Па мислам дека кај нас ништо чудно и така некој да ти ги напиши... Ама би ти препорачала прво да си направиш еден преглед обичен за секој случај бидејќи што знаеш што бива така? Барем ќе бидеш мирна и рајат ќе си ги пиеш потоа. Ништо страшно не е прегледот буквално 5 минути и помалце. Ни боли ни ништо. Треба да се закажиш (барем така е кај мојот гинеколог). Едит: Или ако си направила преглед во последните неколку месеци и се било океј така одма ги пишат.
не сум била до сега воопшто.... како се одвива еден таков преглед? и дали таблетките имаат дејство уште од почеток со првото испиено, па на таму....?
Мислам дека е најпаметно да одиш на преглед пред да почниш со апчиња. Ништо одиш ти прават ехо со кое ја гледаат матката и јајниците дали е се океј, ти земаат брис за да се види дали имаш некакви инфекции, вируси дали е се океј. И толку. Буквално 5 минути е прегледот ништо посебно. Ако е се океј со резултатите одма ќе ти напишат рецепти за таблети. Во упатството се ти пишува точно ќе си го прочиташ убаво пред да ги земаш. Не почнуваат одма да дејствуваат, на моите пишува по 7 дена дека има 99%-но дејство. Потоа доколку ги пиеш редовно си заштитена од бременост (но не и од сексуално преносливи болести). Заштитена си и во неделата кога не ги пиеш апчињата за да ти дојде циклусот. Ќе ти објасни се гинекологот.
абе во упатството барам да прочитам дали смета да се напиеш алкохол ако пиеш контрацепција и никаде не можам да најдам не пише и ко за беља па и матичната не ми крева да прашам некој што ги пие дали се има напиео алкохол?
На мене докторката ми кажа дека можам да пијам 2 часа пред и 2 часа после таблетата. Значи испланирај си кога како да ја земаш. Бидејки нема да ти се случи ништо освен тоа што таблетата ќе го намали своето декство ако пиеш веднаш после земањето на таблетата. Да така пред или после 2 часа е најсигурно.
Па тоа ти викам, сепак одржи си некоја граница од 2 часа. Не за џабе ги земаш таблетите. Алкохол веднаш пред и после таблета е забрането,дај си луфт бар неколку часа.
Девојки тие што планирате или веќе ги пиете апчињава како контрацепција, земете прогуглајте, детално прочитајте го упатсвото, зашто многу работи го намалуваат дејството. Не знам зошто но некако ми страв да се наслонам на апчињава, какво искуство имате вие што ги пиете како контрацепција? Јас ги пијам но ради друг проблем а не ради контрацепција.
позитивно искуство си ја бркаат работата значи првенствено контрацепција е за заштита од бременост јас сум задоволна само ова со алкохолот ми го мате есапот а сепак витаминче 2часа ке се изпоштува
Девојки, сакам да ве прашам тие што ги користите таблетите ЈАСМИН... Порано имав циста во левиот јајник, докторот ми припиша Примолут нор, ги пиев 10 дена не забележав никаква реакција и кога бев на преглед повторно цистата ја немаше, значи дека пукнала. Хормоните ми се во ред. Имам проблем со акни, па дерматологот ми рече ако ти дозволи гинекологот може да пиеш хормонска терапија. После повторниот преглед немав никаква циста, па докторот ми ги припиша таблетите Јасмин и еве чекам да добијам за да почнам да ги пијам. Прашањето ми е, дали некоја што ги пие овие таблети забележала некоја негативна реакција од нив, и колку време е потребно да се пијат за да се исчисти лицето?
Veke dva meseci gi pijam tabletite Jaz preporacani mi se od ginekolog da gi pijam od 6 meseci do 1 godina no bidejki veke pijam vtoro paketce i sum nekade do sredina mi teci kako edna kafena ligava tecnost, dali e toa normalno i dali na nekoj im se ima istoto sluceno, vi blagodaram od napred
тоа е тоа со новите генерции на апчиња со помало количество на хормони ке си земешнекои од постарата генерација еве јас микрогинон зимам и не сум имала никогаш такво измегу крварење
Veke dva meseci gi pijam tabletite Jaz preporacani mi se od ginekolog da gi pijam od 6 meseci do 1 godina no bidejki veke pijam vtoro paketce i sum nekade do sredina mi teci kako edna kafena ligava tecnost, dali e toa normalno i dali na nekoj im se ima istoto sluceno, vi blagodaram od napred