Во секое упатство си пишува дека е можно да има појава на таков исцедок , и јас сум го имала не е ништо страшно , ама пак на гинеколог прашај си
Јас нели веќе ти одговорив дека овој кафеав исцедок првите месеци е нормален или грешам не знам поправи ме. Како и да е немој да се секираш тој исцедок е сосема нормален, ако си го читала упатството и таму ќе прочиташ дека реакцииве се сосема нормални.
Девојки помагајте! Завршив со првото кутивче Јасмин, и во тие 7 дена пауза, едвај искрварив една капка и само толку. Немав односи, па ме чуди зошто не сум добила, еве денес треба да почнам да ја пијам првата таблета од 2 кутија. Гинекологот мој денес не беше на работа, не знам дали да ја земам денес таблетата... не знам што да правам?
Најверојатно се работи за хормони кои не ти пасуваат на организмот а уште поверојатно е дека сево ова е можеби и нормално во првите месеци додека организмот ќе се навикне на дотичните хормони. Значи може е нормално а може и не, не знам дали да те посоветувам да ја земеш или не бидејки не знам, јас да сум не би ја земала, а во понеделник не чекај да одиш и да видиш што е работата. Обично првите месеци се крвари повеќе од нормално а зошто кај тебе вака завршила работата не знам.
Ќе одам обавезно во понеделник, ама работава е овие три дена што да правам. Не смее да се прави пауза повеќе од тие 7 дена...
Јас користам Ефилево, некои нови швајцарски, но не ги побарав за заштита, туку зошто имам полицистични јајници.
Девојки јас сакам да започнам да користам, нормално прво со консултација со мојот гинеколог. Туку ме интересира дали можат да го поместат датумот на циклусот и до колку дена? Ако може некоја феминка да ми одговори што користи вакви таблети. Може и во лична порака. Благодарам
Фала на одговорот , да не знаеш во случај за одлагање на циклусот неколку дена. Читав порано на темава ама сега неможам да најдам, или пак беа некои посебни. За одлагање на циклусот неколку дена ми е потребно, ако има некој што му е познато нека ми пише. Ти благодарам
тоа одлагање на циклус со гинекологот ке го разговарате и ке ти каже како и што секој си е различна причина за себе акомене ми одговарале едни апчиња може тебе не ти одговарат затоа гинеколог ке ти каже правец кај него
Секако со гинекологот, немав намера на своја рака во никој случај. Зборот ми беше дека имаше едни такви за одлагање на циклусот, ама најверојатно не функционираат сите исто. Благодарам на одговорот
Здраво женски... дајте совет за контрацепција освен кондом.. значи дали некој кориси др метод на пр како е до таа дијафрагма ? И јас се плашам од хормони и апчиња.... :/ дајте совет
Девојки, има ли некоја од вас искусено главоболки во оние 7 дена секој месец кога не се пијат контрацептивните апчиња? Јас пијам Диане околу 10 години поради PCOS. Немам никакви негативни искуства, баш напротив, одлично ми делуваат. Само што последниве два месеца имам ужасни главоболки во текот на оние 7 дена кога треба да прокрварам. Секакви тестови направив, се е под контрола. Мојата докторка вели дека е поради апчињата, односно поради тоа што нивото на естроген варира од нормално додека ги пијам и потоа се снижува во текот на 7 дена кога не ги пијам. Совет - да ги прекинам, но со оглед на тоа што ги пијам поради PCOS и тоа не е идеална опција. Допрва треба да се консултирам и со невролог, па во меѓувреме ме интересираше дали некоја од вас имала вакво или слично искуство. Исто ме интересира ако некоја од вас исто била на орална контрацепција долг период па прекинала (поради какви било причини), за колку време ви се има вратено овулацијата и нормалната менструација?