@LeleD Смени ги со други контрацептиви, пр со јаз. Тие се многу поподносливи за пиење. Во споредба со Дијане многу помалку такви несакани симптоми се чувствуваат. А за враќање мислам дека уште наредниот месец се враќа и овулација и нормална менструација, само ако ти била нередовна повторно ќе ти биде нередовна.Моја препорака направи пауза од месец два и смени ги контрацептивите.
Хмм... во врска со овулацијата, последниот пат кога бев на гинеколог падна муабет за тоа, самиот тој ми рече дека, точно, кај некои се враќа веднаш следниот месец а кај некои по неколку месеци. И ме стави во мисла, па најдов литература на нет (статистики и истражувања) што вели дека во некои случаи нормалната овулација и менструација се враќаат по повеќе месеци - една година - по прекинот со контрацептивна терапија. Па ете, си реков да си прашам да не има некој искуство да сподели. Не е живот или смрт, чисто ме интересира
@LeleD Кај нас со полицистични јаници е и малку покомплицирано, затоа што и без пиење на контрацептиви кај некои доцни па не се знае кога е точно овулација. Ама знам дека тие што имаат нередовна менструација, што значи и закаснување на овулација, тогаш и по прекинувањето на контрацептививе пак ќе биде исто, нередовна. А ако имаш нередовна менструација, освен ако не мериш секое сабајле температура па да рачунаш кога ти е овулацијата неможеш ни да знаеш
Lugje hitno mi e mn ,vcera imavme odnosi so deckomi i pukna kondomot ,mn malce svrsi vo mene ,neznam so da pravam ,ginekologot mi rece da gi zemam LEVONOR ,no tuka citam deka treba da se pijat vo 7 den od menstruacija ,a citam deka posle sex najdobri se Plan B one step ,shto da pravam ??? vcera se sluci ova.
Сакам да прашам за таблети што се пијат пред односот, какви се, дали може да се купат на приватно и дали се ефикасни?
Здраво женски, имам едно прашање до Вас. Јасмин таблетките почнав да ги пијам вчера. Денес добив менструација ( исто и минатиот месец добив на 14ти ). Дали треба сега да продолжам да ги пијам таблетките. Доколку е можно би сакала да ми престане менструацијата за ден или два најмногу, дали е можно да го постигнам тоа со што ќе продолжам со пиење на таблетите. Поздрав, пријатен ден.
Здраво! Јас и мојот партнер сакаме да имаме секс. Дали се продаваат анти-беби пилули во аптеките? Дали треба прескрипција за нив? Колку отприлика чинат?
Одамна немам прочитано поголема глупост од ова.Јес да сме затуцани ама до толку не верувам.Секако дека има и секако дека треба рецепт.Тоа се хормониски апчиња и за да ги пиеш треба прво хормонски тест да си направиш за да видат дали ти се нормални хормоните.А инаку има и други начини за контрацепција, едукација молам.
Нема потреба од таква дрскост Кога прашувам прашање очекувам една позитивна атмосфера во која што моето прашање ќе се одговори, и ете, ќе се едуцирам и јас самата без страв да бидам осудувана. И секако дека знам дека постојат и други начини за контрацепција. Доколку сум прашала за овој начин значи дека се интересирам за овој начин, не дека не сум свесна дека постојат други. Планирав да користам и кондоми и пилули за поголема безбедност, едукација и добро воспитување молам.
Ako si nadvor od mak treba da ti se pregleda krvta i spoted krvta ke ti se prepise ova pilula,potoa sekoi 6meseci mora od novo da ti ja prepisuvat pilulata. Kade i da pravis ispituvajne na krvta za ova pazi oti ne sekade ja ima istata pilula koja ti odgovara.
Imam edno prasanje pijam Jaz tableti veke nekoe vreme i vcera nesakajki go zaginav apceto sto mi bese za pienje mi padna i nemozev da go najdam sega sto da pravam da prodolzam da gi pijam ili ?? Ako znae nekoj ve molam za pomos
Во самото упатсво пишува дека во такви случаи треба наредното апче да го испиеш. Значи ќе бидеш еден ден понапред со шемата. И луѓе има упатство со апчињата (не го посочувам ова на членката над мене туку на сите што пишале во темава), имате милион рецензии на нет, кој на македонски кој на српски, кој на македонски. Земете прочитајте ако ви е срам да го прашате гинекологот. Па ја кога почнав да пијам све живо испрочитав што може да го намали дејството, дали може на плодност да имаат последици, дали може на самото здравје да имаат последици. Со најдобра намера ви велам, пргуглајте прочитајте, не се овие бомбони што се пијат на своја рака.
Девојки ве молам за совет. Јасмин веќе ги пијам 5 месеци, и не гледам некое подобрување во однос на акните, само поради тоа почнав да ги пијам. Претходно испитав хормони и направив ехо на јајници, се беше во ред, иако претходно имав циста која пукнала и гинекологот рече дека не е ништо страшно. Следната недела треба да почнам да ја пијам 6-та кутија, меѓутоа се двоумам сакам да ги сменам, да почнам со Диането за кои што ми рекоа дека се со појаки хормони, Јасминот наводно биле послаби. Веќе не знам каде да се обратам, како да најдам спас за моите акни.
Доктор ке ти каже дали треба или не треба да ги смениш, дали смееш да ги смениш воопшто итн. Дерматологот што ти вика за акните?
Па ништо посебно не ми кажа, ми даде некои капки да пијам Фемисан и крема Сона да се мачкам. Сега кога бев последен пат на третман не го најдов него во ординација, сестрата ми го правеше третманот. Сега не знам кого да прашам, дерматологот или гинекологот?
Гинекологот за таблетите, ама консултирај се и со дерматологот дека немаш промени. Или смени го дерматологот.
Дијането се повеќе наменети за лечење бидејќи се и малку појаки, а ретко се користат за контрацепција. Сепак консултирај гинеколог, мислам секако мора да консултираш пошто ти треба рецепт за да ги земеш (барем јас мислам дека направија сите контрацептиви да се земаат со рецепт) . А спомна третман, какви третмани правиш?
Јас направив три длабоки хемиски пилинзи (три пати ми се излупи кожата) и после тие три не ми излегуваат акни, барем не засега е сеа по некоја малечка може да се појави што не е страшно. Штом правиш и третмани само биди упорна и ќе ти се среди лицето