И јас правев три, и дури си добив и флеки на лицето. И еве сега треба да добијам деновиве баш се исфрлив по неколку акни. Тоа е.
Пијам Јасмин 2 години скоро, заради контрацепција. Во дилема сум. Од една страна ми е супер со апчињата бидејќи со користење на кондоми ми се прават страшни иритации, пробани ни се повеќе вида на кондоми и едноставно не знам што е работата ама мене ужасно ме боли, после дури не можам да уринирам. Пред да почнам со апчињата имавме со дечко ми онака односи демек се тргаше ама мене тоа ми беше пекол! Како што сум паничарка, и како што имам нередовна менструација буквално преголем стрес ми беше. Сега и циклусот ми е среден, и знам кога ќе ми дојди и се супер. А од друга страна ми е страв дека ги пијам долго време. На гинеколог одам се е во ред со матка, пап тест итн, ми рекоја сега за секој случај да одам на ехо на дојки. И онака пример многу ме иритира што и сестрите во ординацијата, и вработените во аптеката од каде што ги земам онака постојано ми велат леле зошто ги пиеш штетни се. Ќе си речиш образовани, обучени за тоа се. Свесна сум дека не се витамини и минерали, ама едноставно не планирам да имам односи на среќа па после уште полошо да пијам од тие апчињата за ден потоа кои се јаки колку овие од цел месец собрани и повеќе можи или скраја било да завршам со бебе што не би можела да го растам моментално. Дали има некој што ги пие подолго време? Дали ќе биде паметно да направам пример 6 месечна пауза? Сексот е дефинитивно преголема одговорност. Никогаш не замислував дека толку комплицирано ќе биде.
Јас ги пијам Јаз сега континуарно скоро 2 години, а предходно Диане е кај нив правев паузи, но јас ради друг проблем ги пијам. Имам пишувано дека имам многу читано за контрацептививе, во смисла дали се штетни итн. Во една статија читав дека може да се пијат до 5 години без прекин и сега се многу подобрени од порано така да ако порано се препорачувало да се прави пауза на 6 месеци, сега нема потреба. Мене лично гинекологот ми рече дека нема потреба за пауза додека ги пијам, но направи си муабет со гинеколокот. Сега нормално не се бомбони ама во споредба со пред 15 години се многу подобрени. Мене ми се има изнаразвикано една докторка ама буквално развикано зато што ги пијам.
Кај некои девојки, да можат да предизвикаат опаѓање на косата. На секоја индивидуално му влијаат. Оди кај гинеколог и смени ги има различни. Може некои други ќе ти одговараат повеќе.
здраво на сите нова сум на форумот ама одамна ве следам само ме интересира едно прашање во врска со таблетиве јаз денес ми е трети ден па ме интересира кога ќе има ефекти за колку време? и се плашам дали можат да го продолжат циклусот? зашто почнав да ги пијам кога ми беше 2 ден од циклусот фала многу и поздрав
Јас ќе се префрлам на Јаз кај и да е, до сега бев дооолго време на Диане. Но како главно правило за сите контрацептиви, првите две недели - месец дена треба да користиш дополнителна заштита (пишува во упатството, провери за секој случај, да не ми се има нешто помешано). За тоа дека си ги почнала на 2 ден, не би требало да е проблем, само придржувај се убаво до наменетата употреба во иднина.
Месецот (или недела-две, ич не ми текнува, види во упатството) кога си почнала (пример, прва таблета ти била вчера, значи броиш од вчера) треба дополнителна заштита. сепак мора д видиш што вика упатството, можно е да ми се измешале некои брзини, да не те носам на совест Инаку мора да се придржуваш со распоредот, да внимаваш што треба а што не треба да правиш додека ги пиеш за да бидат ефективни. Значи, убаво простудирј го упатството а ако нешто не ти е јасно - на гинеколог за појаснување
@драганаск еве некои информации за употреба на Јаз што ги најдов на нет. Упатството е во пдф на линков што ти го праќам. https://lekovi.zdravstvo.gov.mk/drugsregister/detailview/55593
uste ova me interesira mnogu ciklusot ke mi trae samo 4 dena dodeka gi pijam belite tabletki taka? za yas?tabletite?
Не туку циклусот треба да ти започне во тие 4 дена а си трае колку што ти трае во просек. Кога ќе ги завршишш белите таблети, наредниот ден започнуваш со ново пакување, без разлика дали сеуште тии трае менструацијата или не.
@драганаск најважно е да не отстапуваш од тоа како се пијат таблетите. Првиот месец може циклусот да ти биде поинаков од вообичаено но тоа е поради тоа што организмот се навикнува на таблетите. Во рок од тие четири дена треба да ти дојде. Тоа не значи дека ќе ти дојде баш на првиот од четирите дена. Може ќе ти дојде на четвртиот. Ништо страшно. Продолжуваш со таблетите по распоред, како што ти кажа M.laDy.
Има некој како мене тука? од како почнав со контацепција имам многу краток цилус буквално 3дена со 3капки и со 3секојдневни влошки за недела сум на контола на гинеколог баш ке ја прашам и неа мада што во упатството пишува дека е нормално дури и може воопшто да не добиеш
Моја пријателка користи таблети и баш ми кажуваше дека и трае 3 дена и поминува со секојдневни. Е сега дали така треба ,не знам.
Јас кога пиев исто така бев, ми рекиа нормално е, демек секој организам е приказна за себе. Сега не пијам, јбг суша е, летно време
Јас планирам откако ќе родам да ставам спирала, таблетиве не ми се некако сигурни. Не во смисла за заштита од бременост туку по општото здравје. Изминативе неколку години имаше доста смртни случаи од тие таблети, така да подобро да останам трудна него да останете вие без мене