ги испив сите бели апчиња од јазот и ништо од циклусот. Па прашањео ми беше дали да продолжам со ново пакетче јаз или не?дека уште неам циклус
Пред колку време ги испи и на кој ден од циклус почна да ги пиеш? Не почнувај ново кутивче додека не добиеш, во спротивно нема ич да добиеш.
за џабе ги пиев пак ме боли стомакот и се е исто само за џабе парите незнам дали да продолжам да ги пијам вие што мислите?
А за што ги пиеше? Понекогаш не делуваат од првиот месец, треба континуирана терапија (ако си под терапија) подолго време.
Јас мислев ги пие за тоа и што е намената, но кога спомна болење стомак веројатно ги пие ради одреден проблем, па се надевам дека лекар и ги препишал...незнам...ваљда сама ќе каже.
pa delumno na moja raka gi pijam doktorot samo sto mu rekov odma mi gi prepisa a gi piev zasto mnogu stomakot me bolese i mislev deka ako gi pijam nema da me boli i ke mi bide pokratok ciklusot ama ispadna obratno i sega neznam dali da prodolzam da gi pijam i kolku vreme ke treba dodeka da pocnat da deluvaat?da ne me boli stomakot i ciklusot da mi bide pokratok?
За болни менструации ќе си пиеш други апчиња.. За пократки менструации хмм, колку долги ти биле што си се решила на овој чекор? И како тоа докторот ти ги препишал а не те прашал за што ти се? Си ги испитувала хормоните во последно време?
Мене па не ми е верно дека ти ги препишал доктор Каков е тој доктор што ти дава зелено светло за контрацепција а не проверени хормони? За болки во стомак ек си земеш кетонал или слични на нив а овие се првично за контрацепцја е за скратување на циклус да може ама па незнам дали кај сите би делувале така јас имав 7дена обилно сега со 3 дена и 3секојдневни влошки минам
Значи вака цел живот си патам со бубулици.... Уште дека не сум била од Анчевски па до сите за кои сум слушнала и ништо.. Секогаш истот одговор ке родиш дете и ке се реши... Геникологот ми кажа дека десниот јајник ми е полицистичен бев на хормонско испитување хормоните ми се супер значи сите се нормални... Циклусот ми е редовен секогаш... И сега штоо ??? Бев и кај доктор за да проверам да не е на алергиска база но таа ми кажа дека треба да пијам контрацептивни таблети со мал степен хормони и дека ке се среде. Инаку на лицето имам мисетерии подкожни и одам на дерматолог за да ги изадат со игла бидејки на друг начин не може пофкожни се но тие веднаш се полнат повторно...и не постои тоник крема или што и да е што не сум пробала нема ефект ништо докторката ми препорача апчиња микрогинон дека имале најмалку хормони... Е сега ако некоја имала слично искуство или знае лек ве молам кажете ми. До сега не сум пиела такви апчиња и некако ми е страв од штетни последици за понатаму... Јасмин и дејане докторката рече во никој случај дека се штетни. Не знам што да направам... Дали да со препорака на мојот гениколог да почнам да пијам таблети за контрацепција или да чекам да раѓам дете Инаку имам 21год. и веќе ми е преку глава од бубулициве !!
mene me interesira zosto na krajot na ciklusot, deneska mi e 5 den imam kako kafeava sluz od vaginata inace gi pijam jaz sega pred 3 dena go pocnav 2 paketce? fala odnapred na odgovorite i izvinete sto ve zamarav
Кој пакување ти е по ред? Видов погоре се жалиш дека си немала добиено? И дали веднаш си продолжи со нов блистер или прво чекаше да добиеш? Инаку на почеток тоа е нормално со кафеавото.
Пред две недели ги прекинав Јасминот по две години пиење. Првата недела си беше посекако таа што требаше пауза да биде, а од втората недела почнаа некакви симптоми да ми се јавуваат. На кратко ко лудача сум. Сега ми се плачи, за 3 минути ми се смее. Нервна сум многу изразено, емоционално нестабилна, анксиозна. Читав на нет, пишеше дека се можни вакви симптоми по подолго користење на апчињата дури да се регулираат хормоните. Ме интересира дали некоја од вас имала какво искуство?
Jas po 3 mesecno koristenje na primolut nor , se pobudalev ! Ginekologot mi rece deka do mesec dena posle prekinot na lekovite moze da traat tie sostojbi , posle se se vraka vo normala
Женски, ја испив првата кутија Јасмин и добив, но не ми тече како обично туку имам повеќе како исцедок. Од вчера ми е така, денес ми е втор ден. Дали на некој му се има случено или е нормално после апчињата, да знам дали да паничам или не?
Нормално е. Можеш и ич да не крвариш. Три месеци од прилика се потребни за да се регулира се. Не паничи, следи ги упатствата. Почни си ги другите како што треба и евентуално ќе се среди.
Здраво феминки. Нова сум и сакам да прашам дали некој имал искусво со мојов проблем.Пијам Јасмин веќе 6 години за редовна менструација, а не заради контацепција,не ги имам прекинато од почетокот воопшто, препорачани од Ендокринолог, после операција од аденом на хипофиза и сум многу задоволна.Дали постои можност за бременост пиејќи гии дали претставуваат некаков проблем во сксуалните односи?Фали Ви !!!
Дали смее да се пие контрацептивни таблети и додека се дои..И дали може и апче за ден потоа..? Некој ако знае нека одговори