Јaз тaблетите ги пoчнaв нa прв ден oд менструaцијa,тaкa ми рече дoктoркaтa.Вo пaкувaњетo имa 28,дa се пијaт секoј ден нoн стoп.Ме интересирa дaли менструaцијaтa(нередoвнa кaкo вo мoјoт случaј)ќе дoaѓa нa 28ден,зa дa прoдoлжaм дa пијaм пo шемaтa?
Дa,aмa дaли aкo не дoбијaм нa 28ден чекaм,зa дa пoчнaм пaк oд прв ден.Зaштo дoкт,ми рече без прекин се пијaт.Ќе.и се јaвaм пoсле прaзнициве,aмa мислење мњ интересирa.
Пијам таблети јаз ,веке втор месец може да ми се случи да закаснам со пиење на апачето 30 до 60 мин од времето кога обично ги пијам дали сега им се намалило нивното дејство ? И дали некоја од вас и покрај нив останала бремена?
Прв пат се одлучувам да користам таблети и мојата докторка ми ги препорача Yaz, и сега си ја направив бељата на странски страни побарав ислење за апчињата и добив многу лоши резултати, ми треба совет некој дали ги има користено истите и дали има некакви последици? Докторката ми вели дека според неа тиа се најефикасни и дека заштитуваат дури и да сврши внатре во мене, Совет некој?
Не само тие Yaz, сите контрацептивни таблети ги имаат истите контраиндикации. Згрутчување на крвта, ризик за рак на дојка и зголемена влакнавост е тоа што ми текнува од прва. Знам дека има и многу други. Ако нема потреба да ги пиеш не се клукај. Користи кондом - заштитува и од std.
Девојки, сакам да прашам, дали таблетките, ако се пијат редовно се, заштитуваат и доколку имам односи без друг вид на заштита ( кондом), и ако партнерот свршува внатре?
Па да, заштитуваат ако ги пиеш редовно, мислам дека се 99%. Но, ако не ти е сега на план бременост, иако тие се многу добри, јас би ти препорачала да избегнувате свршување внатре, затоа што знаеме дека ништо не е 100% сигурно, иако знам многу случаи каде што со години ги пие жената и мажот свршува внатре, па ништо не се случило. Јас ги пијам за заштита нормално, а и за акни, и можам да кажам дека сум многу задоволна. Можеби претерувам со заштитата, можеби сум многу плашливка, незнам, но тоа е моето мислење.
Женски, ве молам за помош. Почнав да ги пијам Јасмин на 10 декември. Е сега, овој месец на 9ти ми беше последното апче од првото пакетче, значи прв месец ми беше. Сега имам пауза. Вториот ден од паузата ми потече многу малце, со секојдневна влошка бев. Ама кога дојде четвртиот ден, друга приказна. Почнав ептен многу да крварам, почнав да имам болки во јајниците. Еве сеуште имам многу крв. Дали е ова нормално? Колку што прочитав Јасмин нели ја намалуваше болката? И би требало да имаш по малце крв? Читам некои дури и не ни имале. Се јавив кај докторката, но дури во понеделник треба да одам, па би сакала да слушнам мислење од вас.
Ве молам за помош. Здраво девојки. Нова сум во форумов. Морав со некој да се посоветувам, па затоа решив да пишам тука и ве молам ако можете што побрзо да ми одговорите. Не сум многу искусна. Последен пат имав менструација на 8-ми и ми заврши на 12-ти(како и секоја друга нормална). Одма, ден после тоа имав односи со дечко ми и за време на тоа му пукна кондомот. Не беше многу сигурен дали имало нешто внатре, ама за секој случај решив да се напијам норлево(за прв пат). Не ми беше ништо од апчето само ме болеше малце главата и бев многу омалаксана. Не ми беше јасно тоа што денеска пак добив. Ве молам некој совет.
Не ти е за тука мислењето, си има тема за Норлево, се вика Апче за ден потоа, ама не е битно. Една од нус-појавите од ова апче е и крварење. Што совет ти треба? Си испила како превентива, си добила два пати во месец ама тоа е една можните нус-појави.
Како што кажав нова сум на форумот и уште не знаев ни како да прашам, се извинувам. Од толку многу што испаничив не можев ни да читам, само прочитав дека е можна бременост и додека се има менструација и уште толку испаничив
Шансите за бременост при толку пазење се минимални, јас би рекла и дека ги нема. Прво само што ти завршил циклусот, а ако ти е редовен, тогаш не си во плодни денови. Второ, дечко ти не е ни сигурен дека има нешто внатре, па претпоставувам дека не свршил, значи постои мал ризик од предсемена. Трето, си испила Норлево како превентива, па и со тоа имаш мали шанси да останеш бремена. Четврто си крварела, а тоа е една од нус-појавите од апчето. Сума сумарум, шанси да се бремена се минимални, бидејќи не може да има кооооојзнае колку крв а ти да имаш плод во матката. Ама штом си толку несигурна, направи си тест утре.
Ти благодарам многу иначе не крварам многу, а и некако е многу чудна бојата. Повеќе на црно оди и како што реков малку
Како што кажа членката, шансите за бременост ти се скоро невозможни. Си се напила апче, само се надевам дека не го испи многу доцна, дека веднаш утре си се напила нели? Те прашувам затоа колку побрзо ќе го испиеш, толку подобро делува. Иначе, крв имаш како можна несакана појава од апчето, пораметен ти е организмот, ќе ти биде подобро. Бидете само повеќе внимателни друг пат.
Апчето го испив точно 24 часа по тоа. Ви благодарам многу, стварно многу ми требаше нечиј совет, а со оглед дека немав на кого да му се обратам морав тука. Сега не сум толку испаничена
Џабе си испаничена до толку. Бојата не можеме да ја изанализираме. Од сето тоа што го наброја, шанси има ама ептен, ептен минимални.
Океј, уште еднаш фала ти многу само уште нешто.. Тест за бременост можам да направам или е рано? Не знам ништо за тоа. Да не се случи после тоа нешто?