Нема ништо да ти се случи несакано од апчињата, само може да ти помогнат во тоа што ќе ти ги намалат болките за време за менструација, ќе ти намалат акни, ако имаш, и многу други бенефиции за тебе. Јас ги користам, па мислам дека сум направила најдобар избор. Само за жал, кај нас се табу тема, а секоја жена по светов ги користи.
Го поставив прашањето во менструација, ама не добив одговор,па да си ја пробам среќата тука. Дали после престанувањена користење на јасмин таблетите може да дојде до пореметување на менструалниот циклус. Ги пиев само еден месец, ги прекинав и ми дојде, но овој месец ми доцни еве веќе 6 дена. Ме заболуваат јајниците од време на време по малку, и стомакот ми е ептен подуен. Не знам дали да одам на гинеколог, бидејќи минатиот месец бев се беше во ред или да почекам уште малку. Ве молам ако некоја имала искуство или знае нешто нека шише.
Сега читнав во темата и малку на google. Читам као нешо 23 канаѓанки умреле од Јаз и Јасмин таблетите. Овде сите сте со различно искуство. Кои се уствари најдобри?
Stress level 1637292910283737291 Како што знам најдобри таблетки се тие тебе што ти одговараат и треба да бидат препишани од гинеколог, со претходно испитување на незнам што точно. Нема универзални. Ако грешам нека ме поправат членките. Ама јас кога размислував за овој чекор наидов на ваков одговор и се откажав..
Во глобала,после 2-3 дена одкако ќе се прекине со апчињата е нормално да ти дојде. Но сепак,секој организам делува различно,мене секогаш после два дена ми доаѓаше,но исто се случило да ми дојде и после 5-6 ден. Значи почекај неколку дена,и ако не добиеш оди на гинеколог,нај арно ќе ти биде
Тие што ги пијат Јаз, дали е нормално обилно крварење при менструација во првите месеци? Кога ги почнав имам кафеав исцедок 2 недели па сега ми започна циклусот но доста обилно? Ми е страв не знам дали да се консултирам со гинекологот или само паничам
@MayDiamonds Циклусот би требало да биде послаб затоа што помалку се здебелува ѕидот на матката. Колку обемно е тоа обемно? Според мојата апликација за следење на циклус треба да се јавиш на лекар ако за 2 часа успееш да наполниш 2 нормални влошки или тампони или ако крвариш постојано 7 дена. Мислам дека во упатството пишува дека првиот циклус може да бидр поинтензивен, ама јас немав такво искуство.
Пиев примолут нор и еве денес 11ден а јас уште немам добиено..Лицево никогаш вакво не ми било акни болни внатрешни дали е до тоаа..Искуство..?
Оди пак на гинеколог, можеби треба да продолжиш да ги пиеш, обично по 3 дена се добива од нив. Можеби има некој друг проблем, оди види. Акните ако ти се во пределот на брадата, вилицата и долниот дел на образите се од хормоните. Ако стојат со денови и не минат, исто така се од хормони. Земи го ова на Афродита, мислам околу 300 денари е, ќе ти ги исуши побрзо, внимавај да не ти останат флеки отпосле, хормонските акни се многу терсен работа. http://www.cydoniamakeup.com/wp-content/uploads/2013/08/DSC01052_.jpg
Јас од ДМ го земам, само на акните се става и веднаш ги суши. Мислам дека го има и по аптеки, да. Ама оди и на гинеколог, додека не ја решиш внатрешната причина, пак ќе ти излегуваат акни.
Zdravo lugje sakam da ve prasham dali piete b6 pokraj Jaz tabletite? Zatoa shto jas pijam i Jaz i Eutiroks za tiroidnata. Porano piev redovno b6 bidejki mi pomagaa okolu stresot i mnogu dobro se osekjav so niv ama sega mi e strav da ne mi dojdat mnogu lekovi za pienje, iako ovie se vitamini pa ne bi trebalo shtetno dejstvo da imaat pokraj drugive tableti.
Можеш, дури и препорачливо е да пиеш витамини додека пиеш контрацепција. Не знам дали смееш да пиеш контрацептивни ако имаш проблеми со тироидната... За која цел ги пиеш? Едит. Интернет вика смееш, само може да треба да ти се прилагоди дозата...
Имам неколку прашања во врска со контрацептивните пилули. 1. Дали навистина не можат да се купат без упат од матичен? 2. Цена на една кутија колку е? 3. Колку време може да се користи една кутија односно со еден упат колку време може да се биде заштитен? 4. По првата пилула, односно по првиот пат кога ќе се земе апчето, сигурно не може веднаш да се има секс без друга заштита така?
1.Можат без рецепта, јас Микрогинон пиев извесен период ради сасвим друга намена без рецепта ги земав секогаш 2. Микрогинонот е 156 ден 3. 21 ден со 7 дена пауза, значи една доза ти е 28 дена 4. Не, дури после еден месеци си целосно заштитена